Зборовите,поготово оние кои никогаш не си ни замислил дека ќе ги слушнеш а не пак да ги заслужоиш. Тоа се оние зборови кои ќе ги памтиш цел живот! Следно лагите и предавството
Ааа бидејќи толку коментари има ќе може некој доброволец да ми состави писмена работа на тема „Тешка рана оздравува, ама тежок збор не се заборава“. По можност да има воведен, главен и завршен дел.
Ако е од некоја личност што ми значи,повеќе ќе ме здоболи навредата или лошите зборови. А ако е од некој што не ми значи нормално ударот,за навреди и јас ќе го навредам.
Јас мислам дека и ударот и зборот болат еднакво кога ги добиваме од сакана личност. Ударот можеби повеќе. Зошто? Затоа што сме го добиле од личност која пред тоа не милувала, која била добра и внимателна, па дури и заштитнички настроена кон нас и одеднаш - удар. Ударот знае да ја избрише за 1 секунда таа љубов што се создавала со години. Ударот веднаш ни ја покажуваа таа личност во друго светло и ние со неверување се оддалечуваме од неа. Толку од почитта. Тука завршува се. Притоа не е до физичката болка, туку до фактот дека не удрил некој сакан кој и тој остава белег како зборот.
Definitivno udarot od zborot Izjavite (zborovite) na nekoi luge i vo "grob ke si gi nosam" Epten me povredile;a i promenile. Sekogas vikav deka poarno da me "nokautirale" otkolku da gi kazele nekoi zborovi.Nokautot bi go prostila ,zborovite NIKOGAS. Grev e toa.Boli. Treba da se pazi so se "slapa"
Немојте на ваков начин да промовирате насилство и да им создавате изопачена перцепција на младите девојчиња дека е ок некој да ги тепа. Велите физичката болка поминува, зарем не ве повредува и емотивно кога некој ќе посегне по вашиот физички интегритет? Зарем можете да сакате или да верувате дека некој ве сака ако ве претепа? Не заборавајте дека физичкото насилство понекогаш остава трајни и физички и душевни оштетувања. Прашајте ги жените жртви на насилство дали болката поминува.
Неможе да те заболи навредата упатена од некој кој не ти значи ништо, боли само од оние што ни значат.За физички удар, боли но ке преболи, она кажаното не преболува..
Зборот боли, поготово ако е нешто што не сакаме да го слушнеме, и многу е важно како ќе биде кажан и кој го кажува.
Повеќе боли лош збор, навреда, лоша постапка. Душевна болка е поголема отколку физичката. Физичка болка ќе помине, но душевната никогаш. Душевна болка остава лузни и рани на срцето со неа ќе живееме со години се додека не се појават личности кои ќе делуваат како мелем на таа рана. Години ќе поминат но ќе го памтиме секој збор упатен кон нас од личноста која ни предизикала болка.
Зависи од кого.. Но сепак би рекла лош збор.. Одредени лица во животов мој не го разбираа тоа порано, па еднаш една од тие личности ме праша.. - Зошто си таква? (Лута бев)... Му објаснив како и на кој начин ме повредиле зборовите.. На тоа добив одговор - еј па ти, што си земаш при срце, само зборови се, не биди такво злопамтило... Памтам навреди, зборови кажани во афект...тогаш човек го кажува и она што во себе го мисли... Сеуште не си простив што си дозволив толку зборови упатени кон мене да влијаат како што влијаеа.. Да ме претепаа, ќе ми поминеше.. Вака од време на време ме маваат кризните моменти..
Дефинитивно лошиот збор,психичката болка! си имам лузни по душата што си ги лекувам откако постојат, но лузни,залудно останаа испишани некаде длабоко во мене и секогаш кога ќе се сетам на нив си печат си болат ужасно, како повторно да се отшиваат...
Од блиска личност што ми значи зборови и те како може да ме повредат многу. Така да би рекла зборовите повеќе болат.
Болат зборовите од личност која ми значела. Некогаш и додека ќе видам нешто на кое ме потсеќаат автоматски се сеќавам на тие моменти и како сум се чувствувала и одѕвонуваат во ушите како вчера да било. Пробувам да ги игнорирам, но грутката во грло и чувството како нешто да ми го прободува срцето не ме одминуваат. Се надевам дека еден ден ќе заборавам на се.