Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    205
    Многу ми е мило што се грижиш за мене во овие моменти.Се радувам што ме караш да одмарам за да оздравам! Ти благодарам за подршката најмил мој! :inlove: Стискам палчиња јас за тебе вечер! :*
     
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.843
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    Што убаво си ме изненадил сабајлево со кафенце со појадок па и со внимание. Се си мислам денес празник ли што, што ли е :D :^)
    Ајде дибече учи ми за утре и вечерва очекувај ме на гости :)
     
  3. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Неможам да се помирам со тоа дека не сме заедно, иако треба да се понашам како ладнокрвна кучка. Не сум јас од тие таквите. Мене ме боли, јас љубам со срцето и со душата. Ме боли тоа што те изгубив, но уште повеќе ме боли тоа што ти ми го направи.

    Секогаш откако ќе пукне тиквата за било која работа, потоа сите ја отвораат устата и кажуваат се што знаат, па и овој пат јас не сум поштедена од разоткривање на твоите мистерии додека бевме заедно. Се срамам од пријателите верувај дека слушам со наведната глава и срцето ми се кине кога слушам колкава глупчка сум била т.е. ти си ме правел таква пред другите.
    Прими искрено и големо Б Л А Г О Д А Р А М од се срце :@ ;( :@
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Убаво е кога знам дека можам во било кое време да те побарам кога си ми потребен.
    Секогаш ме спасуваш!

    :hug:
     
    На thelittle17, teddybear, najubava2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Во моментов би можела да те задавам без ич око да ми трепне!
     
  6. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Не те сакам, го сакам тој што беше порано во тебе...
     
  7. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Ќе се смениш ама тогаш нема да ме имаш сигурно.
     
  8. Artist14

    Artist14 Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13
  9. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Не си ти крив сонце, само сум многу уморна.. и имам една работа што ме мачи многу.
    Се надевам дека се ќе се реши побрзо..
    Те сакам најмогу, не се обвинувај за ништо..
    Ти си едноставно најдобар.. :*
     
  10. angel95

    angel95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    76
    Моите спомени за тебе потекнуваат од моето најрано детство.
    Ми текнува низ магла на едно девојче во црвено фустанче со жолта панделка,и едно мало момче со вртена косичка.Трчаме низ преполната сала со гости,се натпреваруваме кој прв ќе го дофати прекрасниот фустан на невестата.
    После меморијата ме води кон едно сончево утро,јас и ти на велосипед со помошни тркалца се учиме како да возиме.Во позадина нашите татковци разговараат.
    Мојот прв ден во забавиште заедно со тебе.Мачење мака со буквите и броевите.
    Јас и ти во драмската секција.Заедничкото бегање на две деца затоа што не сме добиле сладолед каков што сакаме.Уште многу спомени ме врзуваат за тебе.
    Почетокот на пубертетот.Твоето прашање зошто носам одеднаш горен дел од костимот за капење.
    Твоите раце кои од мали детски раце наеднаш добиваат некоја сосема нова сила,за мене нов облик.
    Пораснав заедно со тебе.Велев јас и мојот другар ќе бидеме еден за друг тука засекогаш.
    Емоции кога сфативме дека не преплавуваат некои сосема нови чувства.Моите пеперутки во стомакот,и твојот заштитнички однос кон мене.
    Спонтаност.Тоа беше зборот кој го опишуваше она што го имавме.Меки усни,мирис на јагода,сега се изгледа далечно.Ко јас и ти да сме постоеле во некое друго време.
    Не сакав да биде вака..Не сакав да бидеш ти повреден.Неможам да поднесам кога мајка ми кажува за тебе.Како си продолжил,,како сега си некако сменет.Не сакам да заборавам,не можам.
    Ако соништата некогаш би станале реалност,би сакала да ги следиш моите чекори,да не ја пушташ мојата рака.Ако,некогаш има втор пат,ако твоите чекори случајно те донесат до мене ќе те чекам.
    Јас,твоето будалче и авантурист.Како што љубеше да кажеш..Ти си моето се..
     
    На DeRose, Aleks96, Srekicka и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Какво е чувството кога ќе ти каже некој НЕ?
    Какво е чувството кога ќе бидеш одбиен?
    Какво е чувството кога си последен на листата?
    Сега знаеш какво е, а ? Знаеш сега како ми беше мене?
    Сега јас почнувам да ја играм твојата игра, ти ја играј мојата. Сега јас ќе сум таа што ќе вика НЕ и што сите други ќе и се поважни. Сега ти си јас, јас сум ти.
     
  12. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.588
    Те сакав како другар, и сеуште те сакам.
    Но има некоја жичка, некоја дилема кај мене која ми дава до знаење дека повеќе не те сакам како другар, туку како нешто повеќе.
    Но се прашувам како да се впуштам во нова афера кога повеќе не верувам на никого, кога повеќе несакам да бидам јас таа што ќе биде повредена.
    Но некогаш мора да се скрши ледот.
    Иако ми кажуваш дека тоа што не донесе кога немавме такси со што да се вратиме беше само за мене, го знам тоа. Го предчувствував и сакав да ти кажам. Но сега ти потврди.
    Знам дека поминуваш толку километри само за да идеме на кафе. Само за да ме видиш.
    Знам дека се е за мене. Но верувај тешко ми е.
    Сеуште ми е тешко пак да продолжам и по пола година, но знам дека еден ден ќе морам. А кога си ти се поблиску до мене знам дека тој ден се ближи.
    Денот кога ќе се впуштам во нешто ново. Нешто поинтересно. Без нервози, без притисоци, без напнувања.. Зошто знам каков си. Те читам како првооделенски буквар.
    И те молам не се разочарувај во билошто. Секогаш бев тука за тебе, сум и ќе бидам, исто како што и ти беше со мене во било кое време.
    Знај дека можеш да ми веруваш.
     
