Искрено, не очекував дека волку ќе се радувам. Првиот пат кога ја видов рекламата за кошарка си реков: Леле не, пак ли ќе замараат. Ама сватив дека сум направила голема грешка. Прв пат во живот оваа година гледав кошарка. И прв пат, вака да сум радосна неколку дена со ред.
Со свртен грб да гледаш! Ова за Сеси беше А мене замисли како ми е, омилен спорт, екс кошаркар, наш тим, полуфинале. Не да се мрднав, уште малку на клиника ќе завршам
Мене више ме фркна стомак, како ќе издржам во школо, јас незнам. После школо ќе идам на плоштад, а после како ќе се вратам кога ќе победиме јас незнам, ај ова што играме, оправдано е, ама ова што е петок- НЕ.
Јас не спиев, ќе пробам прва четвртина нормално да гледам, ако не е на арно после само ќе слушам, или ќе си излезам на тераса ко песната
Јас ќе бидам секако на тераса, за вас не знам Леле морам да си пуштам некој филм да гледам оти ова не се издржува Пирамид, ти на работа си мор, или не? Ќе го фатиш натпреварот ?
Нема денес ако победиме, има денес кога ќе победиме Море, опремени сте за навивање? Јас само со дрес сум, се двоумам дали да одам темперни да купам и да се нацртам на лице. Јас пуштив филм, и го исклучив Не можев да се концентрирам.
За жал сум, ама ко да не сум, но за среќа секогаш ми е скратено во петок Не да ќе го фатам, и оро ќе играм! И денес шо ќе јадеме? Тортиља? Паела? Тапас нешо а? Интересно е шо денес у секој случај победува жолто-црвена комбинација
Јас завршив со школо и спокојно ќе си гледам. Пирамид, ако си на работа бегај. А и тие што се на школо. Па еднаш сме во полуфинале, бре.
Јас имам знаме Па не знам и јас дали ќе имам концентрација да го гледам, почнав да пишувам пост во една тема и исклучив, немам концентрација за ништо.