Ако не те бендиса мусаката , толку ќе се налутам што ќе мораш да идиш по мене и тоа по коленици и да ме молиш за прошка
ми викаш оти не ти кажувам убави зборови,те сакам,ми фалиш,ми требаш и се тоа!.. па како кога секогаш зборуваш за околу и секогаш тоа не кара?... а да не те интересира ништо за никој освен нас,тогаш ке имаме време да си кажеме што си чуствуваме така да знаеш!.
Потајно се радувам кога ме охрабруваш дека секој колковиум/испит било за мене пи*кин дим, демек одма сум го совладувала, ама не ме укоражувај толку, ќе сносиш последици!
Кога моите не се дома за прв пат во нашата 1ипол годишна врска, кога едвај чекав да ти се јавам да дојдеш кај мене, ти ми кажуваш дека неможеш? Да видам кога следен пат ќе има ваква прилика.
Крај е разбери, доста се распрашуваш преку мои другарки со кој сум, дали се мувам или сум започнала врска, тоа не е твоја работа, престаниии!!
Аман више со таа твоја љубомора, престани со твоите сцени и престани да ми кажуваш што е добро за мене а што не.. Колку само да знаеш доволно сум возрасна да знам што е добро а што е лошо... Дете си бе, недозреано... Или ке се опаметиш или засекогаш ке ме изгубиш..
Страв ми е од времето што иде... Денес сакам да се исплачам, а ти да ми ги избришеш солзите. Денес сакам да си ги искажам сите тежини, а ти да ми кажеш дека се ќе биде во ред. Денес сакам да сум до тебе, а ти да ме гушнеш, онака најдобро како што знаеш.. Денес сакам да сме на некое многу поинакво место, каде што ништо нема да ме грижи, каде што иднината нема да ме плаши....
"Ќе ти покажувам секој ден колку ми значиш"- Тоа беа твоите зборови. Аха, да, гледам колку секој ден покажуваш. Јас некна со љубов направив за тебе доручек, ја наместив масата за нас да седнеме да јадеме , ЗАЕДНО, а ти што направи? Спиењето ќе ти избегаше на тебе.. И на крај за се ме кривиш мене, како јас не сум сваќала колку ти си бил изморен. А ти сваќаш ли и гледаш ли што се јас правам за тебе,м? И зошто кога ќе ти раскинам и кога ќе почувствуваш дека можам без тебе тогаш ми ја даваш целата љубов и целото внимание на светот? А кога јас ќе си помислам дека се ќе биде во ред, почнуваш пак со старата песна? Искрено да ти кажам убаво ми беше без тебе, да убаво! Не можам да поднесувам болка повеќе, не можам да ронам солзи затоа што ти немаш време за мене. Извини, но кога вистински се сака целото свое внимание се посветува на личноста која ја сакаш. Ти кажав и вчера дека жените сакаат внимание. Но веќе не ми треба твоето внимание. Сега ќе ја играме твојата игра. И јас ќе размислувам малку повеќе дали ќе правам се за тебе и дали ќе ти го посветувам цело мое внимание. Сега ќе почувствуваш и ти како е да си на крајот на листата. И не, оваа не се само зборови,ќе ти покажам дека можам без тебе!
Ој бе лепотану,и ти ли си водолија во хороскоп? Мх,мх,се надевам ти ќе бидеш некој што конечно ќе ме разбира и нема да ми се чуди за некои работи П.С: Се надевам дека ти е доста што си симнал 100 кила (море овоа твоево да не е и повеќе ),немој да продолжиш да слабееш,оти тогаш ќе бидеш преслаб и за мене.
Не излегувам повеќе низ град ,ниту на кафе ,ниту на прошетки,ниту по дискотеки ,за да не се сретнуваме повеќе низ улициве и ти да можеш слободно да си уживаш оти заклучив дека не можеш да ме гледаш па бегаш ,си ја вртиш главата на страна како да сакаш да кажеш ми се гади од тебе ,се надевам ќе ти се направи кеифот на ку*рот што ќе ме гледаш уништена ,барем да ми кажеше што лошо ти сторив ,барем да дојдеше еднаш како маж да кажеше крај е не те сакам,не сакам да бидам со тебе,барем да ме исплукаше...колку само бедно звучат сите оние работи што си ми ги кажал ....ти благодарам за сите понижувања .