1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што би смениле на вашиот партнер?

Дискусија во 'Врски' започната од TennisBabe, 30 јуни 2010.

  1. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Не би менувала сега за сега ништо :) Го сакам таков каков што е :)
     
  2. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
  3. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Трепките, би му ги сменила во буквална смисла, со моите...
    Дури тек тогаш нема да ми требаат два слоја маскара, еден ќе биде доволен за да трепките ми се плеткаат во веѓите ;) .

    Друго ништо, Петко мој е совршен, ама си е само мој, така да си знаете :l: :muscle: .
     
  4. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Љубомората..ептен претерува..тврдоглавоста.. и косата да ја пораснит и плав да се фарбат му стојт..
     
  5. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Еднаш сум пишала на темава, ама имам да додадам :)

    Со оглед на тоа дека живееме заедно, што неговите мани и навики ги проучив у танчина, ги искусив на дело, пред два месеца му направив една листа на нешта кои бараат ремонт и тоа под итно!!!! ....му ја залепив на фрижидер, за секој случај де :D

    Еве жени свечено ви ја препишувам тука.


    Млад Господине Либенце (тука нели името му стои де) ,

    Со оглед на тоа дека моите неартикулисани врисоци од длабочините на моите петни жили, предизвикани од тебе, пренесени до тебе по усмен пат не утичаат на твојата фреквенција ти се обраќам по писмен пат.

    Доколку не се почитуваат одредбите од овој Договор, ќе се почитува некој монголски начин на решавање на конфликтите :)

    1. НЕ ФРЛАЈ ЧОРАПИ ВО ХОДНИК!!....значи после мојот работен ден најмалку што сакам да ме пречека од другата страна на влезната врата дома се твоите чорапи проткаени со арома „ Ла патик парфуме“...во нашето купатило постои корпа за алишта донесена еден убитачно мразулски февруарски ден од Пластичарската...секако дека ја знаеш, ја донесе ти :)

    2. НЕ ОСТАВАЈ ТРОШКИ ПОД МАСА!!...и секако дека сум толерантна и разумна за нормална количина од истите, ама залиха за прехрана на цело јато чавки под мојата маса, врз мојот усисан тепих не иде во обзир!...те молам, те проколнувам јади, а не собирај придонеси за гладните во Етиопија зашто мојот задник е напупен додека ги собирам истите...или без трошки или официјално ќе имаш дружба со правосмукалката секој ден...изборот е твој.

    3. НЕ ЛУМПУВАЈ РАНО ПО САБАЈЛЕ!!...кога ти идеш на работа од рани зори, а јас просто сум благословена да спијам те молам немој твојата завидливост да ја покажуваш со тропање на вратите од купатило, дневна...буричкање по плакар и треснување на вратата од истиот мин 3 пати, довикување на моето име зашто баш тогаш ти не знаеш кај стои пешкирот, која блуза, кошула и ватевер ќе ти одговара повеќе на тие фармерки...АМАН!...сакам да спијам и доволно сум толерантна што морам да ја трпам најнеподносливата музика што моиве уши ја имаат слушнато а доаѓа од твојот аларм.

    ..........има уште 3 додатоци на списоков, ама ме мрзеше да препишувам, плус нејќам да ви здосадам де ;)

    Битно, рака на срце Либенце се поправа на моја радост...што значи од коа го земав у закрило го напраив човек бре :D :D
     
    На Srekicka, thelittle17, INSIDIOUS и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Чајот го пие со две лажици шеќер! :tmi: Е тоа би му го сменила,со нула лажици шеќер.

