Предавството. Кога најдобрата другарка ќе се смува со твојата симпатија од повеќе години. Болката не може да се опише.
Многу работи ме болеле но со секоја болка станував се посилна па денес ретко што допира до мене 1. Ме болеше тоа што голем дел од животот се чувствував отфрлено и понижено поради неможноста да имам живот како моите врсници со излегувања, забави, дружења, учење нови работи и сл. Ме болеше тоа што на мене гледаа како на некоја што не е еднаква со нив, па на еден или друг начин ја исмеваа. 2. Ме болеше тоа што не добивав поддршка ниту од најблиските дека ќе успеам да се изборам подоцна во животот и покрај тоа што секогаш во текот на школувањето бев меѓу првите ученици. 3. Ме болеше тоа кога дознав дека дел од моите блиски роднини комплетно ме заобиколувале и не ме повикувале на родендени. семејни собири, матурски и сл. Можеби не делува како голем проблем но тинејџерка не би се чувствувала убаво кога ќе дознае дека сите братучеди се поканети освен таа. 4. Ме болеше тоа што другарка со која делевме се и се познававме од мали комплетно ме заборави по преселбата и вработувањето во друг град па дури и не ме почести едно кафе за работното место а секогаш и помагав за се. 5. Ме болеше тоа што друга другарка ми се смееше во лице кога и кажав што планирам да работам додека да добијам подобра прилика потенцирајќи дека подобра прилика нема ниту да имам. 6. Ме болеше тоа што дознав дека воопшто не сум им приоритет не некои момци кои сепак ми значеа И така, често го враќам филмот и се прашувам дали сум можела нешто повеќе да направам за полесно да ги поднесам некои работи и тогаш всушност сфаќам дека секое лошо за добро. На крај сите оние кои не ме ценеа и не ме почитуваа доволно денес се далеку поназад од мене.
Секогаш болка ми прави неверството и гнев ми буди, е ова не можам да го поднесам какви сака образложенија нека дава нема да верувам на некој начин се направило не ме интересира како се случило а и нема оправдание околу тоа. А мн ме изневеруваат. Лажењето е со ова нема ништо да се постигни, подобро почутиси отколку а зина а излажа. Смртта на единственото душиче кое ми ја грееше душата. Незнам на никој не му посакувам да му се случи тоа, да одиш на погреб на твојата најсакана со која 9 години си градел врска живот и се најдобро и најубаво без лаги и неверства.
Фактот дека сега засега, поради здравствени причини чие лекување може да трае засекогаш, неможам да имам деца со сопругот. Ах кога ќе видам бебче, пуфче или пуфкичка, така ги нарекуваме, колку се медени, имам потреба да го држам во прегратки.
Ти ја разбирам маката. Дали размислувате за сурогат мајка? Јас со задоволство би била Но секако сакам да си родам прво свои деца мака мачам со тоа, јас имам добра матка(барем така викаат докториве) и можам да го износам, но немам јајце клетки, ама со Господ напред знам дека мојот сон некогаш ќе се исполни Едит.Сум пишала немам, а уствари мислам на тоа дека ми се слаби резервите така да има шанси, ова немам премногу грубо звучи
Кога небото ќе ви одзеде човек што живот ви значел, повеќе не постои болка што може да ве скрши На миг се чувствувам презаситено од сите тие банални проблеми кои луѓето ми ги сервираат пред нос. Им се чудам како немаат сила, ниту идеја како да се справат со животот во неговиот најмал монструозен облик. Јас го видов тоа чудовиште, видов каква болка може да нанесе и каква црна сенка може да фрли на остатокот од животот. Видов многу страшно, многу вистински, како пржи на своја кожа и не дава објаснувања зошто неочекувано ве жигосал засекогаш... Апсолутно до последниот здив! На најсуров можен начин засекогаш ми откорна дел од срцето и притоа не ме ни праша дали ќе успеам да соберам храброст и сила, дали ќе успеам од парчињата на „своето јас“ да направам едно цело и да продолжам понатаму. Не го интересираше дали ако ми ја одзеде личноста која живот ми значи, во најранливите години, ќе можам да продолжам понатаму и да станам човек што сепак и покрај сѐ ќе научи да го сака животот, без разлика колку подмолен