Еве, јас уште од петокот учам, ама никако да седнам. Уште од петокот читам лектира, до 70 страна сум.
Уффф аја јас почнав со социјалната медицина...поглупо нешто нема! И се мотам и јас онака безвеза...Хај Смајли
УФФФ! И тоа, само во кревет, да се изнаспијам, да спијам, до миле воље. Зошто утре сме понеделник? Па уште и втора смена во школо, што највеќе мрзам, уффф.
Абе убаво е, само што во 8 сум дома. Дојди, јади, на компјутер, спиј. Од сабајле не ти се станува во 9, спиеш до покасно, и право во школо, немаш време за ништо. Башка и, вторник и петок, не е сигурно дали ќе стигнеш на време, кога си прва смена, нема многу гужва. А сега кога сум втора смена, ќе биде препуно, едни се враќаат, други и идат накај школо.