Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ве држи во брак покрај сите проблеми?

Дискусија во 'Брак' започната од westt, 7 октомври 2015.

  1. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Не е проблемот во покажување на „дете со прст“ туку дека на детето ќе му фали љубов од еден родител секогаш. Ќе се чуствува осамено, оставено, засрамено во некој период итн. Се на се секако дека ќе влијае на психолошкиот развој. Секако дека лош брак со тепачки, карања пред него и сл. би било уште полошо и овој случај подобра е опцијата развод. Е сега има и друг тип на останување во брак заради детето. Значи тоа да не осети дека нешто не е ок т.е. родителиве живеат навидум сложно ( и сложни се, заради тоа што се посветени на детето и неговите потреби, можеби и на домот до некој степен па и на фамилијата) но меѓу нив да не постои љубов ни страст. Значи брак по договор. А такви верувајте се мноооогу бракови.
     
    На Vetruska, Sky* и westt им се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Во секој брак постојат проблеми, што не значи дека при првата пречка, несогласување или расправија треба да кренеме раце, да си ги спакуваме куферите и да си одиме. Сите проблеми треба да се решаваат, пред се со комуникација и компромиси помеѓу двата партнери. Од друга страна, треба да бидеме реални и ако видиме дека истите проблеми постојано се повторуваат, ако едниот од партнерите не сака да чуе за компромис или мислење поинакво од сопственото, или уште полошо – ако секојдневно има викање, караници и малтретирање (психичко или не дај Боже, физичко), тогаш единствено и најдобро решение за сите е разводот.

    Најчестиот изговор за останување во лош брак се децата. Не ми е јасно дали свесно или несвесно ги користат децата како изговор позади кој се кријат нивните сопствени причини, стравови и несигурност за разводот или навистина имаат толку искривена перцепција за реалноста што мислат дека за детето најдобро решение е да живее во семејство без љубов, разбирање или со секојдневни тензии и расправии.

    Ќе упатам еден апел до сите родители – „душебрижници“ и „жртви“ – Ве молам, не останувајте во лош брак поради децата! И немојте, ве молам, уште да се претставувате како жртви во таа ситуација. Жртви се само вашите деца, кои имале несреќа да имаат родители како вас.

    Зошто го велам ова?

    Прво, никој од вас не бара да поднесете таква „жртва“ – тоа е нешто што самите, на своја рака, сте си го одлучиле. Второ, секој развод е подобар од лош брак. Подобро е детето да расте во здрава и среќна средина, без секојдневни стресови и тензии, макар тоа и да е со еден родител, отколку да живее во дисфункционално семејство.

    Стварно не разбирам изјави од типот – „Ќе го покажуваат со прст дека е дете на разведени родители“. Каде тоа живеете бре луѓе, каде што децата на разведените ги покажуваат со прст? А дури и да е така – што ви е побитно – вашата среќа и среќата на вашето дете или мислењето на комшијата и насоката на неговиот прст? Ако вие сте се решиле да го живеете вашиот живот раководејќи се според тоа „што ќе кажат комшиите“, не го осудувајте на таков живот и сопственото дете.

    Апсолутно се сложувам дека ако детето стане пропалица, вината е кај родителите и само кај родителите. Правила за ова нема, но шансите се многу поголеми да стане „пропалица“ ако живее во дисфункционално семејство, односно ако вие и вашиот партнер сте лоши родители. Што значи, не се работи тука за бракот како институција, туку за родителите како индивидуи. Ако ти си лош родител, сеедно е дали со детето ќе живееш во (несреќен) брак или ќе бидеш разведен – шансите дека ќе го упропастиш се подеднакво големи.

    Некои се побунија зошто ја осудуваме девојката што ја почна темава – затоа што, ваквите ставови и начин на размислување треба и мора да се осудат. Не само што се скроз погрешни и неосновани, туку најчесто врз децата го имаат спротивниот ефект од посакуваниот. Наместо на децата да им биде подобро затоа што мама и тато се „жртвувале“ да останат заедно и да се трпат еден со друг, секојдневниот живот со тоа меѓусебно трпење (и нетрпение) врз децата остава длабоки психолошки последици и претставува корен на многу од проблемите кои ги имаат понатаму во животот.

