1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што боли повеќе?

Дискусија во 'Психологија' започната од Anely, 30 април 2011.

  1. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Од некои лични искуства што имате да кажете на оваа тема. Дали повеќе боли удар од рака или зборови или навреди упатени кон вас?
     
  2. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Што боли повеќе

    Дефинитивно ударот од збор
    Болката од физичкиот удар е моментална, може да потрае малку, но ке помине, и ке се заборави..а лошиот збор останува, лошото однесување.. ке ве тера да се запрашате дали "тој/таа" ми е вистински пријател, а точниот одговор е тешко да се добие :|
     
    На love.a7x, andzela94, Cancer-4 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Што боли повеќе

    Боли и едното и другото,не би да компарирам ама подеднакво ми се негативни и двете појави и не сакам да правам избор кога од две зла би одлучила кое е поголемо,бидејќи злото си е зло без оглед на амбалажа секогаш дава негативен исход.

    Секако дека не се забораваат навредливите зборови,остануваат врежани во меморијата како жиг и право чудо е во каков не тајминг можат да стапат на сцена.Затоа е потребно човек повеќе да вежба самоконтрола,бидејќи изговореното не се враќа назад,а навредите оставаат траен печат врз меѓучовечките односи,можат да се простат,но не и да се заборават.Навредите се еден вид психичко насилство.Доблест е да се разговара за нечие корегирање без употреба на навреди.Навредите посебно оние од најнизок ранг се оружје на лабилни индивидуи.

    Од друга страна физичкиот удар со било кој дел од телото врз било кој дел е исто така насилство.Исто не се заборава,нема повеќе да боли местото меѓутоа никогаш нема да заздрави споменот на постапката,па луѓе сме побогу се‘ може да се реши поцивилизирано-со разговор,секое замавнување е знак на слабост на агресорот и едноставно нема оправдување,не постои доволно добра причина,ни интензитет на чувството кој ќе го валидизира ова ниско однесување.

    Иако повеќето луѓе сметаат дека повеќе боли изречена навреда,јас сметам дека секој атак врз нашата личност дали со збор или удар е најпрво НЕОПРАВДАН и најпрво следи вчудовиденост и непријатна изненаденост,па потоа стапува на сцена болката,лутината и др.пропратни чувства.

    Затоа секој треба да си рече слоу даун и да изброи доволно долго пред да почне да се расфрла со аут оф контрол зборови или екстремитети наоколу.
     
    На ku4ence, presiosaP, girl.in.pink.dress и 7 други им се допаѓа ова.
  4. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    зборот многу повеќе боли отколку удреното за ударот секако нели дека и тоа е насилство еден вид на навреда но со текот на времето лузните заздравуваат а зборовите никогаш не се забораваат зборувам од лично искуство никогаш ги немам заборавено навредливите зборови од луѓе кои сакаа да ми нанесат болка тие подоцна се правеа како ништо да не се случило но јас одбив да комуницирам со нив повредата од збор е длабока и понекогаш ја памтиме цел живот.
     
    На Anely му/ѝ се допаѓа ова.
  5. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Па со оглед на тоа што сум прилично ситничка, но со остар јазик. Лично повеќе би ме болело да ме удри некој, отколку да ме навреди. За навреда ќе му вратам дупло, али за тепање у секој случај ја сум таа што ќе јаде ќотек :(
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Зависи од кого....

    - ако е некој близок - навредата или лошите зборови ќе болат повеќе (читај подолго). Физичката болка ќе мине за неколку минути
    - ако е некоја X фаца, небитна - зборовите нема ни да ме допрат, а уште помалку да болат. Ударот ќе здоболи
     
    На Blondydevil и anelleg им се допаѓа ова.
  7. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    зборови памтам... и да простам, сепак памтам, и секогаш кога ке го видам тој човек, ми текнува нешто што ми кажал, што многу ме повредило, а да знаев дека такво нешто сака да ми каже, би рекла, убиј ме, но тоа немој да ми го кажеш, ама ете... :/
     
    На ku4ence, srcekrsacka, milica-mica и 3 други им се допаѓа ова.
  8. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    79
    исто и јас.. можам да простам ама не и да заборавам.. памти па врати :/
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Има и кој да врати, и кога тоа се случува-јас секогаш сум присутна :)
    пример-една другарка ми се правеше ангел, тогаш беше верена, затоа можев слободно да и кажам за еден дечко што ми се допаѓаше, и откако вереникот ја остави, таа се фати со него...
    Еден ден, ги гледам, во неговата кола се, биле скарани, он налутен, таа си ќути, виновна фаца има, ме погледна мене, се правев дека не ја гледам, и си велам... Има Правда! :clap:
     
