1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што боли повеќе?

Дискусија во 'Психологија' започната од Anely, 30 април 2011.

  1. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Најмногу боли кога ке ти забијат нож во грб.
    Метафорички.

    Не за џабе така гласи и изреката дека кажаниот збор повеќе боле од ударот.
    Од ударот ке имаш повремени физички модрици, ама кажаниот збор ти се врежува во срцето засекогаш.

    Ме повредувале и моментално сум била како накисната крпа, ама затоа сакајќи сум повредувала, па уште еднаш не се повторувало искуството ;) .
     
  2. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    психичка болка боли повеќе дефинитивно...
    и некогаш кога неможам да издржам се гризам за раце, оти подобро ми е раката да ме боли отколку душата :(
     
  3. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    зборот повеке боли...
     
  4. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    И двете работи знаат и те како да те понижат и да направат да се осеќаш безвредно.
     
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.992
    Пол:
    Женски
    Секако зборот,и ударот секако,но некои зборови не се забораваат никогаш,и ден денес ме болат,особено кога се свесно кажани :(
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Второто.
    Рана како рана, модринка, црвенило може секогаш да заздраве и да ја снема, но раната направена од збор стои отворена и пече секогаш.
     
  7. k.r.i.s.t.i

    k.r.i.s.t.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    50
    Боли секој збор кажан како навреда,зботор каде што може да допер,шлаканицата не може!
    Некои ке речат-ЧОТЕКОТ ИЗЛЕГОЛ ОД РАЈОТ! или МЕЧКА ОД ПЛАНИНА СЕ УЧИ СО ЧОТЕК,А НЕ ЧОВЕК!
    Ударот е моментален,црвенило модринки ке поминат,но мислам дека подеднакво боли и ударот и зборот,бидејќи ако ударот е упатен заедно со оштра критика или со некоја навреда болат многу повеќе и остануваат секогаш запаметениКога станува збор само за навреди како што викаат ПАМТИ ПА ВРАТИ и јас така можеби тогаш моментално не ,ама кога ќе начекам шанса му правам реванш од одма и му вракам двојно!За физичка пресметка не коментирам затоа што сум крупна висока и мускулеста најчесто ако дошло порано до таков настан,не сум била јас таа што била тепана!Но сепак физичката пресметка е нешто што мене ми е глупаво и мислам дека ја користат луѓе кои не можат повеке да издржат вербална расправија и кои не знаат што да кажат и се чуствуваат слаби на тоа поле,па сега дај да видиш,јас ке те истепам оти ти не си доволно силчен за тоа! |(
     
  8. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Дефинитивно зборот.. Рана од удар ќе заздрави колку толку, но некои рани од зборот никогаш нема да заздрават...
     
  9. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Повеќе боли збор.
    Раната ке заздраве, модрицата ке помине ама зборот ке го памтиме секогаш.
     
  10. LuDaChA22

    LuDaChA22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    29
    навредата дефинитивно!
    ако некој те удри ке боли ама ке помине и ке заздрави, ама ако некој ти каже нешто лошо тоа не поминува. ке остане засекогаш.. :(
     
  11. claudi00

    claudi00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Повеќе боли зборот..затоа што ударот ќе помини во секој случај но зборот останува во нас и секогаш ќе не боли тоа ...тој никогаш не може да изчезне за залл....
     
  12. thatsmysecret

    thatsmysecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    215
    уф, зборовите и тоа како болат повеќе. не се забораваат како што се заборава една рана. раната полека полека заздравува, ама зборовите остануваат во главата.. колку и да каже некој „извини, не мислев така“..
     
  13. Lilian

    Lilian Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    13
    Многу повеќе боли кажаниот збор,стореното лошо дело. Викаат дека од устата може да излезе нешто толку лошо,а не може да се врати. Само кажаниот збор не може да се повлече или измени,а може да повреди многу.
    Физичкиот удар и физичката болка се минливи. Денес имаш модрица,за 2 дена ќе помине. Можеби ќе се сеќаваш на тоа како лошо искуство,но не толку значајно,како што ќе се сеќаваш на она што некој ти го кажал,а со тоа силно ти ги повредил чувствата.
    Човекот дефинитивно е страшно сурово суштество...за жал.
     
    На Anely му/ѝ се допаѓа ова.
  14. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Како што може моќта на зборот да те заболи не може ниедна телесна повреда да се мери со тоа.
     
  15. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    5.841
    Од кога започнав да одам во забавиште па се до некаде 4то одделение, ни раскажуваа приказни со лавови, волци и сл. Тогаш е многу интересна приказната и се обидуваш само да ја научиш за да ја прераскажш повторно ти, но сега сфаќам дека сите тие приказни биле кажани, а воедно и напишани со една цел.
    Една басна е со 'Лавот и човекот', каде што е даден одговорот на ова прашање.
    Зборот боли повеќе. Болката кога тогаш ќе исчезне, но зборот го паметиме.
     
  16. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Мислам дека повеќе болат кажаните зборови
     
  17. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Навредата болит најмногу... ударот, раната и што и да е еден ден ќе поминат а кажаните зборови секогаш остануваат врежани во нас
     
  18. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    90
    навредата дефинитивно,како што вика баба ми ТОА ШТО ЌЕ УДРИ РАКАТА ЌЕ ПРЕБОЛИ,АМА ТОА УСТАТА ШТО ЌЕ ГО КАЖИ ОСТАНУВА.
     
  19. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Зборот дефинитивно! Удар боли краткотрајно и се заборава многу побрзо отколу зборот. Навредата допира многу подлабоко и создава поголема болка. Памтам зборови од сите кои ме имаат навредено, а удари сигурно има повеќе од тоа што паметам и сеедно ми е.
     
  20. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Зборовите,и тоа како!!!