Смртта на дедо ми дефинитивно,кога ќе се сетам сеуште ми навираат солзи на очите Секој ден го гледав,живееше до нас и многу ме сакаше,постојано си игравме карти и седевме заедно Никогаш немал да ми даде многу пари,нити сум очекувала такво нешто. Љубовта која што он ми ја пружи со ниедни пари на светов не би ја заменила. Се би дала да е жив Премногу ми недостига
болеста на сестра ми. Премногу ја сакам и мн ми е тешко кога ќе ја гледам. Но сепак се тешам некако дека ќе оздрави и се ќе биде во ред
Разделбата со бившиот . И до ден денес кога ке ги погледнам заедно ме печи од внатре ми беше прва љубов и 5 години бевме заедно. Но судбина така морало да биде секој по свој пат
Sto morav da si zaminam od soprugot sto go sakav i bev trudna od nego....ama morav. Nikogas ne preminav preku toa. Najmnogu mi se skrsi doverbata kon drugite. Ne mozam pojke na nikoj da mu vervam. @Milobebence od se srce ti posakuvam da imate bebence. Moeto tatko mu ne go saka. I ako nemas kako poinaku, posvoi si bebence, nekoe malo i otfrleno
Da sme razmisluvale i za posvojuvanje i vo plan ni e ti blagodaram za ubavite zeli i jas ti posakuvam se najubavo
Бев средно, отидов на фризер, кога завршив се качувам на мотор но не сакаше да запали- немаше бензин, му се јавив на татко ми да донесе во шише, тој кутриот на точак со шишето, се исплеткал паднал лом во лицето, целиот крвав
тоа што се разделивме со бившиот бевме заедно скоро 4 год прва љубов ми беше мислам дека и последна ке остане секогас кога помислам на него на моментите поминати заедно...на тоа дека сега друга ке го има...боле таква болка немам почуствувано никогаш боле пече болката е неподносителна и непрекинлива.......
Мене највеќе ме боли тоа што имам потрошено време на неважни личности исто така болат и лагите и повредите од саканиот а тоа што е капак на сето ова е љубов во моментот која е невозможна...
Беше 1ви Мај, бев неколку дена надвор од дома. Си дојдев, атмосферата дома не беше иста. И татко ми и мајка ми беа потечени од плачење, го приметив тоа но не напнував, иако знаев дека нешто се случува. Таа вечер си легнаа рано, инсистирав да ми кажат што се случува, но не ми кажаа, глумеа но залудно. Чуствував во себе....Утредента требаше да полагам но пред тоа се решив да дознам што се случува и решив да прислишкувам. Мислеа дека веќе излегов, и тогаш мајка ми рече дека ќе измислат нешто и дека нема шанси да дознаам за нејзината болест. Се скршив, плачев без прекин, плачев... Вечерта дојдов дома, и рекоа дека ми кажат што се случува, почнаа да ме лажат ко да сум дете, им кажав да прекинат дека знам се, да прекинат со плачење и да се наоружат со позитивизам и дека подоцна или порано се ќе се реши. Моите се зачудија од каде толку голема храброст(иако мене срцето ми се кинеше). Од таа вечер се се смени, сфатив дека глумењето храброст и позитивизам, ти станува навика, наместо жалењето и плачењето, помина веќе 3 месеци, многу е подобро. Но чуството кога моите криеја со денови а јас чуствував дека има нешто, чуствотото кога не знаев како да помогнам ме здоболи многу. Друго нешто што ме здоболило, дечкото кој му верував и му се доверив за мојата голема болка. Го снема без збор, замислете без ниеден збор.
Кога еден другар ми побара пари за да купи храна, Многу беа сиромашни, заглавиле со некој долг, но се среди, многу сум среќен што сега се подобри и што не ме заборава... Смртта на дедоми.Игравме шах, наеднаш ме гушна и ми рече да си одам доволно било, утре дента од школо кога се вратив го видов ковчегот веќе спремен.
Напатеноста на мајка ми. Кога мојата баба не сакаше да не прими повторно кај неа откако се разведоа моите, па моравме да спиеме во еден пуст дуќан на лежалка за плажа без ќебе, без ништо. Гледајќи ја мајка ми како 24/7 изгрбавено на машината шие и трча по студентски домови да продаде нешто сошиено, за да може мене нешто да ми зготви, што денес на постари години има грбка и страшни болки во вратот. Ме боли тоа што повеќе од 15 години мојот татко не го видов, ниту ми се јави да ме праша како сум, ме боли и изневерувањето на најголемата љубов, која знаеше низ што се' сум поминала, ветуваше дека нема да ме разочара никогаш, а го стори тоа..
Bolka sto tatko mi ne maltretirase i ne razdeli site, bolka e sto na brat mi ne mu se javiv za praznki i sto toj odi po patot na tatko mi, golema e taa bolka sto toj mene ne me saka, solzite presusea, a srceto mi e kamen polno omraza i beskrajna nasmevka