Да не е голем инаетчија, да не сака се да биде по негово, да не биде до толку љубоморен (пошто он е претерано), да ме слуша повише (пошто се си прави како што он си зацртал и не прима никаков совет и после страда) и да ми дава слобода (немам никаква слобода од него,дури ни кај другарка не смеам да отидам на кафе,а камоли па на некое друго место).. многу лош карактер има,одвај издржувам со него!
неговите постапќи кон мене кој што се дешаваат ретко.Според мене тоа го сфаќам како тестирање колку сум издржлива и дали некогаш ке го оставам. Да ви објаснам што се случи..... Се запознавме се ни беше убаво и никогаш не ни верував дека може да се деси нешто такво од него но ете се случи и тоа. се договоривме после часови да се сретнеме да прошетаме малку ама го немаше 5 часа (среча времето беше топло) ја си тупкав у место и на крај му се јавив да го прашам кај е ми рече дека идел,а јас готово да . и после кога дојде ми рече браво стварно си она права ниедна не ме чекала волку ти навистина ме сакаш-ми вика. И ја му викам па што мислиш ти . И така после не се одвојвме додека не се стемни после тоа кога си отидов дома многу ми недостасуваше,но за некое чудо ми зацвоне телефонот и што да видам бев точно ваква ----- и така си правевме моабет до 4 сабалје
кога зборува да не мавта толку со рацете мислам шамар ќе добијам..хах да подослаби малку- се здебели со мене кога почна да оди и да биде малку повеќе страствен и опуштен Спојлер може носот а и не мора
да не е толку забраен ( понекогаш од такт ме ваѓа кога ќе заборави нешто) и малку да се здебели малкуу поубав ми беше кога беше ко пукакна
Физички - да биде малце подебел зашто сега е ееептен слаб Карактерно - хмммм стварно ништо. Мислев дека ќе ми текне на нешто ама слабо.. совршено несовршен е
Избувливоста.. некогаш не ме остава да се докажам од што рипа одма и зима залет за да се искара, а тотално нема никаква причина за тоа. Да ме оставел да сум се доискажела ќе се уверел самиот, ама јок. Љубопитноста. Недај Боже да спомнеш име на некој, па и опис да му дадеш и сето тоа додека зборуваш за некоја интересна дешавка. Ќе почне - А кај живее, колку години има, го/ја знам ли, абе милиони прашања! Мини инфаркт добивам при секое вакво прашање. Страшно ме напињаат. Моменталноста. Нема трпение, секоја желба сака да му се исполни во секунда. И дефинитивно, би сакала да биде многу поамбициозен и повеќе вреден, зошто со ова темпо и желки да чуваше до сега ќе му избегаа..
Би му ја зголемила точката на вриење, зашто баш и не ме бендисува сегашнава. Значи, избувливоста, под чие дејство неретко кажува глупави работи за кои подоцна се кае. Не дека пречесто има прилика да избувнува, ама и во тие ретки моменти кога имам прилика да ја видам и таа негова страна, ми дава до знаење дека тоа е тоа кое кога би можела радо би го искоренила од него.
Ако посакам нешто да менувам,тоа значи дека не е тој што ме привлекол со сите негови маани и доблести за да се заљубам.Потребата да се промени нешто кај другиот значи идеализирање на нешто што не постои.
Инаетот малку да знае да попушти некогаш.И да не брза до заклучоци пред да се објасни нештото.ама пак си го сакам
Да не биде толку голем инат и љубомората исто така премногу е љубоморен и се лути за се веќе ми е смачено А физичкиот изглед да биде малку по секси, да биде набилдан малце ама не да биде претерано