Еден Македонец фатил риба и ја однел дома на жена му да ја зготви. И рекол: - Еве ти жено риба да ја испржиш. * Немаме масло. - Испржи ја на маст. * Абе немаме ни маст. Со кои пари да ти купам јас маст и масло а? - Епа тогаш свари ја! * Немаме ни вода, вчера ни ја исклучија оти немаме платено од лани. Мажот тогаш изнервиран се вратил на езерото и ја вратил рибата во вода. Рибата излегла на површината и почнала да вика: - Да живее Македонија! Да живее Македонија! Хахаха So true
- У иста година се повлекуваат Папата, Бранко и Алекс Фергусон. У наредните денови очекувам Сонцето да даде отказ. - Кога звонеа камбаните на католичка у 12,излегов на тераса и поздравував као Папа.Среќа немам многу комшии иначе кој ке твита од Бардовци.
Многу рано почнав да заработувам Прва заработка ми беше на 8 години Околу 300 денари ми дадоа од еден циркус за да ми ја стават змијата на вратот Покрај парите заработив и котек од моите ( а толку бев срекна кога им кажав оти заработив пари) : Од kikikikirika во темата „Вашата прва плата или заработка“
Кога на сред тест ќе ти се блокира мозокот: Баш вака. Кога студент по медицина за првпат ќе се соочи со проблем во живо: Хахаха, така некако изгледаат.
Се работи за хумористичен речник, базиран на стереотипи за два пола, кој и некогаш може да биде точен. Женски речник да = не не = да можеби = не ми треба... = јас сакам... жал ми е = тешко тебе треба да разговараме = ме нервираш секако, само напред = оди по ѓаволите прави што сакаш = ќе ми платиш подоцна не сум лошо расположена = секако дека сум лошо расположена, морону ме слушаш ли? = мртов си! треба да научиш да комуницираш = слушај што ти велам биди романтичен, изгаси го светлото = имам целулит толку си мажествен = треба да се избричиш и избањаш дали навистина ме сакаш? = сакам нов накит убава сум ти вечерва? = како не ти здосади да мислиш само на секс? ќе бидам готова за пет минути = соблечи ги чевлите и изгледај некој филм колку ме сакаш? = направив нешто што нема да ти се допадне Машки речник гладен сум = гладен сум ми се спие = ми се спие уморен сум = уморен сум убав фустан! = добри нозе! те сакам = ајде в кревет досадно ми е = ајде в кревет што ти е? = значи, ништо од сексот? може ли да замолам за еден танц? = ајде в кревет може да ти се јавам утре? = ајде в кревет ќе одиме утре в кино? = ајде в кревет би можеле да излеземе на вечера = ајде в кревет. изгледаш уморно, да те измасирам? = сакам секс веднаш да поразговараме = сакам в кревет!