Ме здоболе тоа што сопствените родители ми оставија длабоки трауми, ме лишија од роднини и пријатели , за на крај и они да ме напуштат како куче. А да не зборам па за закани од нив и роднини за кои имам и немам чуено, околу наследство. И ден денес кога ќе видам некој роднина , ме фаќа паника губам воздух и почнувам да се тресам. Сите ги избришав одамна, али траумата си стои
Смртта на татко ми, ме уништи… веќе скоро две години а јас… неможам да излезам од стресот и болката со анксиозност, панични напади и така.
Искрено во животот досега се ме има разочарано. Дел од семејството, пријатели, факултетот, љубов. Секогаш кога ќе ставев некого или нешто на прво место, подоцна ме повредувало. И мислам дека сум премногу добра личност што вака ми се случува, и гледам за сите да му е добро, а за мене никогаш. Решив оваа година да гледам повеќе за себе, мене да ми е добро, отколку на други.
Во последниве две години многу блиски луѓе ме разочара,ме повредија,ме излажа....Така да незнам што да издвојам за да пишам што ме здоболе најмногу.Среќа во целава несреќа е што многу научив и почнав некои работи и луѓе да ги гледам поинаку.Се освестив и видов кој ми мисли добро,кој е искрен,кој ме сака и му значам...Затоа сега ништо не може да ме изненади и не верувам на секој.
За скоро два дена 6ти ноември.....проклет ден кога ја направив најголемата грешка за која цел живот ќе чувствувам каење .....проклет да бидат и денот и часот кога ја направив таа глупост од која назад нема. Многу ме боли многу.
Sekako deka e mnogu bolno koga ke se uzgubi bliska i sakana licnost,no takov e zivotot mora da se nastavi,zal mie za zagubata no mora da pomines preku toa