Се наоѓате во оваа соба? Можете да раскажете што би правеле и како би сте се чувствувале Јас би дала се да сум овде
1. Би ја извадила мачката надвор. 2. ќе си пуштам музика 3. ќе си ставам мобилниот на пунач и ќе си седнам на масата да се напијам чај. би се чуствувала нормално. не ми е многу убаво, можеби и малку језиво ми е.
Би лежел да одморам после би гледал низ прозор, па би станал да видам што има во собата, би го истражувал секој дел од таа соба би размислувал како би можело нешто да се искомбинира со креветот и би разместил сите елементи, па ќе застанам на стаклото ќе правам гримаси, ќе играм ќе скокам низ собата, ќе се качам на креветот и повторно ќе скокам на него и се што ќе ми истекни во моментот. Инаку и јас сум љубител на gothic уредување и се останато поврзано со тоа.
И јааааас хехе И јас би правела нешто слично, може би фантазирала дека надвор има некој вампир кој би изгледал како мажот ми и дека имаме трагична њубов бидејќи тој не сака да ме направи како него. Секако кога ќе го отворам прозорецот ќе го здогледам надвор, полека ќе вдишам низ прозорецот и ќе го почувствувам ветрот во мојата коса...
мии аз ште правја секс с пријателт ми. ххх мистична соба, како за убиство скриено онака едно сценарио, ваква соба, па детективи Ама може и филм да гледам во неа многу работи бре, ама нема да ужива дефинитивно
Би дошле со дм далеку од сите во скриена соба никој нема да не замара би пиеле кафе 2 сати ќе се мазиме неколку цигарчиња музика ќе си пуштиме или некој филм и на крај ќе го испробаме креветот ми изгледа убав удобен и на тој кревет би го направиле нашето прво дете
Би си го гушнала мачето, грабнала кафенце и пепељарка, и читала додека не ме акне таблетот по нос дека сум заспала Едит: а треба да даваме идеи ние или?
Собата ми е језива и страшна. Би се чувствувала многу празно и осамено. Не би можела внатре повеќе од "влези и веднаш излези". Ако го замислам спротивното, тогаш, прво ќе ја земам мачката. Со неа ќе ја истражувам собата. Сигурно ќе го отворам плакарот и ако внатре има гардероба што ми се допаѓа, ќе сакам да ја пробам. Ама ќе се двоумам и мислам дека сепак нема да го направам тоа, оти на памет ќе ми "паднат" духови. Ќе се исплашам и со се мачката ќе седнам на масичката. Ќе ја чувам во скут и ќе проверам дали има нешто во тањирчињата и во бокалчето или се празни. Ако има, нема да пијам, ниту да јадам. Ама мачката ќе сака. Ќе тргнам да пуштам музика и ќе сакам да легнам на креветот. Ама движејќи натака, ќе погледнам низ прозор и ќе ги видам чудните ликови што ги гледам и од тука. Ќе се исплашам уште повеќе и ќе трчам да излезам, не заборавајќи ја мачката. Вратата ќе биде заклучена од спротивната страна. Ќе пробам да отворам, а потоа и да кршам прозор, ама ќе биде невозможно. Музиката ќе почне сама, сликата ќе падне од ѕидот, а мачката ќе гледа нешто што не постои без да трепне. Заглавив за секогаш. Тарантино не ми е рамен.
Би внесила повеќе мачки и би ги затемнила светлата, многу јако светло ми гледа како да има. Би ги променила и пердињата, воопшто не ми се допаѓаат, ама сепак како целост не е лоша соба, би спиела доколку има убави перници.
Надвор има нешто. Зумирајте ја сликата и погледнете го првиот прозор. Не го режирав филмот џабе. П.С. Стварно само јас го гледам тоа?! Едит: и над креветот има нешто. Правецот кај што гледа мачката. Иначе да. Многу хорори гледам.
Каков Заспана долина/Мрачни сенки амбиент ... Би се надевала дека има некој дух или вампир наоколу, зашто во спротивно, би умрела од досада.
Би си ги земала со мене потребните состојки за кулирање и ке си пуштам некое тивко музиче (трип хоп) и ќе уживам ... Се додека нешто поинтересно не се случи ..ее тогаш ќе бидам спремна за акција
Едно од народните верувања е дека мачките можат да видат нешто што ние не гледаме. Редовно имав вакви језиви моменти со мојата мачка. Секако дека не верувам во ова, ами ете инспирација за филм.
Прекрасна соба. Јас би си играла со мачето. Гледам и дека на масата има сад за јадење,чајник ,па ќе се послужам.И ќе го отворам ормарот да видам што има.