Паа.. имавме само 2 часа, и тоа дремевме, само историја што не испрашуваше нешто. 2-3 класа бевме, од цело школо, и тоа сите прва година мислам дека. х) Ама многу ми е криво, што не отидов на плоштад.
Да не ти е криво многу што не отиде. Јас бев, ми се слоши и си отидов.. А од кошаркариве ништо не видов, премногу гужва. Исто така дома неможев да се вратам, немаше автобуси! Кога дојде еден после саат ипол си реков мечка страв мене не страв и се бутнав. И вода течеше од мене кога си стигнав дома. Ама затоа во Аеродром кога ни поминаа со панорамскиот се изнагледав и изнаврискав На метар од мене беа.. И да, ги снимав
Тоа да, и јас кога гледав кошарка на плоштад, ми се сврте, многу имаше гужва. А не па денес, кога се враќаа. Барем слики стај ни, пошо видеа, незнам дали може да се ставаат. Ко што сум у пмс, ми иде да се расплачам, што не бев, барем на аеродром. Љубоморна сум и на СексиЛејди. х) Иако Антич не ми беше нешто.. х)