    На unlucky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    И јас ќе кажам дека болат и двете. Боли и физичкиот удар и ударот со зборови. Прво ќе те боли фактот дека некој посегнал да те удри физички и таа болка ќе ти се вреже во сеќавањата. Зборовите знаат да болат многу, особено ако доаѓаат од блиска личност. Знаат да заболат до коска, до средината на срцето.
    Но, тоа што не не’ убива- не’ прави посилн ;) и
     
    На Anely и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  11. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    79
    секој ќе си најде тоа што му следува.. само најслатко е ко ќе вратиш ти :D
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Дефинитивно зборови. Болката од ударот поминува после некое време, но зборовите можат да болат и да те измачуваат со години :worried:
     
    На anab и N.A.T.A.S.A им се допаѓа ова.
  13. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    И ударот од рака и навредливиот збор болат ... но тоа зависи од личноста која те удрил а или те навредила ,ако таа личност ти е блиска и ти значи тогаш повеќе боли зборот , а ако е некој подалечен што не ти е гајле кое е неговото мислење за тебе тогаш повеќе боли физичката болка
     
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Боли ударот кој фала богу не сум го почуствувала, ама како што ме болеа зборовите тие 3 години кои ги трпев и сите забрани, ама ми се лекција убава вечна лекција и поука со какви личности треба да бидам во животов. Никогаш нема да дозлволам повеќе да ми ја деградира личноста затоа не сакам ни јас некого да деградирам и да го удирам со зборови.
     
  15. StefiNikola

    StefiNikola Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    57
    Најмногу од се боли кога некој што ти бил се ќе ти забоде нож во грб. Во мојот случај тоа е татко ми. Иако му простив и комуницирам со него, тоа што ми го направи секогаш ќе ми биде црвче што ќе ме јаде од внатре. :( :worried: :sweat:
     
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    зборовите од моите сакани ме болат повеќе ниту една физичка болка не е појака од душевната
    пред неколку дена таткоми ме уби со неговите зборови за кој беше во право но никогаш нема да ги заборавам ќе пробам да се одолжам и така да ги залечам раните ;( ;( ;(
     
  17. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    ОВЧАРОТ И ОВЦИТЕ

    Овчарот си имаше овци, кучиња си имаше. Пријател беше со еден старец. Кога доаѓаше пролет, старецот му ја подаваше раката:
    - Добро дојде. Како помина со стоката, добро? - го сакаше многу старецот него. Една есен, кога се бакнаа, се прегрнаа двајцата, старецот рече:
    - Да се здружиме добро, сега овде да се здружиме. - На овчарот му рече: - Море побратиме, не е добро, ама не знам зошто здивот ти мириса (ти е тежок).
    И тој му рече: - Е, море пријателе, не те замолив - извади нож!
    - Што сакаш?
    - Извади нож! Пресечи ми ја малку усната!
    - Зошто да тија пресечам усната?
    - Пресечи! Ако ме сакаш мене како брат, како ме имаш сакано, да ми ја пресечеш усната, рече.
    И тој му ја пресече усната. Кога дојде пролетта:
    - О, добар ден, побратиме.
    - Добре дојде.
    - Шшо иравши? Како си? - се гушнаа. - Како ти оди?
    - Добро. Многу добро поминав, рече.
    - Море побратиме, ти има поминато усната шшо ти ја бев пресекол.
    - Е, усната помина, ама зборот не помина. Зборош што ми го кажа, не помина.
    - Зошто?
    - Зашто ми кажа дека ми смрди здивот. Штом ми смрди здивот, не сме браќа ние двајца. Не сакам ниту да ми зборниш, ниту да ти зборнам.
    И се разделија.
    И навистина: сета рана поминува, останува зборот што ќе ти го каже еден човек за лошо.

    Имаше една слична со дрварот и мечката
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    И едното и другото боли многу а посебно ударот со зборови кој ни е нанесен од блиска личност која ни значи многу во животот. Физичката болка поминува, избледува со текот на времето и се заборава, а зборовите вечно се паметат и оставаат белези во срцето.
     
  20. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Дали е шлаканица дали е збор сето тоа поминува ако некоја личностос не ти значи.Ако таа личност ти значи и си имал доверба тогаш болката е многу голема. :)