Немоќ да променам нешто. Бесплатна, домаќинка, перачка, чистачка, готвачка и на крај бесплатна жена за во кревет.Не не, не се работи за љубов едноставно навика. Сите вие млади не дозволувајте да ви се случува истото.
Kako chovek sho beshe nesvesno pushten vo situacija da vleze vo takov zhivot,da znaesh deka nishto ne e povredno od tvojot pamet i svest. Bidi itra i pochni da gi realizirash tvoite vizii,postepeno i poleka. Trpelivosta e gorchliva,ama plodovite i se slatki.
До сега најмногу ме здоболело кога дечкото ме изневери и бев принудена да го оставам и премногу ме разочара , многу ми беше тешко да не беа другарките тешко ке поминев низ тоа , ама мислам дека уште сум млада и дека натаму во животот (не дај боже) ке имам поголеми проблеми .
За среќа не ми се случиле многу болни работи во животот,живеам во здраво живо семејство со хармонија и неизмерна љубов,со родителски очи полни грижа и нежност и сестра која ме гледа со восхит и обожавање. Најмногу ме здоболе мојата прва љубов. Дечко кој премногу го сакав,се смеевме,се шетавме,доживеавме прекрасни моменти... Долго време ми беше неостварена желба и кога најмалку очекував на мојот роденден се започна. Бев толку заљубена,не газев по земја. Луѓето наоколу не можеа да ме препознаат,очите везден светкави полни солзи радосници,се во животот ми изгледаше како да си е на свое место. И преку ноќ се се смени... Сите негови ветувања и искази дека ме сака,дека ќе тераме долго,дека сум била поинаква сум го исполнувала, се падна во вода. Почна да ме избегнува,глумеше дека е на пат,дека е болен и што се не,за да дознаам дека се гледа со друга женска. Покасно таа го остави се пресели во странство и остана сам. Колку што јас тажев по него,толку и тој по неа. Истите чуства и депресии што јас ги доживува поради него,така и тој поради неа. Кога го гледав таков тажен,скршен,и јас таква станував. Срцето ми го распарчи на делчиња,ама сега е минато и среќна сум што го пребродев иако ми е во генерација па секој ден го гледам. Може за некој ќе звучи смешна мојава приказна и "болка " ама навистина знам да сакам и кога ќе се приврзам за некој,тешко се откажувам...
Кога личноста во која сум гледала светлина, без причина направи да се чувствувам непочитувано од нејзина страна...
Shto kolku i da sum se trudela, ednostavno za nekoi luge ne sum bila dovolno dobra.Ni dovolnobilo shto.
Најмногу во животот ме здоболи смртта на мојата прва голема љубов, само што направивме 1 година од врската по 2 дена загина во сообраќајна несреќа........
Татко ми последните две години од својот живот беше слеп. Го изгуби видот од висок дијабетис. Јас никогаш не се срамев од него што е слеп, бидејќи цел живот коските ги остави од работа за да ми даде образование јас како што сакам и да ме воспита според тие исконски вредности. Најмногу ме здоболе кога член од моето семејство, во присуство на татко ми ме праша некое обично прашање за него, како тој да не е тука. Јас на тоа секако дека бурно изреагирав: ТАТКО МИ Е СЛЕП, А НЕ ГЛУП! АКО ИМАШ НЕШТО ДА ПРАШАШ ЕВЕ ГО ТУКА ДО МЕНЕ! АКО НЕ ТЕ ГЛЕДА, СЕПАК ТЕ СЛУША! Многу ме заболе моментот што некој кој треба да има разбирање за тебе и да е до тебе во тие тешки моменти, нема разбирање за тоа низ што поминуваме јас и мајка ми, и уште без капка срам го деградира човек со инвалидитет. Со таа личност јас не разговарам од тој момент....
Преселбата кога имав 9 години... Изгубив се што имав, другарките со коишто не можев да остварам повторен траен контакт колку и да се трудевме, после средно моравме да се разделиме скроз. На дечкото што го имав таму којшто исто така премногу ме сакаше, морав да му кажам демек не ми е потребен, ќе ми биде супер и таму, дури и поубаво дека град... Го сторив тоа за да може да ме заборави, но наместо тоа, тој не сакаше да излезе од дома. Нашите другарки му кажаа што како, но предоцна, тоа го сториле по една година кога тој требаше да се сели во Канада. Се имаше вратено, си мислел и јас сум се вратила... Пак се отсели. Во 7мо, кога се требаше да биде во ред, ни расипаа, демек по мене трчале други двајца, јас од тие еден сум сакала... Не беше така, јас го сакав само него... Моите 2 сестри, лани. Изгубив се, по втор пат, така наеднаш, за глупост. Раскинав со дечкото, се растури друштвото, сплетки меѓу другарите и другарките... Моите сестри ме обвинија мене, демек јас сум имала глупи другарки коишто сум им ги внела во нивното друштво и така моите другарки им ги земале другарите со тоа што им наместиле женски. А, можевме сите да се дружиме заедно, но моите сестри беа себични, сите другари што ги имаа, ги свиѓаа нив, не беа тоа баш онака другари, а и тие мора кога-тогаш да си фатат девојка. Оттогаш знам на кого до кој степен да му се верува, како и да не го ставам семејството пред себеси како што направив за време на преселбата - сите сакаа да се преселат, освен јас, а јас изглумив дека е ок и за мене само поради нив.
боли тоа што за малку недипломирав и што ги повлеков документите -откако тоа се случи почнав да тонам и пропагам а живееме во средина кадешто секој втор е магистер и секоја кавга мајка ми ми го спомнува тоа-да сум дипломирала ке ме вработела
Болат многу работи, но најмногу боли коментарот на најблиските, пред се од родителите. Нож во срце ми стави мајка ми. Тоа што чувствувам дека мајка ми ја дели љубовта меѓу двете деца, се трудам да го игнорирам. Се почестите кавги со мајка ми, како јас не чинам, како јас не правам и не зборувам како што треба............ секоја моја постапка секој мој збор се мери двапати и се бара влакно во јајцето. но зборот дека јас сум посакувала таа да умре...е тоа луѓе боли, боли до срж , не бев свесна дека таа и размислувала така ...........боли боли.....
Не се случило нешто конкретно што ме здоболело премногу и кое ми оставило длабоки траги, али секој ден се дешава нешто што ќе ме пецни и се затворам соба и плаачам дури не ми олесни.А не олеснува. Боли коа родителот ќе ти каже нешто лошо, ќе те повреди.Боли кога си немоќен да сториш нешто, боли недоербата и залудниот труд.Целиов мој живот боли откако сум родена.
Неможноста да продолжам со мојата пасија, само заради надворешни фактори. Иако после долг период се вратив, ама шанските за да ги остварам целите се никакви ... My life is ruined ..
Најмногу.. Па повеќе работи ме здоболиле.. Кога дознав дека татко ми ја изневерил мајка ми.. Кога брат ми се запиша на факултет и си замина, бидејќи многу бевме поврзани премногу ме болеше тоа.. Кога мојата прва љубов ми рече дека е крај.. Кога татко ми отиде на работа во странство, кога плачев за да не оди, и кога тој се расплака.. Кога и да ми текне на тоа плачам.. Кога најдобриот другар си замина без да ми каже ништо.. Кога едноставно мојата ''најдобра'' другарка ме заборави