Najbolno e neshto vo zivotot koj ne go posakuvam na nikoj e da se otkazat bioloskite roditeli od mene uste od samoto raganje. A srekja e da te zeme nekoj na 5godini I da te cuva kako svoe dete I diri povekje I ishte najbolno e sto go znaes toj sto te zgrizil 9meseci I na kraj da pocine tatko mi sto me zgrizil sto mi ostavil golem vpecatok I sega so majka mi si ziveeme samicki vekje 12 god. I istata bolka e kako I pred 12god
Koga bev napadnata na rabotnoto mesto i koga i se javija na gazdaricata da i kazat ona mi se izdera na telefon i kaza deka nemalo potreba ni od policija,nisto da sum kazala deka jas sum si bila vinovna,inaku uste rabotam tamu,za zal
Девојче потполно те разбирам, ќе ти дадам еден совет од срце дека не треба воопшто да те боли за тие луѓе бидејки ти си имаш свои родители кои те израснале чувале и безусловно те сакале. Секогаш кога ќе помислиш на таа болка потисни го чуството бидејки не заслужува да патиш и да се мачиш за некој кој воопшто не заслужува, тие суштества се се само не луѓе. И биди среќна што животот ти се насмевнал и што си ги пронашла најпрекрасните родители.
Ме има заболено многу пати Губењето на блиски особи, бебето, вујко ми, баба ми... Сиромаштија, сум имала тешки периоди од дество и јас сум била исмејувана во средно. За мене секогаш се немало ни за свадба ни за матура. Но времето лечи, вложувам труд да заборавам на минатото и да се издигнам над проблемите.
-Пијанствата на таткоми од кој уште од најарана возраст гледав пекол низ дома -тешката болест на мајками -работење дененоко на мојата мајка во друго место и не гледајки ја по 3 дена на само 5-6 годинишна возраст -преоглемата сиромаштија претрпена на истите години ,една две повеке - предавство од најблиските пријатели пред 4 години , ми завртија грб и останав сама - животот под секојденвни закани исто пред 4 години - игнорирањето на најсаканата личност за мене - пред одредено време тешка моја претрпена болет - во истиот период нај другарката од детство што ја сакав како сестра престана да ме бара поради ушемување (читај курвање) во големиот ни град - ставајки ме на последно место тие што му помогнав најмногу
Ме боли недовербата од мажот ми.Тој така се однесува понекогаш бидејки е љубоморен без да е свесен дека мене многу ме повредува. Ме боли игнорирањето од татко ми.
Ме боли смрта на татко ми , ме убива одвнатре празнината што настана после неговата смрт , секаде е пусто само мислам дека ке влези од некоја врата и ке се насмее и каже ајде Атко ( така ме викаше кратенка од Атос трите мускетари ) свари кафе. Ме боли што никаде нема никакво разбирање за мене ( дома, работа и друштвото) .Едноставно се губам, се гушам не знам кај се наоѓам. Сите велат дека таков е периодот, само се надевам дека ке дојде крај на овој грозен период или пак кој знае што ме чека ама некако ја изгубив вербата за подобро утре , Ме боли што без разлика на се немам на кој да се потпрам барем малку колку да се пожалам и да поплачам на нечие рамо кое ке ми каже ке биде ке видиш.
Смртта на татко ми, бев премногу мала кога почина имав само 7 години, а болката сеуште е иста, сеуште тука ме боли најмногу.Секогаш ќе ме боли и јас се гушам кога ќе помислам на тој момент.Премногу бев приврзана за него, а сеуште ја паметам сликата тој на средина од собата лежи во ковчег како да спие а околу него многу луѓе. Незнаев што е да се умре, мислев дека ќе се врати за многу брзо време, знаев дека умре а баба ми и мајка ми ме лажеа дека бил на пат... Премногу ми фали тато,неговиот мирис сеуште го паметам,СЕ ми фали што правев со него се.... !
Ме боли најмногу кога на другарка ми и мене не згази кола поради моја невнимателност.срека останавме живи.Скокавме на јаже.Имавме 10 години.Јас скокав побрзо од неа и само за да се пофалам и реков : ***** ај на улица да скокаме,Тоа беше главен пат,од секаде брзаа коли.Наеднаш кога излеговме на средината од улицата заиде една кола.сакавме да побегнеме лево но и од таму идаше автобус.се гушнавме наместо да бегаме и останавме в средина.од невнимателност не турна автомобилот и се втурнавме кај автобусот кој забрза...многу плачевме.двете си скршивме по една рака и заедно со своите родители - пат в болница. Ме боли тоа што јас го направив тоа. Јас сум крива Ме боли и смртта на мали дечиња,вујко ми,тетка ми,баба ми,дедо ми,прадедо ми.... Ме боли и смртта на братучед ми. Ме боли и смртта на соседите кој умреле од неизлечлива болест . Бог да ги прости. Спојлер поука и порака од мене : не притрчувајте по улици.секакви возачи има !
Зборови на моите родители. Да ги кажам, ќе ми се смеете Ништо трауматско, не се ни навреди, ама ете, некоја недоверба во мене беше, некако неверување во моите способности. Јас знам дека можам се. И години подоцна, им докажав, дека иако мислеа дека не можам, ете можев и можам.
toa sto kako mlada licnost sedam doma i se nerviram za glupi luge koi me mrazat i povreduvaat.Sto neznam da si go cenam zivotot a imam za tolku sredstva da ziveam.Od glavata si patam
Мојата анксиозност и ограничувањата кои ми ги создава. Тоа што не останав во странство кога имав шанса. Едно „не“ од пред многу години од личност која и ден денес ја сакам. И веројатно најмногу - смртта на баба ми која ја сакав најмногу од сите на светов.
Фала му на Бога,не ми се случувале премногу болни работи до сега.Но ќе одвојам нешто.Ме боли сепак однесувањето на мои одредени другарки затоа што не им е мило и не се радуваат на мојата сопствена среќа и тоа што се смирив со дечко ми.