Смртта на мојата тетка...Предавството од мојата "нај" верна другарка,од која ме делеше само еден кревет,нашето пријателство траеше додека да се запише на факултет,таму си најде други кои мисли дека и се другарки,ама знам дека еден ден ќе се покае..
Поминав низ многу долни, подли, мизерни работи, но еве сеуште сум тука, храбро чекорам. Ниту сиромаштијата, ниту разводот на моите, ниту шлаканицата од мајка ми, предавството од другарки, не ме погоди толку како зборовите на еден школски во основно, кога ме нарече куче. Не знам зошто, ама се уште таа навреда ме погодува, и кога се сетам на неа, се растреперувам. И смртта на баба ми и дедо ми. Се уште болка непреболена.
Многу работи. Смртта на еден близок во 8 одделение. Предавството од едно девојче на кое доста и верував. Навредите и понижувањата од прва братучедка зад грб. Недовербата од татко ми. И ред други работи да не набројувам. Ништо во животот не ме здоболе повеќе од две работи. Прва работа беше кога ја видов мајка ми како плаче. Барт ми беше мал може 4/5 одделение зима беше а јас бев 7/8 тука некаде. Имало некоја екскурзија за пониква и се работеше за околу 500 денари. Вујко ми требаше да ни врати 1000 денари и мајка ми планираше 500 да му даде за екскурзија и 500 да му докупи нешто за по пат. Арно ама утредента беше псоледен ден кога брат ми требаше да плати и да се соберат сите пари а вујко ми не се јавуваше на телефонот се јавивме кај баба ми таа рече дека е да носи роба некаде и мајка ми и татко ми немаа други пари и немаа од каде да му дадат за екскурзија. Брат ми дете многу се налути и и рече на мајка ми "Те мразам најмногу од се не те сакам ти не си мајка чим не ме пушташ" и излезе по него излегов и јас кога се вратив мајка ми плачеше толку тешко ми падна оти разбирав дека мајка ми не е виновна што вујко ми не дојде да ѓи донесе тие пари се обидував и на брат ми да му објаснам ама тој беше мал не сфаќаше мислеше дека нексаат да го пуштат. Втора работа недовербата од една личност ( машко е ) за кого и ден денес срцето ми се ќине на илјада парчиња.
Скоро секој ден ме боли тоа што кога на сабајле отварам во фрижидерот не наоѓам за јадење. Ме боли многу што сме сиромашни. Ама ете се навикнав се трпи тоа. Благодарна сум и ова што го имам некој и тоа го нема. Најповеќе ме здоболи една постапка на мајка ми која нема да и ја заборавам дури сум жива. Бев премногу болна со 40 температура, не можев да дишам, претешко ми беше а таа си излезе со другарките. Сто пати и реков дојди си не ми е арно ама очигледно неа тогаш побитни и беа другарките.
Непочитувањето од најверна другарка, дојдовме до тој степен да не збораме, а јас појма немам зошто, многу ме боли на моменти, затоа што не ја знам причината за која се разделивме. Ме болеше и тоа што мојте 2 пати останаја без работа, првиот пат се сеќавам кога јадев само леб месен дома и кечап. Ме заболе и кога го видов татко ми првпат во мојте 20 години да плачи. Душата и срцето ми се кинат за овие моменти кои никогаш не посакувам повеќе да се вратат.
Предавство од тие најмногу што ги сакам.распаѓање на семејството,разделба со драга личност,недостатокот на љубов и отфрленоста што ја чувствувам од тие кои би требало да се гордеат со мене .
-неправдата -малтретирањето во училиштата (кога си оставена сосема сама да се одбраниш,зашто никој не собира храброст за тоа ниту превзема одговорност) -недовербата -тешки зборови кои и до денес ми се врежани во душата -премногу добиени ножеви во грбот... Колку и да ми тежат на срцето овие работи секогаш се тука за да ме потсетат низ што сум поминала,но ако нешто сум научила тоа е секогаш да се борам и да продолжам понатаму
Потполно се согласувам, особено за второто.Највеќе ме болело кога моите најдобри другарки никако не реагирале, ни пред, ни после настанот, ни еден утешителен збор. Исто така особено ме здоболе смртта на баба ми, до тогаш немав изгубено никој толку близок.