    И,алармот на мобилниот кој звучи како језива сирена за воен напад.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ниииишто, го сакам таков каков што си е
     
  8. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    ништо не би му сменила, го сакам таков каков што е, со сите мани и доблести. Доколку му сменам нешто никогаш не би се заљубила во него, правен си по моја мерка :lol: :lol:
    иако на моменти ме нервира онаа негова добрина :@ (душо моја многу луѓе ти ја користат иако не заслужиле)
     
  9. Wytney

    Wytney Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    8
    Спашло е и тоа голем ама ако пак си го сакам :lol:
     
  10. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Па би го уозбилила малку,. добро малку повеќе.Многу е неозбилен бе... инаку вака е супер :$
     
  11. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    па овој мојот е преозбилен кога и да казам сега се сериозно свака :worried:
     
  12. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Ако кажам дека не би му сменила ништо затоа што го сакам таков каков што е секако би излажала. Има моменти кога ме нервира многу и ми се иде не да променам нешто кај него, туку да го променам него ! :devil: Епа, веќе подолго време се трудам да променам некои работи кај него, но нешто слабо ми оди. Еден ден ќе е таков каков што сакам, веќе другиот ден ќе си е пак стариот. Ајде можеби некој ден ќе ми успее. :)
     
  13. bonbona92

    bonbona92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    128
    Единствена работа која би ја сменила е неговата преголема гордост..
     
  14. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    226
    неговото минато.
     
  15. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е кажувала-еден маж е таков, како што го прави жената. Ако сега го научам Миле да му приготвјам веш за после капење, цел живот ќе го правам тоа...Или јас да му ги чистам обувките, како тој да не може, или како јас да немам друга работа. Почнав јас така да правам, од грижа кум него, али понекогаш ме нервира, примерно го хранја Мартин, тој ми вели приготви ми веш, ќе се бањам..Аааааааа не :^) Ќе си земеш сам, нема јас да му прекинам јадење, да станам веш да ти дам :D како не.И такви некои ситници кои малце ме нервират, ама јас сум си виновна, ќе му ги премахнам ендо по едно :devil: :D
     
  16. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    да не се однесува како дете во одредени моменти,,тоа навистина ме нервира,кога се однесува незрело...да штеди пари,преку глава мие тоа негово трошење без потреба а потоа само се жали дека му требаат пари...да не ја фрла вината смао на мене,,,за било каква ситница тој вели јас сум виновна,,сакал неговата девојка да е идеална ,во оденсување и се..па и ја имам свои лоши денови и неможе се нај да сум со него и со другите..се сили некад дека мора тој што че каже да биде,,а па к се прави тоа што јас велам..мразам кога нешто ќе излажи а мисли дека го верувам...иако за ситница,,глупост ,што не е ни важна...и уште една работа,,,премногу е реален за живото,кажува што како,,не ми симнува звезди,,итн,,,тоа го ценам кај него..
     
  17. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Би го сменила неговиот инает и тоа што премногу бира јадење(скоро ништо не јаде (од инает)).
     
  18. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.017
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Darya му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Значи, во неговиот психички изглед не би менувала ништо, затоа и најмногу си го сакам :inlove: . Но, би сакала да го сменам неговиот физички изглед. Поубав е кога му е права косата (т.е.природна му е виткана , а со права е поубав), да се здебели малце (иако на тоа работиме, за разлика од полани има +10 кила), малку да се развие во градите т.е.да се прошири, нз како да го опишам неговиот од, сакам да оди како машко а него неможам да го опишам како оди некако едната нога му закривува и не ми се допаѓа како оди :tmi: .. Иначе јас се замижав бидејќи многу си се сакаме,послушни сме,не сме љубоморни абе шо да кажам нешто најубаво е.. А се надевам дека и ке се разубави повеќе наредниот период :) ..
     
  20. Darya

    Darya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    51
    физички не би сменила ништо.... али дај понекад нека прави така како што вика... еднаш у живот нека направи план за нешто макар и да не го реализира, а не да спие на тоа уво дека јас сум таа со добрите идеи ... најнов момент види што има на викенд да идеме некаде :fubar: мало сутра ако ти се иде резервирај ќе дојдам... би го сменила и делот со ударање у гради, али ајде и тоа би прошло некако ако она погре се смени :angel: