Најмногу ме здоболело, и сеуште ме боли тоа што најдобра другарка со која бевме 24/7 заедно, од бебиња неразделни, значи цело детство поминато со неа, првите насмевки, солзи, глупости ми беа со неа..., се пресели во Австралија пред две години и ниту еднаш во овие две години ми нема пишано да види како сум..Како што замина таму, така целосно изгубивме контакт, а ми недостасува премногу...И пред некое време и честитам роденден со огромен реферат и таа ми врати само едно е*ено фала (извинете на изразов). Премногу боли
Срушената желба за иднина со човекот што го сакам најмногу на целиот свет. Најлошо е да си замислуваш иднина со некој на кого ништо не си му ни значела. Од тоа ништо повеќе не ме здоболело.
Крајната егзистенционална несигурност во која живеам, крајно лошиот родителски однос од моите родители кон мене, неможноста да бидам во врска со девојката која ја сакам.
мајка што ја имам но исто ко да ја немам..пораснав без неа од мои 4 год..живеев со татко ми и двајца постари браќа..браќата отидоа да работат у црна гора кога имав 11 год и останав со татко ми..додека татко ми е тешка пијаница си патев покрај него и физички но повеке психички..наместо како родител да те подржува да ти помага тој те бутка на дното се повеке и повеке..значи цел живот ми е катастрофа..затоа и имам последици најлоша и најголема ми е депресијата..имам идено по психијатри и по терапии па сега се оправувам се врати едниот брат после 8 год и сега со него живееме заедно..другиот од црна гора си најде подобра раб во србија и пред некое време беше на гости мн се израдував..полека полека се оправувам и помирна ми е главата без татко ми искрено..најмногу и ден денеска ме боли тоа што ја нема мајка ми у моменти кога најмногу ми треба..
Почнува да ме боли однесувањето т.е. карактерот на моја блиска особа. Се смени со текот на времето најмногу ради работата но и цело опкружување, демек стана дел од „високо добро утроЧ и сега на блиските лечи комплекси што ги имал ко дете но и повредува. Се се врти околу парите, моќта и тоа дека он успеал и сега е во право за се ние сите сме под него... од мајка татко жена па натака. Ете тоа ме боли.
Нaјтешкaтa рaбoтa штo сум јa дoживеaлa беше смрттa нa тaткo ми. Првo негoвaтa бoлест кoјa беше прoследенa сo безбрoј непреспaни нoќи кoи ги минувaв сo плaчење и стрaв дa не гo изгубaм, a пoтoa се oствaри стрaвoт. Денoт кoгa рaзбрaв декa умрел и денoт нa пoгребoт беa нaјужaсните денoви вo мoјoт живoт oд кoи секoгaш ќе си имaм трaуми. Бидете свесни кoлку сте среќни вие нa кoи нaјтешкa рaбoтa ви е недoвербa, клеветa или незнaм штo другo...
Дента кога ги слушнав моите како скришно разговараат за болеста, тие денови кога бев најчуствителна и најранлива другарката која ја сакав како сестра ми се чудеше како е можно да сум толку чуствителна и досадна.. Но сега знам тие што не го искусиле истото немаат ни право да ти кажат ,,знам како е,, подбро е да молчат.
Не се сеќавам на нешто што ме повредило до толку да и сега имам последици и трауми. Фала му на Господ што не сум почувствувала таква болка досега. Но, животот е среќа и несреќа. Солзи ми доаѓаа кога читав нагоре. Јас не би можела да поднесам разделба со некоја блиска личност, не дај боже со фамилија. Никогаш, колку и да морам. Да не зборувам за во иднина, би ме здоболиле 1000 нешта, загуба, разделба, неверство, неуспех итн. А досега онака како болка ми стои во мене што ми отруја 2 кученца кои си ги чував дома, прво едното, па другото.. И секогаш кога ќе ми текне на нив солзи ми течат, иако поминаа 13-14 години, сеуште се сеќавам како татко ми и стрико ми го бараа едното доцна навечер и го извадоа умрено А другото пред врата го најдоа отруено Ох. А нешто што ме повредило во скоро беше кога ми се јавија од болница моите, пошо на татко ми му се слошило. Ќе умрев.
Најмногу ме повреди тоа што најдобрата другарка ми го сврте грбот,и тоа во момент кога ми беше најпотребна.Затоа не им верувам на луѓето,бидејќи се дволични и повредуваат!
Ме здоболеле најразлични ситуации предизвикани од блиски и нетолку блиски особи (мислам и на семејството, роднините и пријателите). Најмногу од се боли кога ќе те повреди некој од кој што најмалку очекуваш да ти го направи. Ме болеле и разделбите, мислам на оние засекогаш (преминување во другиот свет). Првата ттаква болка ја осетив кога го изгубивме вујко ми, а втората кога ја изгубив братучетка ми... После нејзината смрт, сфатив дека живтотот е многу вреден и нема потреба да се преоповараме со ситници. Ме повредиле не знам колку другарки во било кој сегмент и право да ви кажам, отрпнав од тоа. Ако ме почитуваш, ќе те почитувам. Ако не, замини и продолжи. Никој не е нечија играчка, ниту сопственост. Сега имам две најдобри другарки, ги сакам и почитувам и тие мене. Едната е верена,другата е бремена и ќе се мажи. Немате појма колку сум среќна. И на двете ќе им бидам старосватица. Се си доаѓа на свое место, не трошете си ги нервозите за луѓе на кои не им е стало очигледно до вас. Да им било, немало така да постапат. П.С. Исто така многу ме погоди и разводот на моите родители... Поминаа 3 години и подобро се чувствувам, иако ми фалат ручеците и вечерите за најголемите христијански празници...
Еден погрешен избор кој навистина многу скапо го платив во животот. Се друго можам да заборавам, но она за кое јас се чувствувам виновна...тешко. Многу тешко. А којзнае... понекогаш се тешам па велам, можеби и тој избор би ми бил погрешен избор...
Omrazata na majkami kon mene. Nejzinoto nashtetuvanje za na vek Kako sto kaza edna clenka pogore mozebi 2016ta mi e najubava bidejki sum na pat da stapam vo brak, no definitivno i mnogu me zdobole ovaa 2016ta.