Ако сега не научиш и не положиш, ќе те претепам, ама така убаво за да ти дојде памет. И не ми викај учам, знам дека учиш, ама нема да праиш по 5 саати пауза на секој два саати.....Како и да е ќе ми фалиш денес да знаеш!!!!
... ти си моето пролетно ветре, најмеката прегратка и мостот каде за првпат се спојуваат моето срце и мојот разум. Од милина сакам да те гризнам, да ти ги бакнам тетовираните крилца, да те привлечам кон себе и никогаш да не те пуштам. Со мене да ја заборавиш детската наивност и за првпат да страдаш и да сакаш. Ти си мојата тинејџерска љубов, скокотлива и лесна, ма како Шаде да ја слушам цело време; мојот Коен, мојот Марк во доцните часови; првата утринска мисла и последниот бакнеж на крајот од денот. Да спакуваме се и да летнеме на Тахити, во едно мало куќарче покрај плажа. Да заспиваме крај брановите, да постоиме под вечното сонце, да ме осветли денот со тебе. За да си ја зачуваме љубовта како таква. http://www.youtube.com/watch?v=9EuVr5t9Sq8
ти го видов твојот автомобил, но не и тебе и за срека што не те видов оти незнам што ке направев ми доагаше искрено да ти ги дупнам гумите па ај да те видам вози
Ти имаш способност да зборуваш без зборови,ми праќаш такви погледи кои што ме топат.Иако сме одвоени со километри јас секогаш те чувствувам дека си до мене и знам дека си спремен за мене да направиш се!!Го сакам твојот глас кога ќе ми се јваиш и ќе ми кажиш мало те сакам Ти на посебен начин се справуваш со моите фрустрации и проблеми,ме трпиш иако знам некогаш да сум лоша,.Кога ти сум во прегратки преовладува чувство кое што не може да искаже со зборови.Секогаш кога ме држиш за рака и заедно си шеткаме јас лебдам. Ти си најразумниот човек кој што сум го сретнала и на посебен начин се однесуваш кон луѓето, така што тие се чувствуваат како да се богови.
јас сум таа што сум,ако ме сакаш ке те сакам ако не тогаш кажи и да се знае што ке биде... не мораш да ми кажуваш такви зборови кои ме повредуват... те молам внимавај со мене немој така!.. да не зажалиш еден ден но да ти биде доцна за тоа
Сва среќа што го немаш карактерот на твоите, онаков каков што го опишуваш. Да го имаше, ќе бегав ко од чума од тебе. Многу ми е страв за тоа што следи во иднина. Дај боже да се осамостоиш што поскоро, дај боже да останеш читав, и со самодоверба покрај сите омаловажувања и падови. Ветувам дека ќе стојам покрај тебе, секогаш. Најсреќна сум кога ти подарувам насмевки во вакви моменти кога си тажен и исфрустиран. Те молам, немој тие зборови да те повредуваат. Немој нервозата да те совлада . . . Сети се дека вредиш богатство!