Тоа како се понашам спрема мајками (најголемата жртва за мене), а не можам да го исконтролирам. Смртта на дедо ми. Како ја третира мајка ми, мајката на татко ми. Тоа што не можам да се пронајдам во животот.
Моменто кога сфанав дека работите не се такви какви шо ја ги гледам, истио момент кога погледнав кон стварите објективно..
Немање Поддршка од најблиските, посебно мајка која што секогаш треба да биде тука за своето дете. Се чувствувам како да сум сама и се си збирам во себе.
Кога дознав дека мајка ми е болна Кога татко ми правеше операција кога луѓето кои мислев дека ќе се долго во мојот живот ме напуштија преку ноќ, без објаснување за работи кои премногу избрзувам, кога не проценувам со ладна глава
Смртта на татко ми... Посебно поради тоа што со мајка ми за ништо ниту сум можела да се разберам ни ке можам некогаш ,никаква поддршка и потпора сум немала од неа никогаш,додека со него беше поинаку еве веќе три години и некој месец е поминат но јас никако не можам да се помирам ,а да гледате од страна ќе речете ми поминало...
Ме боли детството периодот кога бев тинејџерка и најмногу ме боли што се наоѓам во средина каде што не припаѓам заради се што животот ми приреди
Периодот декември-јануари(2019) воопшто не се чуствував како себе си. Летото нешто се случи што многу ме повреди, после тоа бев месец дена кај многу близок роднина со брат ми и тотално се разочарав, уште првата недела се убивав од плачење за да си идам дома. Декември ми се собраа емоциите и ми беше многу тешко да излезам од дома или да бидам активен adult. Едвај собрав храброст да споделам како ми е со најдобрата другарка и се почуствував како да ми залепи еден фластер и си продолжи со животот. Никогаш нема да го заборавам тоа.
Најмногу од се, имавме некоја расправија со дечко ми и ми вели: ,,Па добро ако те нервирам,ако сум ти досаден тогаш да се разделиме што друго да ти кажам". Мислам камен на срцето ми падна,толку многу премногу.
Ме боли помислата што засекогаш ќе се прашувам што ќе беше ако продолжевме да бидиме заедно, дали ни претстоеше долг, среќен и успешен живот?
Najdobrata drugarka koja me zameni zatoasto ne odobruvav toa sto go izneveruva nejziniot maz i sekoj den i kazuvav deka ako ima problem vo brakot treba so mazot i da zboruva za toa a ne da traze uteha vo drug maz ili ednostavno da se razvede so nego. No taa ne saka. Preferilala poveke da "sedi na dve stolici". A segasnata nejzina najdobra drugarka go pravi istoto kako nea i zatoa nea ja odbra a mene odednas prestana da mi zboruva. I seuste razmisluvam za toa. Dali ako si najdobar drugar na nekoj treba taa licnost da ja poddrzuvas vo sekoja situacijai vo sekakov slucaj??
Не значи дека не треба да и кажеш што мислиш. Не мора ни да го поддржуваш тоа што го прави. Но не е твое да не одобруваш. Едно е да не поддржуваш, друго е да не одобруваш. Нејзина е одлуката што ќе прави, зошто тебе тоа би ти сметало?