Ех што не си вака разположен ко денес,па да не се мислам ова ли е она ли е...Малце ме изнервира преѓе,престани да ме провоцираш! Значи додека не испровоцираш да видиш дека ќе се налутам,неможиш! Аман веќе! Ко ќе немам нерви после по тебе ќе викам,ќе видиш ти убаво! На старини се враќа тоа Тогаш ќе немам нерви и трпение како сега,ако продолжиш сега да ме живцираш. Нема врска...Утре ако има Господ,ќе имаме некоја шансичка да се видиме Ќе поминиш? Ај поминииии! Ако има време,ќе се натажам ако не се видиме...Ако нема тогаш ок,ќе те чекам ко ќе си одам за Бг. Абе сакам да си заспивам покрај тебе паааа,да ме галиш по косичката како порано и така да заспијам.Никогаш нема да го заборавам тоа,никогаш! Ќе се умилкувам како маче покрај тебе,ќе се стуткам како клопче,а ти ќе ме гушкаш...Одвај чекам да дојдат пак тие моменти.А да,треба и за одмор после да зборниме.Па нели заслужуваме време само за нас? Се надевам да го оствариме тоа. Ајде,ќе издржиме уште малце,нели? После денешниот муабет знам дека нема да се откажиш ТЕ САКАМ!
http://www.youtube.com/watch?v=-iinFsJW ... re=related Прекрасен си и премногу ти верувам и честопати размислувам дека не може да постои некој подобар за мене..
Сакам да те прашам дали си свесен дека ако некогаш за некоја работа имав едно размислување сега имам сосема спротивно? Се чувствувам убаво знаеш,исполнета сум,кафето со тебе и муабетот ми изнуди многу насмевки. Сакам да знаеш дека не сакам повторно да се преокупирам со нешто,сакам лабави дружби и не сакам ништо сериозно. Марко,згоден си бре,ама сега јас сум многу незгодна со моите размислувања за некои работи.
Aко нешто мразам на овој свет, тоа би била површноста и неблагодарноста! А, ти мил мој, ги имаш и двете во себе... И тоа во изобилство!
би им кажала на бившите -ти бе,СО КОЕ ПРАВО ми пишуваш дали сум слободна за да се видиме-пред неполн месец дена кога ти пишав за возашка, ме испрати каде што не треба а пред 3 дена кога ти ја видов колата, се тресев од нервоза, ми доагаше да ти ја искршам-или барем да ти ги дупнам гумите, и да си најдеш некоја проститутка, оти само такви заслужуваш гнасо една мизерна -ти бе, ПРЕСТАНИ да ми звониш да се видиме, и престани да се врткаш во центарот на градов-најди си некоја од кај тебе, и изгуби се-кај ти текна пред неколку дена на мене не ми е јасно со што заслужив јас да се расправам со кретни и ропаци еднаш во овој живот решив да бидам сингл, и еве што се случува, проклетство
Си ме барал а Ќе ме бараш ама дали ќе ме најдеш. Јас ти реков убаво немој така ти пак бркаше по свое епа сега си заслужи.
Ти си ми најголема утеха... Порано ми беше незамисливо да зависам од други и јас сама на себе си бев најголема потпора и најомилено друштво,но сега едноставно зависам од тебе и од твојата енергија. Тоа е тоа. Фала што постоиш. Don't leave me here to pass through time, Without a map or road sign. Don't leave me here, my guiding light 'Cause I, I wouldn't know where to begin...
