Болат и двете. Тоа што некој воопшто помислил да крене рака на тебе боли, исто толку колку што болат тешките зборови.
Навредата може да се искаже во момент на нервоза, без ни малку да го мислиме тоа што сме го кажале. Како што крената рака на некого во момент на афект, за која што подоцна може многу да се покаеме. Реално боли и тоа и тоа доколку е нанесено од личност која што ни значи.
Сите велат дека зборот се памети секогаш. Мене досега само еднаш ме удриле, и тоа не беше никој од дома, а и ударот од личноста не беше оправдан. Го паметам сеуште и ме боли. А, зборовите, иако се паметат, јас не можам да ги дозапаметам, зошто се имам изнаслушано се и сешто и преполна ми е главата, немам веќе место.
Болката од физичкиот удар кад-тад ке помине ама зборовите ако не ни одговараат во секој случај ќе ги паметиме и ќе не натераат да се замислиме дали уште сме совршени или недостатоците веќе изллегле .
Физичката болка поминува за ден два, ама навредата и постапките од страна на некоја личност што ви значи најмногу и те како болат и не се забораваат. Тешко е да се заборават.
И јас сум за тоа дека и двете работи болат исто,но некако ке ја издвојам со малку предност дека навредливиот збор е како стрела ќе ме закачи по срце и ке ме рани ќе го памтам додека сум жива,со иста болка ке ме стега како тогаш да е искажан.И многу е битно од чија уста е кажан кога некој кој многу ми значи и би го дала и последниот здив за него ке ме навреди е тоа боли и тоа болење а истиот збор пред тоа да ми го каже некој што ми е само познајник може да не го ни запомнам.
Не се споредуваат физичката и психичката болка. А тоа што вас зборовите толку многу ве болат е поради тоа што на толку многу луѓе им давате толкави титули во вашите животи,и толку ги земате работите при срце.
... ......физичкиот удар можи да ме здоболи во моментот и ќе помини болката...ама вербалниот удар толку можи да ме погоди длабоко во срце и во душа и ми треба долго време да го преболам или заборавам... ..секогаш настојувам да ги решам проблемите со добар збор ама ако другата страна почне да ме навредува вербално е тогаш сум приморана да се спуштам на исто ниво за да ме разберат,тогаш и јас задавам вербално удари....е па сега....кој шо си прај така и ќе му се врати...по заслуга....
Физичкиот удар боли,но тоа е само во моментот,а потоа се заборава.Вербалниот удар може да заболи толку многу што цел живот ќе се памти.Некој може да ви изнакаже толку многу лоши зборови што ќе направи да се чувствувате мизерно и подло и никогаш нема да избледне тоа.Колку и да сакаме да заборавиме секогаш ќе се сетиме на тој момент и на таа меопислива болка што не прогонува.
Да. Се согласувам со сето ова и моето мислење е потполно исто. Искршената рака ќе биде далечно минато после само еден месец, а на болката ќе и се смееме и ќе бидеме среќни што поминала. Но лошиот удар може да повреди сто пати повеќе, и секој пат кога ќе се навратиме на тој момент болката само повеќе ќе се зголемува, а ние ќе тажиме и никогаш нема да го заборавиме тој збор. Ама никогаш. Затоа и боли многу повеќе.
СЕ БОЛИ! Но по болката може да дознаеш каков е човекот кој те повредил... Ако те удрил физички, тоа да ќе помине но тоа ќе докаже колку тој е прост! Ако те повредил со зборови (во кои се вклучуваат твоите мани) тогаш тоа вечно ќе те боли но тоа ќе докаже дека тој е паметен. А, ако те напаѓа со навреди и пцости, е тогаш тој не е ни прост ни паметен тој е завидилив и јаден, што значи не треба да се ставуваат такви зборови на душа и срце!
Ударот дава привремена физичка болка,а самата постапка нанесува и емотивна болка и остава трага,но зборот колку што знае да повреди,неспоредливо е.За нијанса поболен ми е зборот,остава трага,рана која не заздравува и имаш чувство дека ти ја сече утробата-кога е упатен од најблиските и најсакани личности.
Ако те удрат моментално ќе те боли ама зборовите кога ќе те погодат засекогаш ќе те болат.Така да зборовите најмногу болат во животот...