Знаев дека си душичка најголема. Не го очекував ова срценце од тебе,толку ми ти помина лутната и инаетот?! Баш ми е мило. Да,да не очекував прв да ми речиш здраво,нели лути бевме.Хахаха и после 1 недела се' ми ти помина.Не рекле за џабе : Трпение-Спасение. ТЕ САКАМ ЗАЈАЧЕ МОЕ НАЈУБАВО НАЈМНОГУ!
Со ваков морон ко што си ме нашол, секако дека нема да ти биде лесно. Немој да мислиш дека не ги приметувам ситниците што ги правиш за нас, т.е за мене. Приметувам, и убаво ми е се разбира. Ме боли што гледам дека те боли зошто мислиш дека ниту ценам ниту почитувам нешто и дека се убаво закопувам, а не е така, иако така прикажувам несвесно. А баш напротив секоја убава работа ми е врежана во срцето, а се што било неубаво е закопано негде таму, длабоко. Да, јас не изразувам премногу емоции во живо со зборови, порадо би ти напишала нешто, но не значи дека не чувствувам со целото срце и душа. А и ти си таков, па немаш право на бунење. Мислам дека кога би прочитал нешто од тука што е посветено на тебе ќе се зачудиш, но немој, ме познаваш, ме гледаш во очите и во истата секунда препознаваш ако сум тажна, со неколку зборови можеш да решиш се... ми ја даваш целата сила што ми е потребна. Мислам знаеш има една изрека, ако можеш девојка да ја насмееш додека плаче, знај дека можеш се. Кај мене никој не го може она што го можеш ти. И да, можеби не сум ти кажала, но уживам и само додека лежиме, во твојата прегратка, па еј будалетинко една, зарем до сега не си сфатил дека твоите раце секогаш ќе бидат моето најбезбедно место? Секогаш кога ме галиш по грбот и намерно ќе ме скокотнеш јас сакам да го замрзнам тој момент. Колку и да е лошо кога сме одвоени, кога ќе се споиме, не постои ништо посовршено. и тешко е за објаснување, и мака ми е од обиди да се објаснам на луѓето што не разбираат, ама убаво викаш ти, што се битни другите, битни во врскава сме само јас и ти. А додека помеѓу нас има љубов, за ништо друго не ми е гајле, се што ќе донесе животецов, се ќе поминеме. и нема да ми е страв, се додека во очите твои се гледам себеси, и се додека можам да ја препознаам бурата од чувства што ја имаш во себе, без збор да кажеш. А тогаш, кога тишината ќе ни биде непријатна, тогаш ќе се запрашам дали нешто не е во ред. И да, ете утре ќе ти стокмам една пица каква што ја сакаш, и ќе биде облик срце, дури и те сакам ќе ти напишам. Да си паднеш на газ од убавини, само те разгалувам теле едно и ти после вака така на мене.
Два дена те нема да се јавиш,ни да титнеш,ни да пишеш ? Знам дека немаш кредит,но тоа не е оправдување!!!!! Незнам,стварно незнам.. Ме подзаборави ли? Има ли некој проблем? Јас незнам,се мислам дали утре да ти се јавам,да видам што и како..или уште да си чекам и да си правам 300 филма у глава?? Ке видиме утре ..
сакам сега да си до мене, да ме гушнеш силно, да ми ги избришеш солзите и да ми кажеш дека утрото е поумно од вечерта...да си легнеме заедно, да ме покриеш и потпирајки ти се на рамото да заспијам спокојно, зошто што и да кажеш ти верувам. Штом ти веруваш во подобро утре, сигурно ќе дојде. Знаеш, преку глава ми е и од твојот факултет, испити, колоквиуми, од моето школо, небитни фаци, тензиите дома... само сакам да отидеме негде. Сами, јас и ти, да се одмориме од се! Сакам да поминуваме повеќе време заедно. Ми недостига времето поминато со тебе.Имам незаситена потреба од тебе...
Значи толку многу ме нервираш со тие твои глупави размислувања, како дедо ми да го слушам. Во кој век живееш човеку, прекини да бидеш толку напорен и ограничен. Кај врска нема уште па се сили. Не ти попуштам, па што сака нека е.
Извиниииии ама неможев во моментот тоа да го направам! Ти скршив филм знам и тоа многу ама не ми се свиѓаше ниедна од сликите пааа! Аххх како само ќе ти се оддолжам ни самиот не си свесен,ги бројам деновите!
3 најубави години Фала ти за сите моменти поминати заедно на кои секогаш ќе се сеќавам Кога ќе те видам нема да те пуштам од гушки и бацки
3наев бре дека ќе се јавиш, со твоите срцепарателни рецитации како ти фалел мојот глас а . Tе знам јас тебе убаво дебели, баш ми е ќеиф така што ми дојде со превиткано опавче,AAA мислеше на мене цело време а? 3нам, знам познато ми е
Денес особено многу ми недостигаш! Ми годеше муабетчето,а и сакам пак.И повеќе.И да разговараме за се.И сакам повеќе време за нас.Сакам само да сме негде сами,да те гушнам и ништо друго... Знаеш и сам дека те сакам само тебе,ама ќе ти кажам и покажам уште милион пати.А и мислам дека сфаќаш САкам да правиме многу повеќе еден за друг.Едноставно да имаме време за нас и да ги почувствуваме присуството и љубовта.
[СДК] Сакам да кажам... Те сакам Дебели! Повеќе од се на светов! <3333333333333 http://www.youtube.com/watch?v=g8z-qP34-1Y
Знаеш што?! Многу ме нервираш жими мајка. Поарно шетај оди негде работи, војска замини отколку овде во градов да ми седиш. Глупак еден. Кога ќе сфатиш дека машко на 22 години може да прави поубави работи отколку цел ден да се вози низ град и тоа сам? Абе не ме заебавај. Дај кажи жити се што задоволство ти претставува тоа што вечерва од 10 до 12 се возеше? Ехх глуп машки род.
аман веке опрај си ја главата, си докажа дека ме сакаш и дека правиш се, ооок, ајде сеа почни да користиш убави зборови да ми улепшаш ден, па не си нем *баго, ми фалат цуц-муц муабти, женче сум нели гледаш колку сакам