Песна за ЛАЈК Ако не стиснеш лајк ќе направам штрајк на ѕид ќе те замарам мора лајк да ќарам во инбокс ќе ти пишам од френдс ќе те бришам на чет ќе ти зборам да имам лајк МОРАМ! ајде сега стисни и ти минимум да соберам 50 и три.
Другарка ми, ми вика „Ех, што би било убаво професорите да беа како Вучиќ во Среќни коцки, кога испрашуваат да ни даваат секакви асоцијации а на крај да не наградат (т.е. да ни пишат 5)“ Луда е бе, пукнав од смеење
Обидот да се извадиме со другарка ми кај сме биле денес толку рано уште од 7 саат, па настанаа компликации кога нејзините се обидоа да ни помогнат мислејки дека сме биле на интервју за работа ,а ние по гатачки бевме
Возејќи се , си слушав музика со слушалките на уши , и за прв пат ја слушнав евровизиската песна , и додека си пееше Влатко никому ништо солидно песниче си слушам и си возам, ама кога настапи Есмето ...луѓе мислев ќе паднам од точак од смеа ....ни коментари веќе не се потребни . Значи Есме ме пресмеа не ме насмеала.
Koи цареви...made my day Не можам да престанам да се смеам http://www.youtube.com/watch?v=zzgM5_tqrsw
Конечно завршија локалните избори во Општина Центар. На изненадување на сите, нов градоначалник е Владимир Тодоровиќ. На кандидатот на ВМРО ДПМНЕ очигледно 521-от изборен круг му донесе среќа. Во најскоро време, се очекува Партиската Изборна Комисија за Верификација на Мандатите да ги потврди изборните резултати, со што, 75-годишниот Тодоровиќ, повторно ќе седне на градоначалничката фотеља. Фото: МИА Инаку, Владимир Тодоровиќ во јавноста е познат како соспственик на единствената самопослуга во државата – Центро, а во својата биографија, освен што има неколку државни награди за најдобар претприемач, бил прогласен и за почесен граѓанин на општина Пустец, Албанија. Екипата на Брејкинг доцна синоќа се обиде да стапи во контакт со новиот градоначалник, но тој беше премногу возбуден да ни даде било каква изјава. „Емоциите ме совладаа“ – кусо ни одговори Тодоровиќ. Многу порасположен за интервју беше шефот на изборниот штаб на Тодоровиќ – господинот Центар Димитриевски кој ни рече: „Прегласувањето се исплатеше. Правдата конечо излезе на виделина. Се покажа дека опозицијата не може вечно да ги фалсификува изборите“ – изјави Димитриевски. Инаку, според првичните резултати, според единствениот избирачки список во Општина Центар живеат 40124 жители од Пустец и 15894 споменици со право на глас. За кандидатот Владимир Тодоровиќ гласале мнозинството од гласачите, со што, Општина Центар конечно ќе добие свој Градоначалник на изборите кои започнаа пред 20-ина години. извор Брејкинг.нет