Што би направиле ако се докаже постоењето на Бог и обратно?

Дискусија во 'Религија' започната од Peanut Butter, 16 јули 2021.

  1. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.085
    Ако се докаже дека постои библискиот Бог и неговиот непријател сатаната дали и тогаш би одлучиле да сте против Бог и би останале верни на некои други вредности кои според вас се исправни?
     
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.197
    Пол:
    Женски
    Тука имам пишувано подетално за слободна волја.

    Ова држи вода за конкретниов случај, ама што е со на пример рекрутирањето деца во култови? Истото би им го кажале на нив, ти не знаеш што е најдобро за тебе, мама, тато и свештеникот подобро знаат. Или да речеме злобен нацистички научник ме убедува дека треба да му се приклучам на некој експеримент. Поинтелигентен е од мене, секако, ама исто така сака да ми ги извади органите. Има лоша намера, а јас не го знам тоа. Каде ми е гаранцијата дека Бог има добра намера и не ме создал само за да гледа театарска претстава и да си пука сеир?

    Ако се докаже некој сосем четврт Бог што налага да си го убиеш сопственото семејство, дали ќе го сториш тоа или ќе останеш верна на своите вредности кои според тебе се исправни?
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    8.189
    Пол:
    Женски
    Четврт Бог?
    Ароганцијата на повеќето верници не им дозволува ни да помислат на постоење на некој друг бог, освен тој нивниот, а да биде уште поапсурдно, верувањето во баш тој бог не е производ на слободна волја, туку на околности, односно на фактот што се родиле во одредено место и време, во религиозно семејство.

    Да се роделе во друго место и време, ќе веруваа во Огун, Анубис, Хорус, Ел, Думузид, Анубаки, Виракоча, Зевс, Кукулкан, Ио, Тор, Один, Амон ра, Перун..и ќе беа убедени дека постоењето на баш нивните богови е докажано, а баш нивната религија е вистинската.
     
    На Someonespecial, Lianna Anna, MissChievous и 2 други им се допаѓа ова.
  4. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    1.984
    Кои се тие други вредности?
     
  5. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.085
    Ако се докаже дека библискиот Бог и сатаната постојат тогаш би знаеле дека има борба помеѓу морален Бог и сатана кој што ќе биде уништен, прашањето е у тој контекст а не у контекст на Бог како сезнаен затоа што има личности кои хипотетички да дознаат дека тоа е реалност пак би избрале деструкција па ме интересираше дали ако знаеш дека сатаната исто постои на која страна би се приклучила?

    Ја верувам дека постои библискиот Бог кој е морален, кога веќе спомна нацизам не знам дали си ја прочитала книгата "Окултната магија на третиот рајх" каде што се наведени окултистичките ритуали кои Хитлер со помош на сатаната успеал да хипнотизира милиони негови подржувачи?

    Спротивни на библиските.
     
  6. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.085
    Не е точно, најпрвин бев атеист па навлегов у источните религии будизам и хиндуизам се дур не сфатив дека тоа се сатанистички религии.
     
    На BY<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    59.175
    Пол:
    Женски
    Како не е точно кога скоро сите верници ја наследуваат религијата на нивното семејство? Во нашава држава традиција е тоа, многу се ретки тие што потоа избираат друга религија.

    Инаку сметам дека ако навистина имаше семоќен бог никој немаше да се сомнева во неговото постоење, едноставно ќе знаевме сите.
     
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.197
    Пол:
    Женски
    За мене веќе знаеш. Нема да следам Бог што забранува секс пред брак, или абортирање или која било друга христијанска вредност.

    А сега да се вратиме на прашањето што го одбегна. Ако се докаже дека постои Бог што бара од тебе да ги убиеш сите што ги сакаш, и дека постои Сатана што не бара да ги убиеш сите што ги сакаш, на чија страна ќе застанеш?
     
    На Someonespecial и Srckata28 им се допаѓа ова.
  9. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.085
    А од кај да знам за тебе, според мене абортирањето е одземање живот.
    Увек би застанала на тој Бог кој што е морален а убиството не е морално.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.900
    Допаѓања:
    24.015
    Пол:
    Женски
    Значи се согласуваш, дека сепак сами одлучуваме што е морално, а што не?
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.085
    А у библијата како е окарактеризирано убиството? Како неморално значи се совпаѓа со моралниот компас кој го има човекот при расудување на добро и лошо.
     
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.197
    Пол:
    Женски
    Од кај би знаела ти што е морално? Се докажал Бог кој е стопати поинтелигентен од тебе и го создал цел универзум, а ти мислиш дека твоите вредности се поисправни од некој кој знае буквално сè. :)
     
  13. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.085
    Моите вредности се поклопуваат со библиските.
     
  14. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    1.984
    Кои се тие?
     
  15. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.085
    Се што е спротивно на библиските не знам дали очекуваш да ја цитирам цела Библија ако си ја прочитала Библијата би требало да знаеш.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.197
    Пол:
    Женски
    Дај да сумирам бидејќи почнавме да се губиме гледам.
    Во првиот твој пост се изнасмеа за тоа како луѓето би ги следеле своите вредности дури и ако се докаже библискиот бог. Те прашав ти што ќе правиш ако се докаже некој друг Бог што би барал од тебе да ги прекршиш своите вредности. И испадна дека (за чудо големо) ни ти не би ги прекршила.

    Сфаќаш сега што е поентата? Никој од нас не би ги прекршил своите лични вредности без разлика каков бог и да се докаже, и ти не си исклучок од тоа. А инаку треба да почнеш да прифаќаш дека за некои луѓе библискиот бог е исто толку налудничаво неморален колку и богот што бара да си ја убиеш фамилијата.
     
    На Someonespecial и Srckata28 им се допаѓа ова.
  17. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    1.984
    Не мора сите, 5 нека бидат.
     
  18. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.085
    Ок твое право чим Бог ти дал слободна волја да бираш која сум ја или некој друг да ти ја одземе.
     
  19. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.745
    Пол:
    Женски
    Дали да одговорам или да седам мирна и да ќутам? :D
    Ајде ќе бидам мирна. :angel:

    На тема, нема да станам верник сигурно. Зошто? Затоа што ако научно се докаже, веќе нема да биде верба, туку факт. Потоа зависи кој и каков е. Може нема никакви насоки што би не терал да ги следиме, а ако има може се поинакви од што замислуваме.
    Ако веќе намерата на темата е да се ставиме на местото на другите, ете би рекла замислувам дека нема да е садистички настроен со огромно его и да казнува луѓе ако не живеат конкретно само на еден начин според одредени правила. Можеби би го прашала за појасни правила, за да не дојде до забуна и сите да веруваат во различи работи на различни страни од светот. Чисто за полесно да се унифицираме.
    Интересно прашање за верниците е и што би направиле ако се докаже постоењето на друг Бог во кој не верувале до сега?
    Не сите атеисти и агностици би имале премногу проблем да прифатат постоење на Бог. Не значи дека се под default и анти-теисти. А пошто најголем број од рационализација не веруваат во Бог, веќе тој елемент би бил тргнат. Нема да можат да се противат на факт.
    Ќе се повторувам, ама и јас мислам дека во ваков случај потешко би ги прифатиле фактите верниците.
     
    На Acronia му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    17.510
    Пол:
    Женски
    Е кажи де, баш ме интересира. :D