Секогаш е така... и јас цела фамилија од татко ми ми е во странство и сите мислат дека имам финансиска помош од нив, а јас со никого од нив не комуницирам, освен за празник да си честитаме
Иии со тоа сакав да кажам дека не се воопшто загрижени за мене, летаат во облаци.А да ми дадат пари не мора дел од наследството што го имаат тие имам и јас, можеби немам месечно 30.000е, но имам пари.И не сакам секој собир да ми се фалат што купиле, и јас имам неколку куќи па никогаш не се фалам со тоа. Сакав да кажам уфилмани и незагрижени се, а нивни пари не сакам.
Кога бев силувана само што наполнив 18 години. Тоа е еден од најжалните моменти за мене. Сум имала и други работи што ме болеле но ова до сега и не дајбоже понатаму нешто пожално од тоа што ме снајде.
Ќерка ми која е само 6 години си запишува тајни на ливчиња. Обично некои детски работи и скоро секогаш ми ги покажува само на мене. Инаку со неа имам повеќе пријателски однос за што понекогаш се мислам дали е во ред, се сметам за доста попустлив родител и скоро секогаш сум од нејзина страна кога татко и ќе ја скара, за тоа многу се изненадив и многу сум повредена, кога чистејќи и ја собата, прочитав една нејзина тајна, мамо многу те сакам ама ти си лоша мајка ... Не можам да престанам да се преиспитувам што и каде грешам , дали било некое моментално чувство... Не е ниту тепана ретко карана, сета љубов и внимание е за неа, не сакав второ дете за да не и одземам од времето што го поминуваме со неа. Лоша мајка
Немој да се грижиш. Дете од 6 години не може да знае што значи навистина ‘лоша мајка’. Сама кажуваш дека си многу попустлива, тоа е буквално меч со две острици. При првото ‘не’ ќе изреагира како што изреагирала тогаш. Го напишала тоа зошто била гневна во моментот поради нешто што не и било дозволено или евентуално ако била скарана кога не очекувала. Инаку, нема да има ништо поубаво од тоа да и подарите братче/сестриче. Пријател за цел живот. Ќе цени многу повеќе некои работи, но само ако успеете вистински да избалансирате меѓу двете деца. Ова се зборови исто од еден единец.
Моето однесување кон човек кој со својата добрина и се што ми дал што заслужува многу повеќе и многу подобро. Растргната сум и ме боли најмногу тоа што знам што е исправно, но не го правам тоа од одредени причини. Ме здоболеле многу и зборови кои ми ги упатил мојот сопруг и многу ситуации кога не застанал на моја страна..
Прераната загуба на мојот татко . Дволичноста , себичноста , љубомората , идиотизмот , на "блиска личност " кој го сметав за брат.
Највеќе добрината и пожртвуваноста што ја правев за некои многу блиски луѓе во мојот живот, а сето тоа ми се одби од глава...
Toa sto bev siluvana i se uste se boram so toa i neznam dali nekogas ke se vratam vo ona sto bev nekogas
Istoto samo so taa razlika so do den denes me vregja i uporno moram da ja podnesuvam, non stop me sporeduva so drugi site se podobri od mene ja sum najruznata, najgluoata najnesposobnata.
Тоа што се покажа дека некои луѓе се тука само кога им треба услуга. А кога ми треба разговор, поддршка или рамо за плачење - ги нема никаде.