Ти фалам а? Е па и ти мене ми фалиш ама нече мочи! Нели вака е по интересно? Специјално дојде на 1 минутка, а и тоа можело да се направи...Ах муце мое, ќе ми ти го ставам умчето на место
Вчера се извади што се извади , ама денес има да го оствариш она што требаше вчера, па не знам што да е Нема кај да бегаш вечерва
чуствував дека имаш нешто знаев знаев знаев зошто вака пак зошто? таман ке пробам да заборавам од минатиот пат и ти пак вака?!/... а нели мене ме избра за се?пред сите?-тогаш зошто вака тогаш зошто??: толку тешко е да направиш нешто за нас,па машко си или што?-мене не ми беше тешко 3 год да правам се за тебе а тебе тешко ти е знаеш и сега пред свадба ова не треба да се случува,ме правиш во последен момент да оставам се,се баш се...ма згора над се и што те сакам... па и плус тоа се правис наивен,ке ме изнервираш се и на крај ај душо цао лелеее дупло да ти се врати ова нервоза и на тебе,ова патејне,ова болка од внатре... и ти да патиш по мене ама дупло повеќе Spoiler бидејки секогаш повеке кажуваш а никогаш не било така
Во врскава поминав низ три фази. Прва, ги гледав сите разлики меѓу нас, ме плашеше твојата несериозност, желба само да се забавуваш, неодговорност, негрижа за себеси, страшна некултура и отсуство на манири. И тогаш ми изгледаше како толку далечен, се оптоварував дали има иднина за нас, дали го направив вистинскиот избор. Љубовта беше секундарна, предност му давав на здравиот разум. Втора фаза, те гледав си заљубени очички и ми беше небитно се` погоре наведено. Твоите мани за мене се претворија во доблест, дозволив да ме обликуваш, дозволив да ти се прилагодам, да се опуштам, да сфатам каков е начинот на живот што го водиш и да го разберам начинот на кој размислуваш. Толку многу те сакав, што пукав од љубомора кога ќе се спомнеше твоја бивша и твои контакти со неа. Го барав цело твое внимание, се лутев за ситници, зашто сакав да ти бидам најбитна и ништо друго да не те интересира повеќе од мене. Сакав да ги окупирам твоите мисли постојано. Трета. Љубовта не е ништо помала, но размислувањето се врати. Но не за твоите мани кои веќе ги прифатив. На моменти можам да те гледам на сосема поинаков начин, објективно да ги проценам твоите постапки. Твоите црти на лицето кои со тек на време за мене одразија ја совршеноста, можам да ги разгледувам и од друга страна. Ко да можам да се поделам на две личности. Двете се заљубени во тебе, но едната знае понекогаш да ги тргне чувствата на страна и да си биде личноста што отсекогаш била. Способна е да те сака најмногу на свет, но кога ќе постапиш погрешно, нема туку така да премине преку тоа, туку јасно ќе го изнесе својот став. Нема напади на љубомора, опседнатост, опсесивност. После толку време и` е јасно дека ти само создаваш слика на себе која сакаш таа да ја види. И бидејќи веќе сфатив дека во тебе не можам да гледам некој идол, слепо не верувам на твоите зборови. За мене не си човек што проживеал многу, што го сакаат многу девојки, е многу мудар бидејќи учел од искуствата на другите. Не се чувствувам веќе како потчинета или помалку вредна во врската. Не чувствувам дека јас треба да се трудам поради недостиг на искуство. Оставам да ме сакаш таква каква што сум и да не се трудиш да ме менуваш. Ова ми е најубавата фаза од заљубеноста, знаеш? Конечно си го повратив мојот карактер, а од друга страна не се оптоварувам со сето она што не дели. Уживам во нас, различностите не ги забележувам. Не те сакам поради тоа што некогаш си ме инспирирал и си ми се прикажувал како многу паметен, туку едноставно.... те сакам. Велеа дека ако некого сакаш и не знаеш поради што, тоа е љубов. Баш така се чувствувам. Веќе не те сакам поради нешто што можам да искористам од тебе - да ме забавуваш, бодриш, опушташ....туку само си дозволувам да те сакам, а потребата од тебе се научив да ја контролирам. Те сакам кога си со мене, но совршено добро ми е и кога сме одделени. Сакам кога те правам среќен, но не чувствувам дека е моја обврска да го правам тоа. Не создавам тензии, притисоци, не сакам да очекувам, не сакам да зависам од тебе. Не сакам да живеам во страв дали ќе и се вратиш на некоја друга, дали друга ти е попривлечна. Се` ти дозволувам, но не од што сум фина, туку немам потреба да те поседувам веќе. Сигурна сум во твојата љубов, не ми пречи твоето минато, а нема ни зошто кога твојата иднина сум јас. Ако ми отстапиш место во неа, во ред, а ако со тек на време нешто се измени, ќе се носам со било каква одлука. Нема да се заморувам со тоа што ти се допаѓало, како повеќе да ме сакаш, да размислувам дали сум ти најбитна, дали можам да имам доверба во тебе. Овојпат те сакам на еден совршен начин. Начин кој ми овозможува да љубам и да бидам среќна. А ти за себе ќе се грижиш самиот.