1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што боли повеќе?

Дискусија во 'Психологија' започната од Anely, 30 април 2011.

  1. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    Точно е дека и двете болат, но според мене болката предизвикана од лош збор боли повеќе и трае подолго, ако не и засекогаш. Не за џабе рекле „Има зборови кои се поостри и од најострата сабја“.
     
  2. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Боли ударот од рака, боли моментално, а евентуално ако бил премногу силен нека боли 2-3 дена и ќе го памтиш може и 2-3 месеци. НО болката од зборови мене лично премногу ме боли, таков карактер сум, памтам се и неможам да за заборавам. Имам ужасна меморија да речам и сите зборови кои ме повредиле остануваат длабоко во неа и не се бришаат за жал. ;( ;( Темава ме погоди во срце има премногу зборови кои ми прават огромна болка.
    Најголемата болка ми се навредите и ужасните зборови од татко ми :(
     
  3. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Ударот ќе помине... За еден час,ден-два,месец, еве година нека биде ако бил толку болен. Но зборот особено зборот од некоја драга личност кој ве навредува е нешто што ќе го паметиме целиот живот.
     
    На Chicken.che му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Удар- ќе ме удриш, можеби ќе ме боли, можеби не. Ако ме боли ќе плачам. Ако плачам, ќе плачам ден-два..Ќе плачам и подолго. Ама нема да плачам цел живот. Ќе заборавам.

    Збор-Ќе ме повредиш. Ќе ме боли? Секако. Ќе плачам. Ќе плачам ден-два..Ќе плачам и повеќе до крајот на животот.Нема да заборавам.

    *зборот плачам во случајов е со преносно значење.
     
  5. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Зборот, секако. Удреното поминува, кажаното не. Не за џабе викаат "Уста што ќе каже ниту Вардар не ја пере" како и "Коски нема -- коски крши - Јазик"
     
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    зборот повеке боли. Посебно ако е кажано од некој кој ни значи. :)
     
  7. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Зборот :)
    мене колку што може да ме уништи еден збор и да ме боли неможе да се спореди со ништо,ма и со тепање не !
     
  8. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Удар од рака?! :^) Тоа веќе е насилство, кое никако не го простувам ...не ни размислувам дали боли или не...Туку ставам крај на се тоа што било дотогаш, безразлика за кој се работи и за што се работи! :doh: А зборот боли зошто често знаеме да преминеме преку него т.е. да простиме и да продолжиме понатака со контакт со таа личност..сме увредени, точно, ама пак пробуваме да средиме и да ги вратиме односите на почетниот стадиум, да направиме едноставно refresh кој не иде така лесно! Во секој момент кога ќе ја видш таа личност тебе нејзините зборови одма ти се вртат во главата, а тоа многу боли, секако дека боли, заслужено или не! :!:
     
  9. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Секако дека зборот боли повеќе. И ударот боли, не велам не и тој се памти и боли секогаш кога и да се сетиш на тоа, но модриците ќе поминат, болката ќе исчезне, но болката и повредата што можат да ја нанесат зборовите е многу поголема и подлабока од кој било удар. Ехото што го слушаме секогаш кога ќе ни текне на тие зборови повторно ја оживува болката и се се враќа назад - истото чувство, скршеното срце, повредените чувства, омаловажувањето, горчината и грутката во грлото, солзите, гневот, истата болка, се одново доживуваш и така е секогаш кога ќе се сетиш на тоа. Ништо не може да ја излечи лузната што ја нанесува зборот, ни 10000 извини, жал ми е, прости ми, не го мислев тоа не се доволни. Болката од зборот останува засекогаш!
     
  10. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Зборот боли повеќе,потоа колку и да се извинуваш..нема фајде..

