Не видов ваква тема и не сум сигурна дали е соодветна за овде. Преместете ја ако е за на друго место. Сите во животот имаме убави, помалку убави и лоши моменти. Според вашите сеќавања , што ве здоболело најмногу и како се справуввте (справивте)со тоа. За мене најтешко беше ,некаде бев 7-8 одделение кај моја школска, цртевме по ликовно. Завршивме и јас си појдов дома, за по неколку минути да дојде мајка и ,и да и каже на мајка ми дека им фалат 2000 ден. Колку и да се правдав дека не сум јас не ми веруваа. Мајка ми и даде 2000 на жената и таа си замина, за подоцна да се врати и каже дека ги нашле парите во листовите кои што сме ги фрлиле. Толку ме здоболе недовербата, сомнежот , што и ден денес не заборавам.
Што ве здоболело најмногу во животот. Озбилно?? Најмногу во животот те здоболело недоверба пред х години од личност која не ти е ни роднина?за 2000 ден? А што да кажат оние кои се отфрлени од родителите? Оние кои имаат цел живот финансиски проблеми, живеат во нефункционални семејства? Оние кои биле силувани? Оние кои се отфрлени на маргините на ова општевство?
Што ве здоболело најмногу во животот. Извини што ке се вмешам, ама не за џабе се рекло СЕКОЈ СО СВОИТЕ ПРОБЛЕМИ. Можеби не доживеала некое поголемо разочарување па затоа тоа и останало во мислите. Инаку*** Другарка со која израснав заедно, “ме изневери„ до тој степен што денес се однесуваме како да не се познаваме...
Што ве здоболело најмногу во животот. Довербата во луѓето...секој на различен начин ме има обработено во животот И сега не верувам во никого за да боли помалку разочарувањето Пример: многу се селевме со родилите и во рок пд 6 год се најдов во 6 разлчини средини и 4 различни училишта Во едното бев психичи малтретирана од учители и деца (дека сум од Скопје) и доаѓаше и неколку пати и до физички пресметки Едвај по една година стекнав другарка и имавме супер однос Еден ден се скаравме и ми префрли се ,се онесуваше како останатите и ми се смееа сите и ја подржуваа кога ме навредуваше Ете тоа ме повредило мноогу Се смирив со девојчето,јас пак сум во својот роден град,по 10 год сеуште се гледаме и се слушаме иако сме од различни градови Сепак сме имале и имаме многу убави заеднички моменти Но ми очитала животна лекција
Што ве здоболело најмногу во животот. Навредите од луѓето кои воопшто не сум ги заслужила,сите лаги со опашки,што би се рекло,и уште ме боли кога за најмала ситница кога некој ме гледа во очи и ме лаже.Многу ме боли и тоа што ненамерно и несакајќи сум навредила било кој од блиските(ова се случува поради тоа што сум брзоплета).
Што ве здоболело најмногу во животот. Исто! Само што мене повеќе ме боли причината за тој развод. Како може една мајка да направи нешто такво на своето дете. Многу сум благодарна што имам толку добар татко. Да не беше тој, кај ќе ми беше крајот ?!
Што ве здоболело најмногу во животот. Најозбилно, ова е првиот впечаток кој ме болел и го паметам. Сето ова што го имаш спомнато понатаму го имам доживеано, ама се изборив и со развод и со малтретирање и со немаштија, а вие што лесно го минувате животот (што не значи за понатаму), лесно осудувате. Колку е убав светот кога го гледаш одстрана.
Што ве здоболело најмногу во животот. Не би требало да реплицирам ама се изнајдов и морам да ви кажам за разводот. За развод се потребни двајца, не обвинувајте никого од нив, секој си има своја причина.Гледајќи одстрана па и како дете на сопствени родители е различно од она што тие го доживуваат. Тешко е претешко и за родителите , а посебно за децата.
