1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што боли повеќе?

Дискусија во 'Психологија' започната од Anely, 30 април 2011.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Повеќе боли зборот отколку физичкото тепање и мавање, тоа ќе помине ако оставило модринка, но зборот секогаш се памети :)
     
  2. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Делата секогаш болат повеќе од зборовите.Ако кажеш нешто, можно е да не го мислиш тоа, а ако мавнеш, тогаш сигурно нешто те поттикнало на тоа...
     
  3. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.313
    јас сум доста толерантна личност која многу работи не сфаќа здраво за готово. Знам дека голем број на грди работи кој не се мислат можат да се кажат во афект и знам дека не е така, зборот воопшто не ме повредува и не ме боли. Она што би ме болело е кога некој би посегнал да крене рака да ме удри. Сметам дека тоа би ме повредило бескрајно и понижило (доколку е од дечко, маж). Според мене повеќе би ме болело удар него ли збор
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Искрено повеќе болат зборовите. Ако на некој нешто имам да му кажам му го кажувам в лице, никогаш зад грб , па колку сака нека боли. Ако сметам дека одредени работи треба да знае би му ги кажала, тој/таа нека сватат како сакат. Некој некои зборови што ќе ти ги каже ( и уште зад грб мислејќи дека не го слушаш) не се забораваат никогаш, болат длабоко во срцето, ти го кршат на илјада парчиња (посветено до три „другарки“).
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ак некој решил да ме навредува, нека му служи на чест. Мене ушите ми се оперирани од такви работи.
    Само нека гледа да не ме удри, затоа што тоа - БОЛИ! Во вистинска смисла на зборот.

    Што си е сигурно - сигурно е. Нека зборуваат што сакаат, само рацете подалеку од мене. Не за друго, ситна сум, мала, да се одбранам не знам, да издржам удар физички не можам.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Раната (физичка) се лечи со тек на време, но лошиот збор никогаш. Таа рана на срцето не зараснува толку лесно, не се лечи и не се заборава...
     
  7. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    зборот се памти и боли ;(
     
  8. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Зборовите отколку ударот!
     
  9. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно повеќе би ме болело ако некој ме претепа, него ако ме навреди. Не се замарам многу со туѓите мислења во врска за мене. Си живеам живот како што сакам, можда и затоа неможе некој толку лесно да допре до мене.
     
  10. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    116
    боли и шлаканицата и лошиот збор но мене најмногу ме боли ИГНОРИРАЊЕТО ;(
     
  11. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Зависи од кого добиваш лош збор или удар, и зависи во која ситуација...и поради која причина...
     
  12. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Епа, во моментот ударот повеќе ќе боли можно, но како што иде времето нанапред, зборот е врежан во психата, а ударот избледува.
    Како и да е и двете ствари се болни, но ја би рекла дека зборот е многу поболен :)
     
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    Зависи од кого доаѓа лошиот збор или ударот...Ако те навреди некој што не ти е близок воопшто нема ни да обратиш пажња на зборовите....А ако е некој што ти значи тогаш лошиот збор боли многу повеќе од шлаканица или било каков физички напад :|
     
  14. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.881
    Допаѓања:
    13.410
    Навредата или ударот од некој сосема непознат, т.е. некој што не му обрнувам не ме болат, ама ниту малце. Ако ме удри - враќам, ако ме навреди пак враќам, и се така во круг. Не обрнувам толку внимание.

    Е сега, од поблизок боли и тоа како.
    Ај во игра да се удриме како на шала, ок. Ама да ме удри зашто е лут/а е тоа веќе.. незнам. Ќе го памтам ама не би ме болело толку колку што би ме болел зборот.
    А навреда или некој тежок збор од некој што го сакаш и почитуваш, од некој што мислиш дека ја заслужил твојата љубов, тоа би го памтела засекогаш.
    И да, не се навредувам од банални работи. Доколку на некој му смета некој дел од моето однесување, би го ценела тоа што би ми кажал - искрено. Е сега, колку јас би се обидела да се сменам незнам, веројатно ако е некој што го сакам би се сменила, а некој што ме видел два пати во година, би си останала на истото.

    Едно нешто што многу го мразам па макар и кажано на шала, е зборот МА. Угх, колку ме вади од такт, ми се одмилува тој што ми го кажал.

    И лесно се надвредувам, да.
    Но не за нешто глупаво. Стојам на тоа дека би сакала да ми кажете се во лице што ви смета. Но не со навреди ко на пример: Глупава си зашто твоето мислење не се совпаѓа со моето.

    Да не си психолог, па ми ја одреди менталната состојба? |(
     
  15. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Мене двете ме болат. Разликата е во тоа што удар од збор боли подолго време.
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Кога сме лути пцуваме,навредуваме,викаме. Немаме контрола над нашите зборови.
    Не’ боли кога некој ќе не’ навреде,но и ние навредуваме, макар и несвесно.После се каеме за тоа,да, ама во тој момент на бес не бираме зборови. Ако повеќе не’ боли зборот,ајде тогаш сите да се тепаме,наместо да навредуваме.Помалку ќе боли?
    Кога некој ќе ме навреди, заборавам,ама кога ќе ме удри тешко дека ќе заборавам. Сум била лута,сум навредувала,пцувала,викала. Едноставно немам контрола врз мене,незнам што зборувам. Потоа се каам за тоа. Но, никогаш не сум дигнала рака врз некој во тој момент.
    Така што дефинитивно ударот боле повеќе.
     
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    И двете.
    Ако ни каже некој погрден збор, ќе се превртуваме со денови, ќе размислувме за тоа, ќе не боле, ќе се запрашуваме и сл.
    Иако сме свесни дека многу работи се кажуваат во афект и во жута минута, на нас сепак ќе ни биде тешко.
    Е сега кога се работи за ударот, ќе не боли во тој момент. Или не дај боже, ако е стршно ударањето, може и цел живот.
    Ама кога ќе помине физичката болка, нас пак ќе не боли она другото, како да ни кажале некој погрден збор. Па мене ми е и навреда и срам ако некој ме удри. Секако ќе боли тоа, повеќе од шамарот.
    Или пак, уффф грозам се од ова, ама морам да кажам. Како им е на претепаните? Мислете дека толку им е до физичката болка? Да и тоа, ама траумите? Тоа не се заборава.
    И од ударот, и од зборот, нас не боли едно исто.

    Такви сме ние луѓето, само на душичката да ни биде погодено, таа да не е гребната.
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Ја овде би рекла, зависи од ситуацијата и кој е од другата страна.
    Ако е од некој што многу ти значи, значи не обични зборови или зборови на пример што ги користиме во кавга со брат/сестра зборот многу боли исто колку и силен удар, само што на ударот ќе се сеќаваш малку време додека не те преболи физички, а ударот од зборот можеш и цел живот да го паметиш.
    Ако е од некој што не ми значи т.е не игра никаква улога во мојов живот или едноствно не ме интересира
    ни едното ни другото не болат толку силно ако не те погодат длабоко во тебе, од кого било зборот може многу да боли ако те погоди кај што треба, и од мало дете знае зборот да боли.
     
  19. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Паа како и другите зависи за што се работи,но досега што сум имала случки повеќе ме боли навредливиот збор бидеќи го паметиш а да ме удри можеби ќе ме боли во тој момент но потоа нема да го осеќам(ако се работи за шамар или нешто слично :lol: )
    "ЈАЗИКОТ Е ПООСТАР И ОД САБЈАТА"
     
  20. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    И двете болат подеднакво! Зборот останува врежан во меморијата, па и ударот исто. Болката со тек на време ќе исчезне, но споменот и од едното и од другото ќе остане :!: