Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Неможам, неможам, неможам, неможам, НЕМОЖАМ, НЕМОЖАМ, НЕМОЖАМ, НЕМОЖАМ ,НЕМОЖАМ, НЕМОЖАМ, НЕМОЖАМ !!!!


    НЕМОЖАМ ДА СЕ ПОМИРАМ СО ТОА ДЕКА Е ГОТОВО,НЕ МО ЖАМ!!!!!!!!!!!!!!


    Спомнав ли дека неможам да се помирам со тоа дека е готово?
    Неможам да се помирам. И нема да се помирам у скоро време. И ќе испушам уште многу цигари заради тоа. И ќе испијам многу вино заради тоа. И ќе ги малтрерирам сите околу мене заради тоа. И ќе страдам заради тоа.

    Но, нема шанси, НЕМА ШАНСИ, да ти го пружам тоа задоволство и јас да попуштам прва овој пат.
    Тие филм у воа кино - не.
     
    На ViktorijaMari и Libera им се допаѓа ова.
  2. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Заштоо толкуу често знаеш да ми спомнеш за тоа твое одење кај сестра ти....Знаеш ли дека срцетооо ме боолиииииии??????? Знаеш ли дека веднаш ми се насолзуваат очите?!?!! Знаеш ли колку ми е тешкоо?!?!?! Знаеш ли дека камен ми стои во градивее...?!?!?!?! Знаешш ли дека не можамм да го поднесам фактот, да те немаа, да не те гледам, да не можам да ти се јавам кога сакам, да те бакнам, да ме гушнеш......да бидеме заедноо ;( Знаеш ли дека плачамм додека го пишувам оваа, знаеш ли дека плачам секогаш кога ке спомнеш, секогаш кога ке се присетам на тоа......
    Знаеш ли дека почнав да и љубоморам на сестра ти, да ја мразам на некој начин, да ми станува одбивна... секогаш кога ке ја спомнеш, кога ке речеш ејј еве ми врти на Skype......
    Знаеш дека мразам разделби, знаеш ли дека не сакам да се разделимее, несакамм!!!!!!
    Знам дека во иднина тоа ке биде за наше добро, дека ке добиеш друго државјанство.....дека се ке биде подобро, поубавоо..........
    Ама јас ЗНАММММ дека ПЕТ години се Големмм период............ ;( ;( ;( ;(

    Те сакам......
     
  3. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Крај? Кој крај во нашата историја? 1291729172, ух не можам да ги избројам веќе. И да знаеш воопшто не ми е тешко. Ти си толку тежок човек, ти си со толку никаков карактер. Ти си човек каков што одсекогаш сум мразела. Човек што пуши цигари и пие многу алкохол. Човек што воопшто не ми одговара. Јас сум романтична, јас сакам многу љубов, бакнувања, милувања, прегратки. Јас сакав со тебе да шетам низ светот, држејќи ја твојата рака и никогаш да не ја пуштам. Но веќе за чудо едно не го сакам тоа. Ја нема веќе таа љубов во мене, исчезна.
    Не врти се повеќе назад, оди понатаму во животот без мене. Јас бев секогаш тука за тебе, кога и да посакаш нешто јас го исполнував не прашувајќи се дали вреди. Велат љубовта е давање без да бараш нешто за возврат. Јас не барав ништо од тебе 2 години. Но сега барам. Барам да исчезнеш од мојот живот засекогаш. Не сакам и не можам да те поднесам веќе.
     
    На vesni4kaaa, Adelcheto и Libera им се допаѓа ова.
  4. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    305
    Се што сакам си ти....и сакам само да помине овој смотан месец па конечно да бидеме заедно...
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.034
    Штом викаш така, имам решение и за тоа. Или ќе биде по мое, или крши глава. И да, немам време за тебе зошто учам и тоа периодов ми е поважно. И?! Досаден еден |(
     
  6. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    77
    Едвај чекам да завршам со испити, да бидам слободна и да имам повеќе време за да бидам со тебе.. :*
     
  7. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Е што е сега? Па нели кога ти се лутев зошто те нема со саати да се јавиш, ме правеше опсесивна, луда...премногу барав од тебе, не те разбирав.

    Сега не ти годи баш слободата што ти ја давам, нели? Извини, ама веќе не планирам да се замарам ни зошто не се си јавил кога си станал, ни каде си, ни дали ти се испразнила батеријата. Не барам ни да ме известуваш. Сакам да си бидеш слободен, да си уживаш во времето кое ќе си го организираш без мене, да не мислиш на мене. А кога ќе сме заедно тогаш ќе е друга приказна. Ќе уживаме во Нас. Засега не планирам да се поседуваме еден со друг.

    Глупо ми било размислувањето да ти имаш потреба да ме чуеш кога ќе станеш. Не требало да се лутам кога цел ден си имал други обврски и едноставно си немал време за мене.
    Така е, душо. Не бев глупава, бев заљубена изгубена. А сега си слободен и да шеташ кај сакаш, и да се гледаш со бивши и сретнувањето нивни другарки на улица и твоето поздравување на истите, ама баш ич не ми пречи. И не ми е ни гајле ако сакаш да и пренесат дека имаш нова женска. Зашто после толку време и после сите тестови на доверба кои ги поминавме и после темелното запознавање на твојата личност, уверена сум дека бесконечно ме сакаш. Ќе флертуваш може со други, ќе загледуваш други, но на крајот од денот ќе посакаш во твојата прегратка да сум јас.
    Не сум премногу самоуверена, далеку од тоа, но по сето незрело однесување од моја страна, ти мора да си безумно вљубен штом никогаш не си помислил да ме оставиш. И затоа однесувај се како сакаш, карај се со мене, викај ми, лути се за глупости, глуми некој јак тип, ама кога после два дена слобода, трчаш во моите прегратки, повеќе од јасно е која е твојата слабост. И јасно е дали сакаш повеќе гушење, изливи на емоции, некој да се труди околу тебе ко што викаш дека сакаш...или да те остават на мира. Повеќе те оддалечувам кога ти кажувам убави зборови, кога ти докажувам дека те сакам, кога правам глупости за тебе... А кога те оставам сам, брзаш кај мене.
    Дај реши се. :!:
     
    На thelittle17, Divinebutterfly, Butterfly15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.534
    Допаѓања:
    92.258
    Пол:
    Женски
    Ми одѕвонува во ушите шлаканицата која ми ја удрија неодамна. Всушност пред да се сретнам со тебе. Спремав неколку говори, запишував на ливчиња, ги куцав во компјутер и сепак на крај не знам што да ти кажам. Ќе зборувам она што ќе ми дојде, како и секогаш. Поминиш ти, имавме неколку вакви средби за кои и двајцата подготвувавме говори, а потоа го кажувавме оној кој произлегуваше во моментот од срцето.
    Знаеш за тебе се држам како слепец за стап, а не знам зошто... Поминавме многу нешта заедно, неколку пати не изневери, а неколку пати ме извлече од пекол. Жалам што често пати за да ме извадиш влегуваше и ти во него, а потоа со трчање, со рани на срцата бегавме да ги излечиме.
    Знаеш, јас не знам ни дали се љубевме или само баревме утеха еден во друг, во пријатноста која ни ја носеа миговите, тишината после борењето. Страста постои сеуште, но љубовта зарем исчезна толку брзо?
    Ма кого јас залажувам? Не исчезна брзо, се борев сама со себе за да го надвладеам срцето кое се залажуваше. Умот одамна ми велеше дека ние не сме пар за иднина. Не сме ни Ромео и Јулија, ни Тристан и Изолда, не сме ни во бајките, па љубовта да е вечна.
    Не, не велам дека никогаш не сум те сакала, те сакав, но не те љубев. Ние бевме ко куче и маче, се бркавме постојано. Двајца лутковци кои не знаеа што со себе, не па за заедно.
    Ми се смачи и да ти кажувам што да правиш. Не сакам да те обликувам повеќе, не си мојата глина. Иако знаеш дека посакувам да сум уметник, да користам ножици, не сакам да те поистоветам со некое платно и да те сечам постојано. Чувствуваш болка секој пат кога јас сфаќам дека ова не оди. А јас чувствувам болка затоа што не знам, не знаев како да ти објаснам што и како е.
    После ова знам дека и двајцата ќе и бидеме благодарни на онаа која ми нанесе ситна болка, не грижи се што уште одѕвонува. Но, подобро е да биде неколку часа, дена, а не толку години.
    Знаеш јас баш сите ги споредувам со тебе. Иако знам дека не оди нашево, ти секогаш си бил за мене некој на кој можам да се потпрам ако потфрлам. Во мојот речник наместо доверба стои твоето име. Никогаш не ме изневери, се изневеруваше самиот себе, понекогаш и Нас затоа што не се трудеше за иднина, но мене не.
    И сега кога има некој друг покрај мене, сфаќам дека јас тебе те изневерив. Знам дека ме сакаш, но не ме љубиш повеќе. Знам дека те боли сето ова, но не сакам да се менуваш сега. Не сакам да го правиш она што јас посакував некогаш да ни се случува.
    Ќе го помнам секогаш денот кога двајцата чекоревме под црвениот чадор. Кога капките ги заменуваа зборовите, кога прегратките ги заштедуваа говорите.
    Ова е моето збогум за тебе и добредојде за нов период за двајцата.
     
    На lunicka, 1209, thelittle17 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.664
    Допаѓања:
    2.482
    интересна неделна вечера, картите се отворија на маса..
    си кажавме и тоа што требаше и тоа што не требаше
    се каам за некои зборови, некои прејаки зборови изговорени од мене ама нема назад, нема враќање..
     
  10. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.202
    Допаѓања:
    23.274
    Пол:
    Женски
    Оти си бе ваков во некој моменти? :(
    Не реков ништо лошо, сигурна сум.
    Имај убав ден.
    Те сакам. :*
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.080
  12. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    33
    Сакам кога ке ме привлечеш со раце силно кон тебе,и кога ми шепотиш на увце ...Покрај тебе се топам,и после толку години Љубов чувствувам,страст уште повеке...Ти си ми се и ти благодарам за се.Да да,ти благодарам за трпеливоста,храброста,љубовта и сочните бакнежи в чело.Некоја од другарките ми беше рекла низ потсмев ..зар во чело те бацуваат, се насмевнав и и посакав да дојде ден и неа да ја бацат за да ја почуствува еден ден почитта што ние си ја имаме меѓусебно ,па да знам дека е вистински среќна!!
    Те сакам!
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    некогаш сакам да те снема од мојов живот и да не се сеќавам на тебе!
    не си свесен колку болка ми нанесе.
     
  14. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Kриво ми е, партали сте направиле на настапот вечерва, а ја ГЛУПАЧА дремев дома над книга зошто сабајле полагам! Можев да одвојам барем саат ипол ама јас не сум јас ако не ја ука*ам работата. И така ...ќе си пукнам сеа од мука. :@
    Колку си ми интересен кога си цел под импресии, не си свесен. Баш ми е мило :) , сакам секогаш да те гледам така расположен и среќен. Ма те љубам до небо и циц цак пешки назад :* :*
     
  15. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Работава е повуци потегни, ахххх што ли ке биде само Господ знае!

    Во ова со тебе влегувам со ладна глава, дефинитивно!
     
  16. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Абе човече дај стави едно 5 кила минимум,кога те гушкам како да гушкам некое стебленце,жити се.
    Ама сепак си свиња за мене :D
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.092
    И моите соништа се важни, не заборавај!

    Тоа што сум помлада, не значи дека сум незрела. Инаку што би барал со мене, и сам си рече?
     
  18. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.934
    Пол:
    Женски
    Кога ќе најдеш подобра од мене тоа ќе биде денот кога ... сеедно,нема да дојде тој ден !
    Зошто?
    Бидејќи те знаев каков си и што си од порано,те прифатив и те чував крај себе колку што можев.
    Баш сега ми текна кога еден ден во кола се гушкавме и ти реков "Не те давам на никој" ти ме погледна и ми шепна "И да не ме даваш чувај ме".
    Како би те зачувала јас тебе кога ти и самиот не знаеше да се бориш.
    Не немам ништо против тебе ама сега сваќам што претставувала нашата врска за тебе.
    Не го чекам денот кога ќе најдеш некоја нова бидејќи ќе дојде со брзината на светлината.
    Го чекам денот кога ќе се каеш,многу многу,кога во ноќните часови ќе го свртиш мојот број а јас фино лепо ќе ти исклучам.
    Уште еден во погрешната низа. Повторно сваќам дека јас сум баксузот во љубовта.
    Токму поради тоа решив да направам некои работи кои мислев дека нема да можам.
    Ама сега можам ќе ги направам .
     
    На thelittle17, Libera, Pelikuna и 2 други им се допаѓа ова.
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.884
    Пол:
    Женски
    еднаш така еднаш онака еднаш вака :^) никаквата :^)
     
  20. angel95

    angel95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    76
    Во последно време само ти можеш да ми предизвикаш солзи во очите.
    Незнам зошто,незнам ни како стигнав до тука.
    Знаев дека си различен,дека немаш ни една допирна точка со машките кои ги имав запознаено.
    Се случи спонтано,ти толку неприметно ми влезе под кожа.
    Имаше убави моменти и ти го знаеш тоа.
    Деновите кога бев нерасположена-беше тука и ми зборуваше се додека не се насмеам.После тоа целиот ден знаеше да ми помине во најдобар ред.
    Твоите јавувања среде ноќ- да ми кажеш да не се грижам дека се поминува..
    Знаеше да ми купиш некоја книга за која долго време ти зборував.Знаеше да дојдеш до кај мене и да ме викнеш да шетаме.Нашите прошетки иако беа по некои осамени улици,сепак за мене беа најубави.Доволно беше што те имав на некој начин.Само со тебе можев да зборувам за се.
    Сега те немам.Еј,проклето ми требаш .Ова требаше да биде наше лето.Твоите и моите чекори по нови непознати улици.
    Секој дел од овој град носи наши спомени.
    Незнам сеуште како да се помирам со тоа.Те немам тебе,а со тоа го немам и она што ме правеше најмногу среќна.
    Биди среќен,и јас ќе се потрудам да продолжам таму кај што застанав.Нови чекори,нови спомени,нови улици..
    Мирис на липа,и уште само неколку солзи за тебе.Доста е. ;(
     
    На La.Reina.Del.Sur, DeRose, ViktorijaMari и 1 друга личност им се допаѓа ова.