Што би смениле и дали воопшто би мењале на вашиот партнер било да се физички или психички карактеристики? :geek:
Што би сменила..... сега незнам вака од карактрни особини да не биде толку љубоморен на секое машко во моја близина,да не биде толку заштитнички настроен кон сите,да не е лицемерен и дволичен(оти го знам кога е таков џабе мисле дека му верувам кога се филма) Физички изглед,е тука малку потешко..................................................................можеби би му ги вратила плочките на стомакот кој ги имаше и тоа друго се ми е ок во врска со физички изглед....повеќе работи би сменила на мене него на него
1.Да не е толку досаден!! Незнам дали е досаден од што ме сака... Но напорен ми станува веќе.. му го имам кажано тоа повеќе од милиони пати но ништо.. тој пак.. Ќе ме снема 1 секунда од мсн и ете го ... одма кај си што правиш,зошто те нема,зошто не ми пишуваш.. Ќе му кажам идам до надвор на секој 5 секунди звони маајката... 2.Да не е толкав инает!! На него човек НИШТО,НИШТО неможе да му докаже дека е така.. И да кажам на пример "Дрвото е право" тој ако е умислен дека е криво.. нема теоретски шанси да му објасниш дека е право ..Сепак,можеби добра поука се крие од овие негови "негативни" чувства
да е помалку посесивен,ама исто да ме сака ,да почне да гледа на мене како на другарка истовремено и повеќе да ми се отвара зашто нема да го користам тоа подоцна против него како неговата бивша...и сакам да ми призне една работа побрзо што ме излажа многу одамна...а пуста јас не можам да кажам дека веќе знам,зашто начинот на којшто дознав нема да му се свиѓа
Да не е така ладен и воздржан во јавност. Но, од друга страна, тоа го прави да биде токму ТОЈ. Не би сменила ништо, кога ќе размислам подобро. Мене ми е совршен
да не иде по тоа кладилницине,мислам да намали малце зашо понекогаш мислам дека повеке го сака тоа него мене хаха да не е толкав инает,да знае да попушта у некој ситуации пошо некоаш знае да биде стварно идиотски давеж
Да прекини да ми го спомнува бившиот,да биди малку поорганизиран и мразам ко ке се понаша како дете.Физички малку да ми се подздебели друго ништо мене ми е најсладок
да не е толку (болно)љубоморен на секое живо суштество што ќе се најде во моја близина,да ги поштува малце повеќе тие луѓе што мене би се битни (смета дека нема битни луѓе во животот) да не е толкав инат да не е толку повлечен во себе и да биде малце по кумуникативен а за физички изглед не би менувала ништо(иако цело време му зборам, дека треба да ослаби)
Би сакала да не е толку нервозен тип. Може некоја ситница да го изнервира до бескрај и целиот да чури! Да биде малку поодговорен и не толку љубоморен
Би го сменила (и тоа како) неговиот глупав став Јас сум во право секгаш, ама ајде нека е по твое... узасно ме иритира кога се прави дека е во право ( а знае дека не е) и му е тешко да признае друго ништо, а би мозел и малку инаетот да го намали ...
Да не мисли дека цело време мутам нешто лошо , да не игра цело време на сигурно .. еден е животов , ако не испробаш сега , кога ? Ситници некои тоа би биле ама често знаат да ме извадат од такт .
Да не се фарба плав (да се мавне црн) Да има поголем интерес за нас. иии да не се понаша како дете на моменти !
Пред една година, би набројала повеќе работи... Сега (изгледа му дојде малце памет ) не ми менувала ништо ...
Да созрее малце во тоа тиквето и да почне да зазима строги ставови кон нешто,доста веќе со немање став и попуштање!Само мене ми се к*рчи во последно време,место таму каде што треба...таму каде што се плашат дека ќе им биде одземен објектот за вадење на фрустрации и хистерии. Ништо друго не ми пречи,добар дечко е,а бога ми и паметен.Добар и наивен е...го разбирам,не му е лесно и него.
Да не го достигнува степенот на нервоза кога не знае што прави и не се знае што може да се случи - опасно е за околината и да не биде претерано љубоморен како што знае да биде