Матуф си знајш? Знајш е ептен ме пресмеа денес со твоите зелени тресења како што си велиш ти ах брее со душа чекам да дојдиш пак и да те изгрицкам цел, сега нема да имаш повеќе часови и децата нема да ти се смеат ако си грицнам мааааааалце повеќе од вообичаеното.Сладок ми си и морам да те грицнам,од шо те сакам и ми си мило најмило па ке те грицкам
Ми фалиш иако не поминаа ни 24 часа откако отиде. Ми фалеше твоето добро утро сабајлево. Ќе биде уште едно тешко лето без тебе.
Фала ти за прекрасниве 10 месеци и 2 дена ... за подарокот од пред неколку дена. Ме изненади и тоа го направи 5 пати поубав. ... за денешниов ден. ... за преубавата вечер пред 4 дена. ... за другото, лично ќе ти се заблагодарам Те сакам.
Ова "Те сакам", од сите кажани досега, ме стопи најмногу. Можеби дека ми е тешко и сакав да го чујам, можеби зашто најмногу почувствував искреност и желба да го кажеш. Онака детски, развлечено... Те сакам и јас.
не сум добро иако ти викам дека сум,.... знаеш ти за што е поточно,но изгледаш дека си заборавил или не ти е толку важно
Утре ти е роденден..Хм не знам што би сакал да ти купам,но само едно знам ќе те осипам со бакнежи и гушки.Поклон утре ќе ти купам,и ќе има од мене едно мало изненаџење Те сакам
Како ти успева секогаш кога ќе ти речам дека е крај со нас да го пронајдеш патот до моето срце? Во моментот кога одлучно заминувам од тебе ти тргнуваш по мене и правиш се за да ме задржиш покрај себе ? Како ти успева секогаш кога ти се лутам да ми украдеш насмевка од лицево ???Твојата прегратка ме смирува,во твојата прегратка се чувствувам најбезбедно ...се надевам ќе ни потраат овие убави мигови .Овојпат се зависи од тебе јас сторив повеќе отколку што треба ,сега на тебе е ред да сториш се за да ме задржиш покрај себе.
И шо си и рекол на мајка ти? Се гледаш подолго време со едно дете со црвена коса и пеги. Ах бре глушец.
Сакам да купиме од омиленото ни јадење, да си купиме сок, и од омилената милка, да седнеме во кола и да се возиме до некоја река или нешто слично, на меко кебенце да легнеме, да зборуваме за се и сешто, да јадеме и пиеме а потоа само да ќутиме гушнати без никој околу нас... Сакам да те видам и гушнам, или бар да ти се јавам, ама ќе си речеш што се поремети оваа денес 6 пати се слушнавме плус не сакам да помислиш дека те проверувам додека си излезен со тоа другарите, затоа уживај а јас вечерва сама или со некој филм ќе си се сносам со романтикиве што ме спопаднале
Не сум ти тебе лута. Ти си сепак само машко. Лута сум на себеси. Како, КАКО можеше да дозволам ти да ја имаш контролата врз муабетот? Тоа ми се нема случено. Освен ако не сакам јас, колку така, да си дигнеш его, ништо посебно. Али ова не го очекував. Кога сум заборавила да дејствувам..? Како тоа можев да го заборавам.. ? Останав шокирана од себеси. Не бев за вака. Каква глупача испаднав,леле ќе се отрујам. Иди у пичку матер и ти и се твое.
Поминав на тоа место денес. Тогаш беше студено и влажно. Дуваше, косата ми беше разбушавена. Се смеевме на сиот глас. Треперев, бев во исчекување, знаев дека нешто ќе се случи. Се сврте и ме баци страстно и кратко. Потоа ме гушна, ми рече дека сум нежна како балерина и дека имам сладок вкус. Ме фати за рака, одевме, потоа повторно ме баци. Овојпат подолго и поубаво. Се гледавме во очи, ме гушна пак. Совршен почеток и крај на една убава, доста хумористична и романтична приказна. Сега јас на еден крај, ти на друг. Помислив и се понадевав дека утре можеби ќе се видиме, и ќе си прочитаме од очите што сме и каде сме сега, ама ти си толку далеку. Ти си во мојот омилен град, а јас во твојот омилен град. А можевме да ја дишиме заедно http://www.youtube.com/watch?v=KairmsARpyo
Ми недостига времето кога не можевме да се разделиме еден од друг и кога ништо друго не ни беше важно, само НИЕ. Сега тоа НИЕ не е толку силно. Сега секој кој би сакал би можел веднаш да не раздели.Ти многу претеруваш со твојата љубомора, јас претерувам со тоа што никогаш не сум задоволна секогаш сакам уште и уште и уште. И не ми е јасно зошто не сакаш да го поминуваш времето со мене? И зошто кога сме заедно е толку.. да не кажам.. досадно. Некна едвај два збора си рековме додека седевме на кафе. Што ни се случува? Зошто оваа толкава оддалеченост помеѓу нас? А само кога ќе ми текне колку се сакавме.. Сакам да се врати тоа време. Болно многу сакам да се врати. Јас уште те сакам како првиот ден.