Мене најмногу ме повреди и уште се сеќавам како светот ми се сруши тој проклет октомвриски ден. Дождлив, мрачен и магловит ден... Тој ден раскинав со мојата прва љубов, единствениот кој беше мојата срце и душа. Не дека денес не сум среќна и заљубена, но ете после тој ден ништо не беше повеќе исто. Се изгубив некаде, останав заробена долго време. Живеев во надеж дека ке ми се врати, но од таа врска остана само меѓусебното почитување и пријателството кое и ден денес постои. Можеме да се погледнеме во очи и да си кажеме што не мачи во животот, да си дадеме некој совет и да пружиме пријателска рака. За нас судбината напишала пријателство, а не љубов.
Не е којзнае што но навистина се чувствував повредено.Една другарка којашто си беше дојдена од Германија (со која бевме најдобри другарки) на сите другарки и купила по нешто и на некои кои не ги сакаше.На сите и беше купила блузи.И мене ми се јави и ме викна,и јас реков океј ќе дојдам.И отидов.Таа ми даде мене и на брат ми(иако не го познаваше) едно пенкалце и и ме испрати.Ми кажа дека заборавила да ми купе,а бевме многу блиски.И не сум од оние кои гледа што и како и купиле.Вниманието е важно нели.Најмногу ме заболе тоа што на другите и зборувала дека сум била премногу среќна пошто ми дала само едно пенкалце.А јас воопшто не бев.И бог да чува како дома јас да немам пенкала .
Однесувањето и предавството на мајка ми и брат ми. Колку и да не сакам да мислам на тоа, ми се чини дека никогаш нема да заборавам.
Имам и јас случна случка... Бевме 8 другарки, една отиде на одмор и се врати на сите ни купила обетки и ги повикала да им ги даде поклоните. Мене ме заборавила. ЖИТИ ДРУГАРКАТА! Ај шо ме заборавила, не можела да дојде она да ги донесе? После две години, одиме на школо, средно, јас она и уште една другарка, и јас седнувам со неа и таа случајно отвара паричникот и ги гледа обетките и ми вели, овие се твои ако сакаш земи си ги ?! Боже мили. Не ми е за обетките, ниту за тоа дека не ми ги дала навреме... ама така се испонаша шо ме испровоцира у пм. И не ги зедов.
-малтретирањето од стана на татко ми и брат ми. -нарушеното семејството -прадавството од најдобрата другарка -исмевањето од соучениците Има потреба уште нешто да набројам?
Во основно и јас бев многу исмејувана од некои сокласници. Посебно од едно многу високо девојче кое седеше зад мене постојано ми се смееше за физичкиот изглед и на моја сметка правеше шеги на кои сите други се смееа. Ама знаеш што во понеделникот во автобус истото тоа девојче седеше зад мене и со таа до неа инаку не ја познавам ме озборуваше и знаеш што рече? "Леле колку убава станала" Не дека се фалам ама и ден денес кога ќе поминам покрај бивши сокласник тие наведнуваат глава, не јас. Тогаш бев помала и тешко ми беше оти така ми правеа сега ич не ми е. Знаеш како викаат се си е домашна култура и воспитание ем попаметниот попушта. Да навредам некого да му вратам со иста мерка значи дека не сум ништо поразлична од него. А немој таа високата да мисли дека ме навредила/повредила со некој збор таа мене не ме навреди културата и карактерот си ги покажа. Каков е тој човек што пред да се погледне себе коментира за други. Лесно е да исмееш друг погледни се во огледало и исмеј се самиот себе на крај краишта никој не е совршен. Така и ти нема што тоа да те повредува, се надевам поминало. Ако погледнеме сите ние имаме некоја маана, никој не е совршен ама ако некој мене или тебе не исмее за физички изглед тоа не го прави ич поубав од нас.
-Предавството од најдобрата другарка која ја сметав за втора сестра -Разделбата на родителите -Предадството од страна на сестра со која не зборам веке 3 години -Неколку караници со мајка ми и татко ми