Онака, лабаво. Имаше одма селфи и такви срања, а за денес се планира масивна фотосесија. Класната ми е по Англиски, а жената едвај кажува Хелоу. Прелепо бе Кај тебе како оди? Кога ќе ви даваат книги?
Spoiler Извини касно враќам, не бев тука. Зашто тешко мене? Лузери ли се сите оние кои сакаат да тргнат на школо? Вие што нејќете фаци сте? Најјаки сте? Е за жал опкружена сум со такви како тебе и не можам да ти кажам колку ми е криво поради тоа. Малку ви беше три месеци. Значи јас не сум нормална со умов пошто сакам да одам. Е алал да ти е. Невермет, со среќа во средно! Сите петки да ги редиш.
Spoiler Јас арно поминав искрено кажано..па најдов неколку така шо можам по некој муабет да тепам..ама сепак преубо беше Кај тебе како е? Лела ма кај си ти.. П.С аватароот..но комент!
Spoiler Ами Лела искрено да ти кажам и јас тука во Битоливе сум..си се петкам до гимназијата Таки Даскало секое сабајле..ама важно тука сум Иначе немој да си го менувала аватарот..ќе те скршам И јас од мала со мали мачиња живеам..со нив имам спиено..многу ги обожавам..преубави и преслатки животни се
Да се приклучам на бандава cat-lovers,орасната сум со мачки. И јас ги обожавам,преслатки,бушавки и мили се.
Абе едноставно неможам да му одолеам на моето маче..онака ќе си дојди кај мене и ќе почни да се гали,да си игра,ќе легни за да ја чешкам на стомачето..оф господее ќе си умрам кога е толку слатка
Муабети за мачки сте започнале. А не викате, а? Јас не сум израсната со мачки. Не оти сум веќе порасната. Ама последниве години... Не можам да избројам колку сум чувала до сега. Дримке, како школото? Ви дадоа домашна? Кјути, ни под разно не го менувам!
Јас сум израсната со мачки и други животинки. Ама мачки најмногу имав. Едно време ми се насобраа 9, но ги подарив. Моментално си имам една прекрасна минијатурна пантерка што ја чувам уште од месец дена. Мислам, знаете скоро сите....