Tрпение спасение Aјде уште малце ќе дојдам, ќе си спиеме заедно ќе си се бањкаме и ќе си уживаме, орајт и ќе учиме , Aма ајде колку хирови си ми исполнил, морам да ти се оддолжам и ќе решаваме задачки математика, дебело едно
Изгледа грешката беше во мене што не те замарав на секои 5 минути со прашања кај си, со кој/а си, што ти допуштав милион пати да ме извисиш и пак да не се лутам, што не се лутев за глупости, што не флертував намерно пред твои очи за да видиш колку сум посакувана, што не те правев љубоморен, што никогаш не те напнував со љубоморни испади, што не се лутев ако задоцниш 2 часа!!!, што не се лутев ако ме откачиш мене заради другарите, што не те напнував да бидеш постојано со мене, што не ти ги мразев другарите, што буквално секогаш бев тука за тебе, што се однесував човечки кон тебе а не ко некоја нафурана тинејџерка, што не барав многу од тебе-само да те видам, што никогаш во животот не дозволив да ми платиш за нешто, што никогаш не те оставав на цедило, што не се лутев за секаква ситница или глупост, што ја разбирав ситуацијата во која си и во која сме и не барав од тебе чуда да правиш, што не ти се лигавев, што не ти плачев за секоја глупост што ќе ме снајде, што те прифаќав таков каков што си и што не сакав ништо да смениш. Да, требаше цело време да те држам под контрола, да не смееш да помислиш а не пак да погледнеш друга, коментирање е веќе научна фантастика, требаше на секоја твоја најситна грешка да реагирам хистерично за да ти биде страв да ми згрешиш нешто повеќе изгледа. Требаше да бидам од оние хистерични девојки што не можат ни 5 минути без дечкото, да се лигавиме по цел ден на телефон да не можаш ниту едно кафе да испиеш на раат со другарите, ма да не можеш до ВЦ да отидеш без мене!!! Глупак, и јас потрошив 4 години на тебе. Да, денеска не треба да бидеш фер кон никого за да добиеш малку почит, за љубов само најупорните. Ах бее, да можам сега да се вратам на денот кога јас и ти се запознавме, и да скршнам од патот!!! Криво ми е што те сакам и што знам каква сум, нема лесно да те заборавам, а пак за некој друг додека да можам така да се отворам ќе помине мнооогу време, криво ми е што за таков идиот ко тебе ќе се нервирам и буквално ќе си ја трошам младоста! Цркни!!! По кој пат јас ќе плачам заради твоите глупости, па не ли е време и ти малку да почуствуваш нешто? Ама не, ти си безосетник, до тебе ништо не допира, или можеби не вредев јас до толку. А ти Т., ах Т... ти да ми беше сега, денот кога се разделивме ме обележа мене, од тогаш наваму само лоши избори правам. Те нема тебе да ме посоветуваш, а најмногу ми е мака што сега после толку време после толку години сфатив колку ми значеше ти во животов и колку те сакам. Ти си буквално идеалната половина за мене, ама тоа е што е, интересите се менуваат со текот на времето. А ти најдобро ме разбираше. Појави се од некаде и израдувај ме, само ти го можеш тоа.
Од прозорецот ми надоаѓа мирисот на липите. Мириса на липа. Мириса на тебе. На нас. И мириса на нашата клупа што си ја крстивме „дома“ и на моите воздишки и „хихихихи“ хистерични намсевки. Мириса на спојката од лето и љубов. Твојата. И мојата. Нашата љубов.
Никогаш ни на крај памет не ми дојде дека ќе се сретниме повторно. Дека твоето куче ќе ни се плетка низ нозе додека се шетаме и се смееме како деца. Да, тогаш бевме деца...Но не сме денес. Кого баравме синоќа? Јас не знам, а ти? Убаво беше да се присетиме на старите добри времиња, на лудите тинејџерски години, времето минато заедно... Ќе чекам твој повик за на кафе, како што ми вети... И некогаш можеби ќе се покаам што касно се врати назад, или што излезе од мојот живот
знам дека не свати ама јас си кажав а ти како сакаш!... јас ке си продолжам така а ти ако смениш малце за мене ке е добро за двајцата ако не крајот наш ке биде и тогаш нека се радуват другите против нас што се,наместо ние да се радуваме
Не ни замислував. Ти си прекрасен! Сето тоа што го рече Со што те заслужив?? Голем должник сум на Бога...
Знаеш денес се прелија чашата.. Овие денови се ја полнеше секој ден по малку и не дозволував да се прелие, но денес.. денес се случи тоа. Преку тит ми е од твоето однесување и од твојата љубомора. Јас не можам на кафе да седнам, гледам други. Не можам да излезам, ме частат други. А да се затворам дома може? Така ќе ти е најдобро тебе. Знаеш само да зборуваш за тоа што јас го правам, а ти што правиш,а? Ти си светец убав ти ништо не правиш.. Жалче само јас тебе ти правам. Не планирам јас летото да си го поминам во вакви караници. Ти реков и некна или свести се или отиде нашата врска..Не можам и не сакам да го трпам оваа!
