Брат ми. Кога тој почнува да се смее, автоматски и јас почнувам да се смеам. Двајцата се смееме гласно и од срце. Куќава ечи. Поготово сега, летниве периоди.
Хахахахахахахахаахахаххаа еден тип што не го познавам што упорно ми одеше контра на моите твиотви.Смешки.Неможам да се соземам хахахаахххаххахахаххахаха
Малку е подолго ама вреди да се прочита Хит диета со лубеница – за 7 дена – 15 килограми помалку Сте ги пробале сите диети и ниту една не ви успеала? Трчате, вежбате, не јадете ништо и пак сте дебели. Епа, ние ви ја прикажуваме диетата која стана хит низ светот, најчитана на сите времиња и со која загарантирано ќе изгубите килограми, здравје и нерви. Или во најмала рака, ќе го изгубите паметот. Понеделник Појадок: Кажете добро утро на домашните и навестете им дека од денес сте на диета. Не им кажувајте каква, нека се мислат. Ручек: Отидете до пазарот од другиот крај на градот и купете ги двете најголеми лубеници што можете да ги најдете и донесете ги до дома пешки. Вечера: Напијте се чаша млака вода. Вторник Појадок: еден аспирин, а ако воспалението на мускулите е поголемо, може два. Ручек: Однесете ги лубениците на прошетка. Нека го запознаат Водно, а можете да има направите и тура до сите споменици. Вечера: Напијте се чај од жалфија, без шеќер. Ако ви дојде, слободно повратете Среда Појадок: Земете ја едната лубеница, држете ја со двете раце и направете 20 чучнувања. Ручек: Тркалајте ги лубениците на Водно сè до врвот. После пуштете ги надоле и трчајте по нив! Вечера: Насмевнете се во огледалото. Позитивниот став е најдобра вечера. Четврток Појадок: Легнете на грб, земете ја едната лубеница и направете 20 стомачни Ручек: Однесете ги лубениците да ги видат новите згради во Аеродром и заедно бројте ги катовите. Вратете се назад пешки. Вечера: Изедете еден домат и една маслинка, со малку сол Петок Појадок: Застанете на вагата. Ако сте живи, досега треба да имате изгубено 9 килограми. Пофалете се на сите и ситете се од нивната љубомора, не од нивниот појадок. Ручек: Време е да се запознаете подобро со една од лубениците. После толку заеднички прошетки, време е да и го изедете срцето на едната. Вечера. Размислувајте на храната добри 15 минути. Сабота Појадок: Лубеницата која сè уште е здрава, ставете ja помеѓу колената и направете 10 чучњеви. Ручек: Исечете ја лубеницата на три дела. Секој од деловите однесете ги на различни страни од градот – дел на Матка, дел кај Китка и еден дел однесете го на Водно, каде прв пат отидовте заедно. Вечера: Размислувајте колку сте слаби и убави. Помислете на плажа на која поминувате вие со прекрасно тело, а сите се вратат по вас. Недела Појадок: Прошетајте се низ дома и фалете се колку сте најубави и најслаби. Ситете се со нивната љубомора. Ручек: Земете го ѓубрето од првата лубеница и одејќи на раце однесете го во контејнерите на другата страна на градот Вечера: Најбитно е да не ја прескокнете вечерата. Частете се со три бадеми и лист марула. Зачинете со вода по желба. Кога веќе ја завршивте целата недела со диета, ако сè уште сте живи и под неверојатен услов да сте здрави, дајте ја диетава на некој друг. Не бидете себични кога веќе сте убави и слаби.
ова ми го кажаа на фб на некоја мома било ставено ко статус. момата:Не е се така црно еве јас сум ПЛАВА! дечко остава коментар:убаво што сте плава , Но, не мора се што е Црното .. да биде лошо .. Видете јас сум црн, но не е толку лошо .. )) xD Забелешка- не сум од Шуткалариjа