Што би и кажале на форумџиката над вас? Мама не ме пушта Не ми е добро цел ден, прееска се онесвестив па доаѓаа да ме земаат и сега забранет излез. А и имам многу за учење Ти?
Што би и кажале на форумџиката над вас? Aман бре, од што? Од времево што е вакво никакво да не ти се слошило? Јас чекам да ми кажат другаркиве дали му се шета
Што би и кажале на форумџиката над вас? Проблеми со сонцето и алергијата Ќе им се шета, како да не им се шета
Што би и кажале на форумџиката над вас? Жапче - штрапче, треба да се направи опција на форумов да можам да ти ги лајкнам сите мислења одеднаш Да се обраќам кај Билката, м?
Што би и кажале на форумџиката над вас? И мене, ама тоа е. Мада убаво ми рече другарка ми, џабе се нервирам. Да не беше сега - ќе го изедеа. Морбидно, ама вистинито.
Што би и кажале на форумџиката над вас? Ливинг, ти оставам аманет, ак ме барат овде некој - да се погрижиш, ил ак ме пцует - да го зејш збокси, зш ја морам да учам. Умно дете сум ја, кажи?
Што би и кажале на форумџиката над вас? Еј откога го немав слушнато ова да го зејш збокси. Амор чекај, ја згрешив темата, се распуштив и овде на охритски Ич без гајле, ќе ти чувам место
Што би и кажале на форумџиката над вас? Леле Туфче и мене ми е жал, само не разбрав Туфче што беше. Хрчак ли што. Ливинг, нек те смеат или стават во мисла постовите лајкови не се толку битни. Море Мерлин озбилно интересен е потписот ама и ова жутава Мерлинка што се ќејфи на ветрето ццц
Што би и кажале на форумџиката над вас? Леле душа од оние жолтите. Јас имав две такви ко мала. Едното го исчувавме дур порасна пак почна да се качува на седмосед да кукурика само немаше уште глас за тоа. Го однесовме кај тетка ми и на втор ден куче го лапнало пошто таму сите страшливци од животни. Немало кој да го пази кутрото
Што би и кажале на форумџиката над вас? Овие беа 5, т.е. едно мое, а четири на братучед ми. Ги чувавме заедно бидејќи се топлеа едно од друго. Е сега на него му се превртело капачето со вода и едното му се намокило и „паметниот“ го сушел со фен. Другите четири останаа што останаа, излегов, враќање вечерта: „Мамо каде се пилињата?“ - „Кај братучед ти“. Си викам баш фино. Кога се вратив дома денеска, имаше што да видам.