1 цела година (без 1 недела) помината во пекол. Од преголемата љубов што ја чувствувам и што ти ја давам не забележував или па не сакав да забележам дека покрај мене сум имала идиот, преварант, лажго, кретен, копиле гнасно. Со што заслужив вака да ме осудиш, вака да се поигруваш со мене, вака да ме повредуваш. Јас ли ?! Јас секогаш што бев тука за тебе во било кое време, јас што те сакам безусловно, јас што секогаш бев тука за да ти ги слушнам проблемите и да те советувам, јас што се радував на твоите успеси како да се мои, јас што жива би горела за тебе. Кажи ми дали немаш ни грам совест и жал. Како не ти е срам да ми речеш дека јас секогаш сум упропастувала се. Ехх бе еднаш не остана достоен на зборот што самиот го даваш. Секогаш јас бев таа што беше извисена, изиграна, зафркната во последен момент, останата сама... За голем дел од оваа болка што ја имам сум можеби и самата јас крива. Јас бев таа што дозволи да дојде се до овој степен. Јас бев таа што на секоја твоја грешка замижуваше, јас бев таа што на секоја твоја лага подголтнуваше, јас бев таа што клекнав пред тебе и дозволив ти да ме водиш за рака по патот кој ти го избираш. Сега е можеби доцна за ова да го кажам, но ти си ми најголемата грешка во животов. Кога те гледав тебе, кога идев накај тебе исто како со исправена глава да одам и свесно да се мавам в ѕид. Како порано не го сфатив ова или па не сакав да го сфатам. Зошто дозволив да дојде до ова. Зошто пред тебе кретену еден испаднав најголемата глупачка, будала, смотана? Да си попаметен од мене не си. Немој да мислиш дека општествениот статус ја опишува индивидуата. Џабе ти е материјалното кога немаш ништо во душата. Празна е, трула е. Зошто дозволив да ми влијаеш на расположение, зошто дозволив да не можам да се видам себеси со ниеден друг освен со тебе, зошто дозволив да не му дозволам на ниеден да ми се приближи, а верувај имав многу убави прилики. Но ако. Ова искуство нема да го заборавам. Животот ми одржа многу важна лекција на 19 години. Сепак животот не застанува тука. Јас за некое време ќе се вратам во нормала и ќе продолжам понатаму. А ти, продолжи со истото темпо да живееш, па ќе видиме каде ќе стасаш и на крај со која ќе завршиш. Да даде Господ ова мене што ми го направи ти 10 пати дупло да ти се врати. Да даде Господ на крај да завршиш со најголемата ороспија и СУС пред неа да стоиш. Тогаш некогаш кога ќе ме видиш по улица помисли си...Еве ја таа што ме сакаше и што животот ќе го дадеше за мене, а јас незнаев ни да предизвикам насмевка на нејзиното лице
Јас незнам што сакаш ти, јас незнам ништо, се е толку смешно и глупаво..испомешано. Каде одиш човеку? Од кого се криеш? - од самиот себе, можеби? Зошто бегаш од реалноста, зошто не ја прифаќаш таква каква што навистина е!? -страв ти е! Викаат: вистината боли, па нека те боли, а знам дека те боли само несакаш да признеш, ти си тој рамнодушниот и безгрижниот, а ниту самиот несакаш да си признаеш колку само се за тебе тешки и неприфатливи, некои работи, се губиш, те нема, заталка во тој свет повторно, а ми фалеше онаков каков што знаеш да бидеш, ама има и полоши работи не велам не, само малце ама ептен малце ми е тешко поради сите непотрбни глупости кои се вгнедзиле во мојава глава, а можеби и се потребни незнам !? Ама човеку, да не беше ти не ќе знаев кого би го мразела и кого би го сакала, јас постојам само онаму каде што ти постоиш!
Те сакам само за мене, несакам да бидам повредена никогаш, чувај ме како што мислам дека ме чуваш ... немој да ме разочараш, зашто ке ме изгубиш и верувам нема да се помириш со тоа никогаш, само нека биде се чито и искрено твоја сум без никаков сомнеж, во спротивно знаеш што те чека. јас сум слаба, знам и да заплачам, знам да се искарам и да претерам, некогаш сум и премногу љубоморна и посесива, мека и чуствителна, но другата страна е многу појака, тогаш сум без грам чуство и совест, знам да те заборавам и да ме снема од твојот живот како никогаш да несум ни постоела, затоа чувај ме, и биди паметен, зашто ако ме изневериш ке наплатиш за се што и некогаш сум се посомневала иако знам дека тоа било моја глупост. знам дека сум контадикторна, но едноставно незнам да поднесам болка и нерешена ситуација, сакам да сум сигурна кога шетам со дигната глава а не да изигравам офца која никогаш не сум ни била ... ... Што било, поминало, да продолжиме таму каде застанавме, ТЕ САКАМ!
Знаев,ете вчера и другар ти ми потврди,дека нејзе неможеш да ја заборавиш, Ама сега кој ти е крив бе,сте се скарале и ти одма со друга,епа срце си ја изгубил,не е она глупа да ти се смири после тоа што ти си го направил. И ама си ми сладок така кога си со разбушавена коса,и потпорасната брада,ко да си станал од спиење ми си
Бавно минуваат деновите кога те нема да се појавиш изненадно насмеан од уво до уво и со очиња што светат марсовски. Едвај чекам да се вратиш. http://www.youtube.com/watch?v=WkS169P_Eeo