Нож во грб, и тоа од некој што не очекував месец дена пред важен настан! И ќе ме боли цел живот и ќе плачам поради тоа...
До пред некое време други банални работи ме болеа. Но животот ми се смени после Шок резултат и претпоставки од лекари дека нема да можам да бидам мајка Е тоа боли, а не раскинување со дечко или безпарица
Немој да се откажуваш толку лесно!!!Побарај мислења од доктори од странство или нешто мора да има решение ,барем денес е напредна медицинава,си побарала ли други мислења??
Кога најблиските ти забиваат нож во грб! Пред тебе вака а позади тебе први се да те оговараат мразам такви работи и ме повредуваат.
Кога дознав многу работи кои што не ги очекував за блиска фамилија. Од 1 до 8 одд јас бев бледа сенка и неможев да се истакнам пред наставниците. А зошто? Затоа што моите се никој и ништо, а на другите сокласници се некои. Е тоа ме највеќе болело што ме отфрлаа заради други. Тоа што и се случи на мајка ми. Операцијата на татко ми.
Убиството на мојата најдобра другарка Ден денес неможам да си простам Може требаше повеке да се потрудам и да ја тргнам од него И се повеке ме боли......
Разочарување од најблизок член во семејството. Направи/прави работи што не очекував дека ќе ми сервира баш вака. Всушност најмногу ме боли тоа што поради тие работи и ситуации се гледаме многу ретко.
Кога дознав дека го изгубив бебето дека мртво го носам во мене .. Ништо со таа болка неможем да споредам.. Незнам колку пати се лутев сама на себе колку пати сакав да умрам и колку пати го молев господ да ми го врати... еве поминаа скоро 6 месеци и болката не само што не ми помина туку е и сто пати поголема особено кога знам дека сега веќе ќе го држев во рака....
Уфф, многу нешта ме здоболеле, и животот ме научи да го одбегнувам епитетот нај- зошто кога и да помислиш дека нешто е нај,нај..конкретно најболното и најтешкото досега, животот ќе ти покаже дека грешиш и дека има нешто по- и од дотогашното нај-. Боли едно никогаш незачукано срценце кое го држев на дланките место некој месец подоцна во прегратка Боли што засекогаш си замина мајка ми и никогаш не се ни збогувавме Боли сеќавањето за огромни болки и лузните на телото и душата Боли една длабока, темна тишина. Боли тежината за секоја вина која ја носам.
Prvata ljubov... i posle 9 godini uste me boli pomislata na nego. A jas mu raskinav, za dobro moe.. Mi se smeni celiot zivot za 360 stepeni. Izgubiv i prijateli i prijatelki. Ja izgubiv najdobrata prijatelka zaradi nego ostanav sama bez nikoj, koga mi bese najtesko bev sama. Srceto mi se kinese koga gledav kako skoka od edna na druga zenska, zenski koi mi bea prijatelki mnogu dobri. Pomina bolkata pomina se.. sega imam dobar zivot opkruzen so decinja i sve toa ama seuste na momenti mislam na nego, go sonuvam! Kako ni bilo itn. I se prasuvam sto ako zgresiv, a me molese, me zaprosi i jas go odjebav.. so pricina ama sepak sto ako zgresiv? I posle tolku vreme posle tolku godini sesuste se trevozam za nego se nerviram, placam. Nisto drugo osven ova ne mi go smenilo cel zivot, ne me smenilo mene, ne me bolelo poveke. Nisto!
Досадно ми беше и реков да седнам на форумот на фемина да ми помини времето. Влегов на оваа тема сосема случајно и прочитав скоро се.. Значи не можам да разберам како може развод да боли. Мојте родители се разведени и мене апсолутно не ми е гајле (колку и грубо да звучи). Едноставно љубовта згасна и подобро е да си бараат некој друг отколку да се во брак без љубов. Не знам дали е до мене но не осеќам болка за тоа, баш напротив сметам дека е многу добра одлука. Мене најмногу ме повреди или здоболи смртта на мојата баба. Од мала сум растена со мојата баба, мојте родители многу млади стапија во брак и јас кога се родив тие уште беа 20-тина години (една од причините за разводот) и повеќето вечери сум ги поминала со мојата баба која неизмерно и можам да речам и највеќе ме има сакано и без проблем ме гледаше цело мое детство. Една од најдобрите личности досега што имам запознаето и една од личностите што никогаш нема да ја заборавам. Почина од срцев удар на 66 години, на нејзинот роденден (фала господе ако постоиш :/ ). Помина 1 година скоро а јас сеуште ја чувствувам таа болка во срцето, таа празнина, моментот кога ќе влезеш во куќата и си спремен да викнеш тука сум бабо и ти текнува дека ја нема. Кога и да помислам на неа, плачам. Плачам бидејќи дел од мене умре дента кога ме разбудија од спиење и ми соопштија дека почина. Боли и фактот што ден пред да почини, таа ми ѕвонеше на телефон и јас не му се јавив, бидејќи бев зафатена со другарки и мислев дека ќе ја видам другиот ден. Се двоумев дали да се јавам во 12 вечерта да и честитам роденден, но поради тоа што беше касно не се јавив и решив другиот ден да се јавам. Сега кога да се јавам? БИ ЈА ДАЛА ЦЕЛА МОЈА ФАМИЛИЈА ДА СЕ ВРАТИ МОЈАТА НАЈОМИЛЕНА ЛИЧНОСТ...
@AleksandraH, dedo mi pocina na 63 od alchajmerova bolest. Ne uspeav da se zboguvam so nego kako sto treba poso coekot bese izguben ne bese svesen za sebesi ne pa za drugite. Ednostavno se se sluci mnogu brzo.... kako grom od vedro nebo. Eden den dodeka bev kaj nego na poseta preku pendjereto vlegvese sonce tocno na nego i toj pocna da vika sonce sonce me gree.. vo toj moment niz glava mi preleta sonce ne me gree od Lozano koja bese hit toj period. Den denes koga ke ja slusnam pesnata placam i mislam na nego koga nekoj ke rece sonce me gree mislam na nego. Na svadbata od braceda mi, toa bese lani vnuk na dedo mi koj ne go imav videno edno 6 godini niz tolpata luge tolku mi lazici na dedo mi so pocnav na sred oro da placam da ne mozam da se sozemam i izbegav vo wc placejki. Na site im rekov od sreka placev ama ne... toa mislam deka e poso ne sme se zboguvale so niv. Ne sme si gi kazale poslednite zborovi. I jas postojano mislam na nego iako ne bev tolku bliska so nego.
Во право си за ова, подобро да бидат раздвоени секој по својот пат одколку да се заедно без љубов. Така беше кај моите, и од тие кавги и тепачки јас си знам што се не испретргав како детенце. Подобро би било да беа раздвоени, и не би ми било тешко. Потешко е да ги гледаш дека не се сакаат и постојано се караат. Исто и мене најмногу ме здоболе кога бабами почина пред мој очи исто така и дедоми, ми фалат деновите со нив, скоро по цели денови бев со нив.