    Секој човек заслужува да биде среќен во животот. Ако сте незадоволни од партнерот или сте во несреќен брак – разведете се! Не се осудувајте на лош брак и несреќен живот поради страв од промена, ради тоа што ќе речат комшиите или пак, за „добро“ на детето. Здравите, среќни и успешни деца се резултат на живот во здрава и среќна средина, а тоа дали таквата средина им ја обезбедил само еден, разведен родител, двајца разведени родители или двајца родители кои живеат во брак не игра никаква улога.
     
    На Mr. Right, Nausicaa, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.807
    Допаѓања:
    266.897
    Тоа е сосема друга приказна и не е “издржување“.
    И онака се очекува дека со годините љубовта повеќе ќе биде пријателство, а помалку заљубеност.
    Не знам што мислат овие што се подолго во брак (не тазе), ама некако ми е нормално после 10-15 години брак, љубовта да си го смени малце обликот :)
     
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Баш во денешното општество во кое живееме сите бракови секогаш се опкружени со најразлични "модерни" и "застарени" проблеми.
    Проблеми се има и секогаш ќе се има, од најразличен карактер.

    А она што не одржува во бракот не е љубовта, (љубовта е само една првична емоција која почетно ја доживуваме, и значи дел од првото делче од нашиот мозаик наречен брак) со тек на поминатото време и изматите искуства..изживеаноста ..ни доаѓаат до израз многу повеќе значително клучни фактори покрај "чуството љубов".

    Сплотеноста меѓу двајца сопружници и храброста да се држат за рака секогаш и во секое време, да бидат секогаш "еден за друг" и да си го заштитуваат грбот, да се радуваат и подржуваат едниот за другиот за сите успеси и подеми, да сочуствуваат и да тагуваат за сите падови и неуспеси заедно едниот со другиот како за своја душа и срце.
    Да умеат да комуницираат, да научат да го делат секој поим, чуство, проблем низ животот..да умеат од компромис и секогаш да научат да се разбираат еден кон друг.

    Сите овие горенаведени фактори се многу важни и неопходни за успешност и цврстина во еден брак, ако двајцата сопружници не научат и не умеат да се разбираат околу ова, не разбираат од делба и заедништво, се нема слога.. тогаш тури му пепел, и на брак и на години и на старост.. сево ова би немало никаква смисла за брак и заедништво и на страна од се подобро да заврши со развод отколку со макотрпен живот проследен со секојдневни тортури.

    Понекогаш кога човек наидува на проблеми и раздори треба искрено навистина да се потруди да стави на кантар и да премери што е тоа што натежнува?! А исходот од тежината да го преименува во пракса.
    Секоја кавга не е за развод, а секој развод не е за кавга, онаму каде што пукнало одамна и се нема страст за неговата поправка најдобро би било секој да си го најде својот пат и можеби за подобро да си ја просветли својата иднина, а народот секогаш ќе зборува од страна, незивасно од било која ваша последица и исход. Лично јас не живеам за народот и никогаш нема да дозволам да си го згорчам животот ради истиот.
     
    На Imperatorka5, mareane, Winter Lady и 2 други им се допаѓа ова.
  5. shnolichka

    shnolichka Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    33
    Izvinete shto kje pishuvam na latinica,ama od mobilen sum.
    na temava kje zboram od lichno iskustvo,bidejki i jas sum razvedena i imam malo detence....
    Na pochetokot koga pochnaa problemite se trudev maksimalno da go dovedam vo red brakot ete od prichina sho do nekade i jas se plashev shto kje zbori narodot okolu mene...Megjutoa kako izminuvashe vreme i kako problemite stanuvaa se pogolemi i pogolemi ,a feedback na sekoja moja postapka da go sredam brakot nemashe,se reshiv na toj chekor...Sega duri se kaam sho i ne sum go napravila toj chekor porano,zatoa shto koga kje si go vratam filmot kolku vikanje,karanje tepanje videlo i chulo moeto dete nemozham da si prostam....
    Se soglasuvam so mnogu feminki deka podobro e razvod otkolku disfunkcionalen brak,kade shto pred se,decata se onie shto najvekje stradaat...Zhalno e shto zhiveeme vo takvo zaostanato i malogragjansko opshtestvo,kade shto narodot sekogash gleda prvo kaj komshijata,a ne si gleda doma za sebe shto i kako i dali mu e se podmireno...I tochno e deka razvedenite se sekogash belezhani od narodot,no ne treba toa tolku da si go stavate pri srce,denes kje zborat za eden,utre za drug,zadutre za nekoja treta sluchka,sekogash bilo taka i kje bide,gledajte dechinjata da vi bidat srekjni i zadovolni i navecher koga kje legnat da spijat da znaete deka nema da pretrpuvaat traumi,dali mama i tato kje vikaat ili kje se tepaat i slichno...
    zhivejte si go vashiot zhivot onaka kako shto mislite deka vi e najubavo na vas i vasheto dete,prestanete da razmisluvate shto kje kazhe narodot,pozdrav :D
     
    На Imperatorka5, zekzeki, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  6. real-man

    real-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2015
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    439
    Пол:
    Машки
    Moze li edno mislenje od maz, Vo brak me drzi megusebnoto razbiranje, pocituvanje na ona sto go raboti drugiot na negovite naviki potrebi, hobija, vo brak se vleguva odkako ke ja najdete srodnata dusa, posle toa se e samo tehnika i nadogradba na vrskata, prviot test se prvite probleimi, finansiski li, so bremenosta li, so roditelite(ako se mesat) ako partnerite se sposobni da da diskutiraat za zaednicko resavanje na problemite(site gi imame) tiogas uspehot pa i harmonijata e garantirana, plus mora da mu ostavite tronka vozduh na partnerot/a, da ne mu cepkate po telefon koga ke se vrati od kafe da ne go isprasuvate ko u p.stanica,i.tn... i se ke bide ok, normalno i koka kolata sekogas da bide ladna i spremna za upotreba:)
     
    На delvi, evangelina.ina и toogood им се допаѓа ова.
  7. VedranaVani

    VedranaVani Нов член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Se slozuvam kompletno!
     
    На copacabana, ДаниелTetovo и evangelina.ina им се допаѓа ова.
  8. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    18.692
    Пол:
    Женски
    Моја најосетлива,болна тема...Избегнував да пишувам за ова прашање на форумот но си велам анонимно е и можам да си кажам маките..
    Во овој брак имам големи проблеми поврзани со болест,тешка беспарица и психичко малтретирање.Е сега вервам дека одма ќе се кренат феминките :Зошто не се разведиш ??? Подобро добар развод од лош брак..Итн.итн..Не е така лесно,не е воопшто лесно и во мојот случај немам избор.Плата минимална со која воопшто не можам да им обезбедам дом на децата(кирија,сметки,школски трошоци,вон училишни активности,облека..)Поддршка од најблиските имам и немам,децата секаде би дошле со мене но ако е во близина на нивниот сегашен дом(ова е желба на малото дете)..Немам проблем со муабетите дека ќе ги покажувале децата со прст имам проблем само со обезбедување на елементарните услови за живот.Знам и убедена сум дека мојот не одговорен,себичен,посесивен,опсесивен,депресивен,болно љубоморен сопруг не не заслужува ни мене ни нашите прекрасно воспитани деца(што е последните годинини лично мое дело и жртва)но поради технички причини како јас си ги нарекувам во црн хумор сум сеуште во овој дисфункционален брак.
     
    На RedWine, mareane и Binka им се допаѓа ова.
  9. ДаниелTetovo

    ДаниелTetovo Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Mene me drzese vo brak neogranicenata ljubov koja ja imav sprema zenata i ovie dve angelcinja koi se sega so mene. I den deneska ne mozam a da ne pomislam na nea skoro vo sekoja sekunda od denot.. Ne ja mislam samo koga spijam, a togas pa poloso, ja sonuvam. Ne mi bilo gajle koj sto ke rece vo vrska so toa sto se razveduvame, komsii, prijateli, drugari.. dodusa veruvajte nikoj ne me ni prasal i dosol da proba nesto da smiri osven brat mi i tatko mi. Zatoa: Ne se plasete sto ke zboruvaat.. zatoa sto nisto nema da slusnete nikogas. Decata mi se najinteresni, dodusa se pogolemki, malata 17 a maliot 15. Vcera mi vika maliot : De be tato misli na drugo ne misli na nea, gledas deka ne te saka ne ja sakaj i ti. Znaete kolkava podrska dobiv i krilja ???? Vo brak se drzite samite se dodeka drugiot ne stavi kraj... Ajde ubav den na sitee feminki i feminci!
     
    На 2709, tina-63, mareane и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ДаниелTetovo

    ДаниелTetovo Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Ke te podrzamvo ova za onie so pogolem staz. Ljubovta mozebi ja menuva formata, kako i energijata, no nijkogas ne bi trebalo da prestane. Znaeme deka se gubat site vrednosti na taa ljubov posle 3-4 god. Vekje nema ni strast ni nisto, stanuva se ebena rutina od strav deka ako napravis ili pobaras novo otide jabana so prasanja od tipot: Kaj go ucese ova?? I taka natamu.. Jas ke recam deka sekoj brak bi istrpel 10000 godini samo da ne postoi ljubomora i da postoi kazuvanje na se iskreno, pa duri i ako ti rekla koleskata so ubavo ti stoi kosulata bi te izela.. Nie ne go kazuvame toa zatoa sto mislime deka ke pobudime ljubomora koja ja ima vekje a ne sme svesni.. Zatoa sto se onie u brak ne lazete! za nisto! Kazete se sto vi smeta ili sto vi i ubavo. A jas bi im dal predlog na onie koi ne se seuste. Ne vleguvajte u brak!
     
    На 2709, evangelina.ina и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. westt

    westt Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    164
    Кај нас ние пред детето кавги немаме никако стикно кога сме сами си се изнавикуваме. Од другастрана тепање?Како бе тепање тоа не се ни помислило колку и да било провоцирано макар.
     
  12. VedranaVani

    VedranaVani Нов член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Decata so tebe se? Bravo! Retko retko retko takvi mazi ima sega . Obicno sega mazite se zeni a zenite mazi ;)

    Temava e bolna za tie sto se vo vakva situacija. Jas samo ke kazam deka vo brakot treba da ste srekni i ispolneti, nikogas ne ja zrtvuvajte svojata sreka zaradi svoite stravovi! Nekoi luge ne zasluzuvaat da im go dadete srceto bidejki namesto da vo go polnat so ljubov ke vi go krsat poleka i bolno dur ne se rasparcite. Borete se za sebe sekogas. Decata ako majkata e nesrekna ne moze da se srekni toa e nevozmozno.
     
  13. ДаниелTetovo

    ДаниелTetovo Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Tepanje ... Ne znam samo kakvi se tie mazi sto bi istepale zensko.. a ne svojata ljubov.. Ima nekoi krajnosti koga ke te dovedat do takva misla... no ke se vozdrzi sekoj mislam... napadi bez pricina ili takvi raboti.. no ne sme zivotni
    dovolno e da si zamines i da te nema nekolku casa no toa pak ne doveduva do smiruvanje.. naprotiv ako ne si se dokaral a nekoj ne moze da se objasnuva za se saka da proraboti doverbata pak gubi..Edno.. jas pak ke recam pa kaznite me.. Masko i zensko se razlicni osobini.. edino na vas zenite papucarite i pederite bi vi odgovarale a ne mazite.. Po moe..
     
  14. ДаниелTetovo

    ДаниелTetovo Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    eve edno linkce.. za pesnicka kaj so mozebi ke se pronajdete..:


    pzz od mene na ovaa tema.. :)
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.807
    Допаѓања:
    266.897
    Затоа треба со малце пореални очекувања да се влегува во брак :)
    Некако, мене ми е глупо кога ќе видам жени кои имаат ќерки тинејџери, а се занимаваат со фб на мажот (ова е само пример).
    Љубомората е болест. Порозна и ужасна болест, и за болниот и за тој што го трпи болниот.

