Нека почиваат во мир. А, со татко ти и сестра ти ќе се смириш еден ден. Те приметив по пишувањето дека си гневен и разочаран, но знам дека си верник, а верата не учи да простуваме. Со тек на време ќе им простиш на татко ти и сестра ти иако сега го мислиш спротивното. Секогаш постојат искушенија и минливи проблеми, но најважно е здравјето, а останатото се ќе се среди ќе видиш. Со среќа Мене најтежок момент во животот ми беше смртта на мојата баба, премногу ми фали и разочареноста што ми ја создаде една блиска личност. И по толку години не ми е јасно зошто ми го сврте грбот кога ми беше најтешко, а јас му бев неговата најголема потпора, слушател, девојка која беше спремна да го чека, што го сакаше, што го помагаше, што му ги бришеше солзите и што секогаш премолчував мојата љубов и добрина беше наградена со најголемо разочарување од него
Да си здрава и жива,ти и твоето семејство. За жал или среќа незнам ни повеќе што да мислам,дали е добро или лошо,но повеќе нема никогаш да се смирам со нив двајца,ми го изедоа здравјето,ме изедоа со нервози и проблеми,едноставно не само што дома немав мир,немав едноставно живот повеќе.Јас сум верник да признавам,верувам уште од самото мое раѓање во Бога,но што јас ако простам,а Господ не им прости?Јас повеќе сакам Господ да им прости,него ли јас. Ти благодарам на убавите зборови,и на подршката ти благодарам многу.
За исмејувањето од страна на таа асистентка, самата таа е за потсмев. Домашното воспитување се стекнува до дома, а таа уште вежби држи. По однос на здравствените проблеми, они ако имаат мозок, за болест ќе се потсмеваат чи? Па нема Земски Суд кој ќе им суди.
Никогаш нема да ги заборавам моментите после првиот пораѓај, однесувањето на домашните и смртта на младиот чичко.....
ах. дечко ми кога ме остави без збор. Со него иднина планиравМЕ. Вчерашната вест, за тоа дека можеби имам рак. Да има лек можеби но немам потомство, немам дечко. Сама сум.Ќе чекам резултати. Тек сум 23 години. Кај ми се 80 години хххх Родители имам да. Но не е тоа тоа.Друго е да имаш партнер. Има работи што болат во животот,да. Карма.
Разводот на моите, татко ми кога и рекол на мајка ми дека се срами од мене, криењето дека сум му дете, навредите од школските, стравот дека ќе ме повреди саканиот
Предавстото од најблиските, забивањето нож во грб од страна на личности во кои се крстев, кога ми раскина дечкото, неколку ситуации ме здоболеа до коска, ама морам понатаму. . . Сум сфатила едно. Суров е животот.
Кога ке размислам колку сум тешки карактер , па забивањето нож во грб од бившиот .... Тоа беше најлошо ... Но живот иде даље..
Личноста што си заминала од мојот живот без око да му трепне а јас не сакав да го пуштам ... И се борев , се борев долго време со себе си , со реалноста , со надежта .... Некои личности толку болат што се непреболиви....
Смртта на многу блиски личности. Не ме здоболело, туку ме срушило. За среќа излегов посилен и посамоуверен во животот. Тешките моменти знаат многу често да бидат и добра пресвртница и лекција во животот.