Мислев, мислев ама не дојдов до некој посебен заклучок не сакам да менувам ништо си го сакам баш таков каков што е со сите негои маани и врлини...
Физички ништо не би сменила, но би сменила некои негови размислувања,нарочито околу мојата облека,незнам дали имаме различни вкусови или што,но би сакала да го смени тоа размислување (да се разбериме облеката ми е скромна, не премногу разголена итн, ама ете има нешто што тука ме нервира)
Во принцип, скоро ништо. Совршен ми е ваков со сите маани Само би сакала малку попозитивно да пристапува кон одредени работи во животот, малку пооптимистички да гледа на тоа. Не само да се замара со црни мисли. Иако, морам да признаам, гледам одредени (мали но битни ) промени на позитивно кај него во последно време во однос на тоа, ама ај да не го урочам, да си заќутам сега...
Малку да е поопуштен, да не се замара за секоја ситница. И да не прави од мравка слон. Само тоа. Инаку е совршен.
Да не се нервира толку многу за нешто што не можи да смени и да не им попушта на сите,да не е толку наивен.А мене верувале или не, ми е совршениот за мене.Да барав како него до сега немаше да најдам.Знам, господ ми го донесе принцот за кој што сонуваат сите девојки.
Ммммм некогаш мн ме нервира и коа се караме му кажувам дека сакам да го сменам али факт е дека него си го сакам и ако смени нешто тоа нема да биде тој - мојата најголема љубов
Да не е толку ЛАБАВ и со ништо да се се замара(освен со мене) и ако му кажам да направи нешто одма нека го направи, а не после,чекај има време,утре, важи и никад да не го напраи.