    На leptir1 и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.
  13. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Јас и Ти :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На leptir1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    Некој да ми кажеше дека повторно ќе те сретнам после толку години, немаше да го поверувам. Никогаш не ни помислив дека пак ќе се најдеме еден спроти друг.
    Ќе ми простиш ли ако ти кажам дека еден период дури заборавив и дека постоиш? Ама само дел од секунда, откако ме погледна ми требаше за да се присетам на се што бевме, на се што си значевме еден на друг.
    Повторно шетавме на самрак, еден покрај друг и твоето куче околу нас. Сеуште си истата „зеленика“ како што милував да те нарекувам, онај истиот од кој ми беше доволно да добијам само поглед или насмевка а секогаш добивав повеќе од тоа.
    Имавме и планови заедно, се сеќаваш ли? Јас дури сега се сетив на се... Сакавме и уште едно куче, сакавме и заеднички двособен стан, сакавме заеднички живот кога ќе пораснеме зошто знаевме дека сме деца.
    Пак ми го прати истиот заводлив поглед од кој секогаш ми се тресеа колената и се топев како шеќер во вода и ми затрепери срцето но само за миг.

    Ми годеше повторната средба со тебе... Но зошто ми ги кажа тие зборови?
    Знаеш и самиот дека сега е веќе доцна за тоа... Со задоволство ќе ја прифатам твојата покана за кафе.
    А некогаш можеби и ќе се покаам затоа што излезе од мојот живот или пак затоа што се врати премногу доцна...
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. leptir1

    leptir1 Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Би му кажала дека го сакам, се вели дека женските некогаш први треба да го кажат тоа Те Сакам, ама ако му го кажам тоа тој толку ќе се подуе што мислиш ќе летни како балон. :@
     
  16. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Оф многу ми е жал што понекогаш сите граници ги поминувам, ама не си ти крив за мојата несигурност. А не можам да ти кажам каде лежи зајакот, не можам да ти кажам каков страв понекогаш ме обзема, ми го полни срцето и се однесувам така никако... Т.е така како што после се не заслужуваш, не заслужуваме.
    А пак, покрај мене си, во секоја ситуација, во се и за се си тука, да ме слушаш кога бескрајно зборувам, да ме тешиш, поддржиш, разбереш, да се сносиш со моите глупости, да ме насмееш додека плачам, едно нешто не си ми забранил, за ништо не си ми пререкол, секоја желба гледаш да ми ја исполниш ... колкав идиот треба да сум за во тебе да се сомневам и да правам кавги за глупости? Извини.
    Имаш толку добра душа...
    Фала ти, фала што ме сакаш толку многу, и толку искрено, толку детски и толку ... вистински.
    :hug:
     
    На thelittle17, AnaKarenina и Libera им се допаѓа ова.
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    6.771
    Ми недостигаш.. И тоа многу. Тапа е вака. Не знаеме на што сме, грдо ми е што се испонашав и јас така, ама грдо е и од твоја страна, знаеше дека ме боли тоа што го правиш.
    Мислам дека пак би можеле да се обидеме, ама се ќе биде како порано, едноставно нема да бидам среќна на тој начин ,знаејќи дека и тебе те болат некои работи од минатото и незнаеш што сакаш, незнаеш што чувствуваш. А мене тоа ме повредува, знаејќи дека јас сепак за кратко време се приврзав многу за тебе ..

    Чудна работа. Јас, која никогаш не сум се приврзувала со никој, сум ги оставала скоро сите, не сум знаела какво е тоа чувство да ти недостига некој, да сакаш да си покрај него.. сега ми е вака.
    Тоест да не лажам, пред тебе имаше уште некој што неизмерно му се препуштав и му давав се, но и тој ме повреди, ама сепак сеуште го чувам во срце, мили ми се тие спомени..

    Би сакала да пробам пак, знаеш.
    Ама зашто би, кога се ќе биде како порано. Џабе ми беа сите твои гаранции и ветувања дека нема пак да се случи истото, дека сега си се променил.. Хах, како може сета таа конфузност од тие твои чувства да исчезне за така краток период? Не ни помислив дека е така.
    Ама сепак.. за момент се залажав и ете.. сега повторно поминувам низ истите работи.

    Ама..
    Ми недостигаш, сеуште.
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.532
    Допаѓања:
    92.255
    Пол:
    Женски
    Како да барам од тебе да го тргнеш ѕидот кога јас не можам да се тргнам од минатото?
     
  20. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    23.274
    Пол:
    Женски
    Ова срце како компас расипан тебе само те покажува. :P :inlove: :inlove:
    Те сакамммм. :*
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.