може да биде. Доживеав болка која ниту една мерка не може да ја измери и загуба која прави да се гушам во ноќите. Сè што мислев дека е таму некаде далеку, ми се случи толку блиску, толку на своја кожа, што не можев да поверувам зошто сум така казнета. Токму така, бев лута, бесна, повредена... Се чувствував казнета и се прашував што лошо сум сторила за да го заслужам ова. Еве и денес, толку години подоцна, кожата ми се ежи кога ќе го прочитам својот дневник од тој период, кога сум ја барала вината во себе за нешто што ниту едно дете на светот не може да биде виновно. И беше нереално... Секое утро како црна птица ми надлетуваше таа мисла и ми требаа неколку минути за да сфатам дека е вистина, дека него повеќе го нема. Но некако научив да живеам со тоа, научив како да живеам без дел од срцето и како за таа личност да бидам најдобрата што можам. Некако тивко во себе, секој успех, секој триумф му го посветував него и со скриен поглед кон небото и насолзени очи праќав порака дека ова е за него. Сакав да знае дека и покрај тоа што физички не е присутен, тој ми е најголемата водилка и инспирација во животот. За сѐ добро што всади во мене, верував дека сум му должна да го израснам и таму далеку одгоре да види дека сиот труд не бил залуден и дека навистина сум се претворила во комплетна личност, каква што тој замислуваше да бидам. И ретко зборувам за него, можеби тоа не е правилно, не знам, но секој има свој начин за справување со болката. Јас сакам да се сеќавам на него кога сум во четири ѕида, да испратам енергија дека не е заборавен и дека ќе го имам на ум до последниот здив, но не сакам да говорам пред други за тоа и да гледам очи полни сожалување - сожалување кое нема да ми помогне на ниту еден начин. Еве пишувам, изгледа пишувајќи отсекогаш подобро знаев да ги искажам емоциите и тој тоа добро го знаеше, па не ми се лутеше за премолченото „те сакам“. Знаеше и без да изустам збор, колку многу љубов во моето срце имаше за него, сѐ уште има и засекогаш ќе има. Не сум јас од оние луѓе кои ќе се склопчат во креветот и ќе ја оплакуваат својата судбина. Научив како да живеам со својата трагедија, а животот ме научи што е најголема болка и дека мора да се мине стоечки. Затоа сега колениците не ми се затресуваат на малите животни удари, затоа што ништо повеќе не може да боли така силно. Сега сум храбра и ги учам другите да го гледаат доброто и тогаш кога сивите нијанси стапуваат на сцена. И во најголемата темнина да пронајдат зрак светлина за да ги води. Животот е еден и мора да се проживее на најдобриот можен начин, без разлика што понекогаш може да удри толку силно. Мора да продолжиме понатаму посилни од претходно, затоа што убавите работи зад аголот, ги чекаат само храбрите, а оние саканите што заминале горе на небото, не ни посакуваат ништо помалку од тоа.
Најмногу ме здоболело кога, ќе ми брецнат за здравјето. Јас болеста не ја повикав. Особено што најтешки се Психичките болести, а најнеразбрани сме ние што сме засегнати.
На 16.07 2017 година, недела, 15:40 ненадејно почина Мајка ми... Ништо не ме здоболело повеќе од тоа, дел од мене закопаа со нејзе
Сочувство. . . Нека почива во мир. Ама чинам дека сеуште не е 16.08.2017. Денес е понеделник 14.08.2017.
Многу ми е жал!Моја блиска другарка цел живот живее без мајка и' и знам колку и е тешко,но тоа е мора да се издржи,кога-тогаш сите ќе поминеме низ тоа сакале или не,суров е овој живот.Како така никој не знае од што починала .Нека почива во мир!
Најмногу може да заболи кога оние кои треба да ви помогнат се трудат по секоја цена да ве сопнат. Инаку оние кои не ги сметам за блиски нивното мислење и постапки може да ме допрат, не сум од камен нормално, ама не можат да ме повредат.
Паѓањето предмети на факултет,давањето(фрлањето на пари) учење преку ден и ноќ,исмејување од страна на една асистентка за ништо!Здравствените проблеми,одбивање од луѓе кои ми значат.
Загубата на мајками,дедоми,чичко ми,и последно загубата на цело семејство(живи се татко ми и сестрами,но се разделивме засекогаш).