Ама незнам.. Марче убавецу,мил си ми,многу добро те знам и знам каква човечност поседуваш. Јас никогаш не велам никогаш,ама сега не,рано е .
Шо направи бе,плавуш ни еден? Пак ли играше кошарка,и си ја свитка ногата па сеа нема да мрднеш од дома,а? Ако ако,така ти треба,вечер нема да можеш да играш на натпреварот
Едно од оние кои ми стојат во потписот. If you're not too long, I'll wait here for you all my life. Чудо како си добива на значење токму ова.....
Ќе те замолам да престанеш да ме правиш љубоморна. Прво, нема да дозволам да допре тоа до мене и мудро ќе те игнорирам додека не престанеш. Нема да те предупредам, туку ќе чекам да видам дали ќе ја преминеш границата. Веќе вториот чекор повеќе ќе те боли. На суптилен начин ќе ти го правам истото, ќе излегувам без тебе, нема да знаеш во чие друштво сум, а ако треба и ќе бидам поотворена во контактите со други личности. Ама тогаш, немој да си ми префрлил нешто, зашто сам го почна ова. Ако јас се ладам кон тебе, ти си заслужен и не мораш со други форми да ме тестираш за да чекаш реакции и емоции. Што си бараш, тоа ќе си најдеш.
во моментов кога ми фалиш и кога со се се сакам да сме нај супер.. те сакам ждребе мое те посакувам да си кај мене цело време сакам да те гушкам и гледам тебе и само тебе како она што си кажувавме твоја сум твој сум само да знаеш колку ми фали кога бевме блиску кога се каравме и миревме кога шетавме за рака кога јадевме............................... ..................ТЕ САКАМ! ВЕЧНО!.. ако му го кажам ова ке кажее лелеее да не се опијана ти
Мразам кога седам дома сама а ти си на работа. Досадно ми е сама, а особено ден НЕДЕЛА.... Не ми се оде кај свекривата кој ќе ја слуша како уфка, туфка и шо ти знам шо праве там. Сакам да си до мене, сакам со тебе да го поминам денот. Мисс ју те бре теле мое
Многу си глуп! Си си ветил нема да бидеш со девојка со очила. Ахам, јас ќе ставам леќи него тебе коса нема да ти порасне.
При самата помисла дека ќе те видам ми прелетуваат пеперутки низ стомак .Зошто сум толку слаба на тебе????
Ова беше врвот вечерва. Премногу ме разочара...се обидов верувај на секој можен начин да ти угодам,да се сложуваме,се обидов едноставно да имаме еден поубав почеток...но сфатив дека тоа кај тебе не е возможно.Премногу си себичен,голем егоист,секогаш ја префрлаш вината на мене и стварно незнам како ти успева тоа. Ме правиш будала мене а всушност не сфаќаш дека секој ден со тоа се повеќе ме губиш... Повеќе меѓу нас ги нема истите чувства...веќе е присутна и омразата. После ова денес навистина незнам дали би се осмелила некогаш да ти речам ДА. Ја загуби довербата кај мене и се друго. Да никогаш не сакав да имам дечко ист како татко ми,но за жал ти си потполно ист како него,а јас таков живот несакам...
За прв пат плачам затоа што некој не ме сака.Овие се првите солзи исплакани за некој,за некој што не му значам воопшто. За некој што кога ќе го чуе моето име прави гадни гримаси,му доаѓа да поврати. за некој кој што знаев дека е тако,а сепак трчав по него.За некој на кој воопшто не му се допаѓам.
Фала ти за прекрасните моменти поминати заедно,за секоја насмевка,прегратка,бакнеж. Фала ти што ме направи нова личност и ме натера да верувам во љубовта.Ми подари прекрасен викенд и сакам да има уште многу вакви, никогаш да не престанат. Се надевам дека цело време ќе ни биди вака без карање и нервирање,само убави моменти да имаме.Те Сакам Најбескрајно Љубен Мој
Фала ти што на овој или оној начин си присутен во мојот живот. Те молам не си оди. Барем не толку брзо. Во мојот живот си нешто слично како Coldplay. Не ги слушам секогаш, не ги слушам често, но кога ги слушам, тоа е една од најдобрите работи што ми се случува во тие три,четири минути.