Што ве здоболело најмногу во животот. Тоа што и после се, си смогнала сили и си и простила, покажува колку голем човек си ти, иако таквите луге не заслужуваат прошка бидејки кога е нај тешко секогаш одбираат да застанат на страната на толпата а не на поединецот. Мислам дека сето тоа само те направило по јака личност и ти помогнало на млади години да научиш една многу битна животна лекција. Се извинувам што си земав за право да го прокоментирам твојот пост, но читајки го навистина ме потресе бидејки во принцип не поднесувам такви изживувања на кукавици кои само во толпа се јаки. Мене што најмногу ме повредило? Ме повредило тоа што секогаш сум била напагана и навредувана затоа што сум ги кажувала работите со вистинското име, и ме боли тоа што не сум знаела да глумам па дури и овде на форумов да создадам идеален лик на девојка на која сите ќе и се воодушевуваат, што секогаш сум се претставувала онаква каква што сум, со сите доблести и маане. Од секогаш сум се прашувала зошто лугето не смогнат сили и барем овде на анонимен форум да застанат на страна на некој кој, колку и да е лош или колку и да е лошо тоа што го правел/а да кажат, ок тоа можеби ги преминува некои норми поставени од општеството но вреди да се подржи тоа што некој е искрен и се претставува онаков каков што е, а не онаов каков другите сакаат да го видат. Јас не само овде на форумов туку и во приватниот живот сум имала непријатни ситуации токму поради тоа што никогаш не сум се срамела од себе и од она што сум го направила. Убавината сама по себе носи и многу непријатности и секоја убава девојка мора да биде спремна на тоа дека не секој е спремен да и ја прости убавината, и секогаш треба да бидеш спремна да ја платиш таа цена. Лугето секогаш сакаат јадни и помалку убави луге за да можат да доминираат и манипулираат со нив и да ги управуваат како што сакаат, а јас секогаш сум била горделиа и сум дала завет пред самата себе дека никогаш нема да потклекнам пред никого, и дека секогаш ќе бидам она што сум а не она што другите сакаат да бидам. Не е работата во тоа дали толпата може да те собори на земња, поентата е во тоа колку бргу ќе станеш и ќе го продолжиш својот пат. На крајот на денот тие како поединци се безвредни а јас сум повторно совоја личност онаква каква што сум со сите свои маани и предности. Секој од нас сака да го смени своето минато или дел од него, но дали лошите работи од минатото можете да ги избришете од вашите глави? Веројатно одговорот е не, епа тогаш зошто би се обиделе тоа да го сокриете од другите, ако неможете да го сокриете од самите себе? Зарем ако носот, ушите, нозете не ви се допагаат ќе ги сокриете? Секако не, епа исто е и со минатото, не сокривајте го туку видете што можете во иднина да направите за да не се срамите кога иднината ќе стане минато.
Што ве здоболело најмногу во животот. Една битна работа научив во животот ПРОСТУВАЈ колку и да те повредиле луѓето,со тоа не си дволичен,со тоа не им правиш ниту услуга ниту се чуствуваат подобро Напротив ,можеби нема одма да им е криво и да имаат грижа на совест но со тек на време ќе бидат под ваше ниво (со тоа што ќе ги јаде совест) Другаркава ден денес се кае ,и велам во ред е деца сме биле 14 -15год се случува Иако кога ќе се присетам ме боли таа ми била единствена другарка тогаш И во школо истото како Далерон ги снема парите за еднодневна екскурзија (јас не одев немав пари) да таа ги украла нема пари и ме наместија,ме накривија Се заклучија вратите од училницата,на табла стоев,ми ја превртеа ташната и јакната ,дури и боса бев(да не сум ги сокрила во чорапи) Почнаа да се бараат и по други ташни и се најдоа,но не во мојата Луѓето се злобни .. тоа е... Јас им прости,колку патев толку простував Но сега сум камен ,со памук на средина,но кој го знае тоа? На никого не мислам лошо за никого ништо не ме интересира,но ако пробаш да ми наштетиш те спречувам,ако пробаш пак ќе те уништам имам начини,научив мнооогу до сега во животот
Што ве здоболело најмногу во животот. Браво душо си се изборила како и јас. Примерот мој е минорен во однос на тоа што сум го поминала во животот, ама ден денес паметам, иако не заборавам многу други работи, само ги потиснувам длабоко во себе. Лесно е да осудиш некого ,а уште полесно да простиш. Повеќе боли неправдината откоку правдината.
Што ве здоболело најмногу во животот. Ме здоболе кога дознав каков дека татко ми не е толку совршен колку што го мислев.имав само 6 години но таа сцена не излегува од глава.Мислев дека тој и мајками се совршен пар но не било тска.Имал друга.Некоја безврска,ефтина...сеедно.И покрај се останаа со мајка ми заедно.Јас поминав покрај тоа дури мислам и дека простив.Но ми требаше време. Ме болеле и мн др ситуации..лјубомора нечија,озборувања кои не биле вистинити,лаги ама тоа го сметам за моментални дејствиа на кои не вреди да се навракјам повекје
Исто е и кај мене, и моите се разведени... само во мојот случај јас сум благодарна што имам ваква мајка, се што прави, прави за мене. Благодарна сум и ја сакам бескрајно!
Сите болни работи кои ги слушнав од други за мене, а тие работи биле кажани од мојата поранешна најдобра другарка, која ја сметав за сестра.
Нема поголема болка, од болката кога ќе ја видиш мајка ти како плаче. Е тогаш колку и да си мислев дека сум силна сфатив всушност колку сум немоќна.
Смртта на другарка ми. Кога замина таа ми зеде пола душа. Ми фали секој ден и секој ден совсета ме гризе. Незнам дали некогаш ке ми помине болката, но грижата тука ке биде за секогаш.