    најмногу ме боли кога мајка ми во тандем со татко ми ми кажуваат ептеен грди работи
     
  11. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    дефинитивно зборот
     
  12. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Зборот боли највеќе...
    Физичкото ќе помине...недела,две,три.....но некои зборови ни се врежуваат во душава за навек,и ја печат цел живот.Тогаш ништо не преостанува,освен да се навикнеш со таа болка ;(
     
    На loly89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    Зборовите!
    Да те удрат можи ќе го памтиш, но болката ќе помине. А на кажаниот збор нема враќање
     
  14. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Болката од ударот кога тогаш ќе помине,ако се сопнеш и паднеш, па скршиш нога, но ако е нанесена од некоја личност, тоа е нешто слично како болка од збор. И едното и другото никогаш не се забораваат.

    Можеби збровите не оставаат рани и лузни на телото, но оставаат во душата, па кога тогаш ќе испливаат на површина.
     
  15. dlikedevil

    dlikedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    55
    Ударот боли моментално, а зборовите цел живот, поготово ако си многу виновен за нешто
     
  16. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    "два тpи збора обични, во право време кажани,вредат многу повеќе од сите романи напишани" !
     
    На vesni4kaxd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Зборот повеќе боли...
    Некогаш непромислено ,ненамерно ,некогаш со цел да навредиме некој,да го спуштиме на земја ... Подеднакво повредува ,остава вечна трага која не се заборава ...
    А оној физичкиот шамар ,ништо вредно ,ќе преболи и ќе се заборави ...
    Зборот тежи и вреди повеќе....
     
    На Saxobeat му/ѝ се допаѓа ова.
  18. girlinlove

    girlinlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    10
    паа и дветееее али сепак поисе зборот посо раната надворесна заздравува ама внатресната рана НИКОГАС!! од лицно искуство :(
     
  19. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Тешко е да се одлучам. Дефинитивно дека би ме болел грдиот кажан збор, но верувам дека ќе бидам многу повредена доколку некој кој го сакам ми удри шлаканица.

    Искрено, зависи од ситуација.

    Сестра ми кога ќе ме испцуе за ништо не ме повредува, но само еднаш ме има удрено за заслужено нешто и тоа го памтам и до ден денес боли.

    Не боли ударот, боли потегот.
     
  20. female07

    female07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Што е тоа во луѓето тажно што живеат во животи туѓи??? Тоа е вечна мистерија... можеби затоа што одредени луѓе немааат свој живот си лечат комплекси оговарајќи ги другите...
    Порано се замарав со сите, сега ми се битни само тие што ме сакаат искрено, малку се ама само нивното мислење ми значи и само тие може да ме повредат, а луѓето ќе те оговараат што и да направиш!
    Ќе чиниш за сите додека им угодуваш, познато е она - Секој ти е пријател додека има корист од тебе (секоја чест за исклучоците)
    Секоја планина, своја тежина.. терај си ја твојата зацртана патека, кога тогаш ќе успееш, а и да не успееш ќе научиш како не треба да постапуваш...
    А зборот... тој НИКОГАШ не се заборава! 100 пати извини да кажеш џабе е.. и со самото тоа што не забораваш кога некој ќе те повреди (нема таков човек, што заборава такво нешто) значи дека никогаш нема да простиш... ние имаме разум (или бар треба да имаме) не сме животни да реагираме инстинктивно во секоја ситуација!
    Убаво е секој ЗА СЕБЕ да има убаво мислење, но тоа убаво мислење да не премине во нарцисоидност или супериорност....
    Никогаш не ни помислувај дека си доволно компетентен да осудува нечиј живот или постапки...
    Еден е тој кој може да суди!!!! Труди се секој ден да бидеш се подобар, но САМО ЗА СЕБЕ, не барај совршенство - тоа не постои.. тоа е и убавото во животот!!!
    И она што е најбитно - НЕ СУДИ ПО НАДВОРЕШНИОТ ИЗГЛЕД НА ЛУЃЕТО, НАЈБИТНА Е ВНАТРЕШНОСТА! Колку и да звучи како клише оваа реченица, поздарав!