4 години студираат во Скопје и скопјанки стануваат, јас цел живот кај училиштево седам па наставник не станав...
Сме седнале со сестра ми и гледаме телевизија, нешто вести, и даваа таму некоја девојка што се обидува да се самоубие. Таа застанала некако во ќош меѓу двете згради и од таму (од прозорецот) излегува пожарникар и во неговиот спасувачки обид кога ја грабна, несакајќи ја тресна од климатизерот. Ја слушам сестра ми и вика "aха е така, дотепај ја" И после по некое време вели "ццц божеее од едно бесење за малку ќе се удавев"...(Некој човек се обидел да се беси на едно дрво крај река, но гранката се скршила и тој паднал во водата, а горното всушност бил неговиот коментар откако го спасиле.)
Тато како бродот стои над вода? -Не знам сине. Тато како лета авионот? -Не знам сине. Тато како доаѓа сликата на телевизорот? -Стварно не знам сине. Тато се лутиш ли што поставувам многу прашања? -Не сине, какво лутење, ако не прашаш нема да научиш!
И РЕКОВ: "ДОСТА Е НЕ МОЖАМ ПОВЕЌЕ! ЗАМИНУВАМ ОД ТЕБЕ!" ИЗЛЕГОВ НАДВОР И СЛУШНАВ ПУКАЊЕ. НЕ МОЖЕВ ДА ПОВЕРУВАМ, СЕ УБИ!? СЕ ВРАТИВ ВО СТАНОТ, А ТАА ПОВТОРНО МЕ ПРЕЛАГА... ОТВОРИЛА ШАМПАЊ.