    Јас од сопругот иден (дал дечково мој сега, дал некој друг) очекувам да биде добар татко на децата што ќе г родам, најмногу од се, да биде домаќин човек (значи не да дреме пред коперација) и на крајот да биде посветен на семејството што тој го створил со мене.
    Не верувам дека нешто би се сменило во поглед на љубомората (сега воопшто не се занимавам што прави кога не е со мене, ама ич).

    А не очекувам не знам, некоја бајковите љубов, со романтики и врагови. Тоа ни сега не го очекувам :)

    Можам да зборувам за моите родители.
    Никогаш не сум ги видела да се гушкаат или бацуваат или не знам некои нежности да си покажуваат во мое присуство, и сум благодарна поради тоа. Не сум чула ни поголеми расправии (освен оние кои со мене ги имале, они двајца против мене).

    Не знам колку се сакаат, ама знам дека после скоро три децении брак, функционираат како совршен тим, за што и да е, било куќа, било деца итн.
     
    На Annath, darcy, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Доколку си спретен да се избориш како заедница со сите искушенија и предизвици што животот ти ги сервира, и покрај се, се наоѓа комуникација, разбирање и компромис со брачниот партнер тогаш секогаш ќе имаш желба и потик да се избориш и да останеш во заедницата брак.

    Доколку горенаведениве златни поими ги немаш или избледнале со тек на годините тогаш немаш и баш за што да се бориш да лепиш нешто што одамна се скршило.

    Но, како што кажаа некои погоре, доколку жената остане без ичија поткрепа и помош, и не е самостална на свои нозе, нема финансии, нема ичиј покрив над глава, тогаш е тоа тешкото и макотрпното уништување и губење на својата самодоверба. Да се молчи и да се трпи ичии каприци и малтретирања со надеж за подобро утре.
     
    На evangelina.ina, sunrise_123 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  17. ДаниелTetovo

    ДаниелTetovo Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Samo pazi da ne ispadne deka ne go razbiras vo negovite moznosti!! Ako e kako mene djab e mu e!! Tatkoti i majkati! Se stara skola... kako i moite!! Ama ova sve so e novo e novo.. nema razbiranje za nisto!!!
     
  18. ДаниелTetovo

    ДаниелTetovo Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Spretnosta nema vrska so toa kako ke te svatat.. Spreten?? Ili Lazgo?? Ako taka treba da e?? Ne veruvam.. Spretnosta kaj vas zeni ne e ljubovta!!! Parite se u prasanje.. Sekoas ista rabota.. Ako mazot ima polno kese...Srekjni ste.. ako ne.. ke najdete care da zavrsite so se!! Drugarkati kupila tasna od 300 EU a ti ne mozes cizmi da si zemes od El Camino od 1000 den.. Tuka ja barate spretnosta!! Veruj!!
     
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Ајде бе!
    Ти ова сериозен си?!
    Сешто ќе се изначитам значи..
    Можеби сега и ќе ја разберам женати со каков маж си имала работа!
    Ако не си доволно "спретен" да разбереш што е поентата на нојот пост, не планирам јас да ти објаснувам.
    Ајт.
     
    На MilaP, kim.k, fairy88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски

    Витаминке, а таа сплотеност, долга комуникација меѓу двајца, заедничка радост, заедничко сочувствување и тагување како што велиш, како може да се постигне без љубов?
    Дури и тој компромис, за да опстане успее мора со љубов.
    Доколку нема љубов, или ќе престане или ќе си живеат двајцата цимерски живот. Можеби површните општиработи ќе ги прават заедно ама она што го споменуваш, не ми се верува .
    Нема да трае нели, нема да биде за долго, а богами ќе постане и агонија. Не сум во брак, може и не сум компетентна во темава, ама кога станува збор за љубов, сите знаеме што е. :inlove:
     
    На ДаниелTetovo и vitamina им се допаѓа ова.