Оваа Нова Година и мојот автомобил е украсен празнично. Сите сијалички светат! За бензин, за масло, за сопирачки сите!
Инстаграм а ? И шо море ако имаш инстаграм,значит немаш грам мозок , самово име требит да те асоцират! Инстаграм пак сликана со бузине напрчени и пишано мња за тебе злато , пак тагнати сите пак нешто со тараби таму тагвено да гледале сите да те следеле. Пак Еј овој ми стена фловинг ке гледат слики.И шо ак ти стегна фловинг за сликите да ти ги гледат ко немојш муабет да напрајш, драпајсе кај шо не те чешат.Пак морат секое јадење да е сликано морат , ко на некоја норма да се , барем по некоја награда да им даваја .Или да го викаја фоодстаграм. Абе господ да чуват од полошо , пример инстаграм 2. И шо море слепци едни ак ги сликате јадењата и ги клајте на истаграм шооо шооо???? Имате нешто добивка, нешто посетеност ке мерите, нешто ке берите рејтинг се борите за нешто???Глупаци! Пак сликано милк шејк и наредено тарабанајдобрапријателкатарабамилшејктарабауживаме... ништо не прајте ветар во магла прајте ко мрднати недајбоже! Го болит некој таквоно шо си пијала ти или шо прајш, тук ко онакво те гледат на сликите за онаквење,да не речам сега страмота е овде.Или јадењено изедено и сликана пајнцана и напишано тарабафинишитингтарабакофинаутарабанескафе Ебиси мајката и со јадењето и со се, ми идит да и речам да ја видам.Зш не ја сликат босицана ко ке го цицат детено , мамето нејзино?! Па да напишит тарабамилкмајбосицатарабамајбејбитарабакамтотрајит Пак сликајме за на инстаграм , па ај пак нее уба ова слика , па пак ај нее ни оваја , па пак ај нее ни оваја уба, па друга, па ај оваја е уба ама уш малце ке ја добрајме на инстаграм со ефекти и ке ја клајме .Е море нее до сликата шо е неуба , ти не си уба зато така испаѓат сликата ! Пак напрај јадење и чекај чекај не јади да сликам за на инстаграм и после почни, еј кај ви е умот луѓе се мрднавте шо е работава ??? Е то е од шо се плашеле поранешните , велеле ке дојт време некош телевизорине ко рамки ке ги бесиме на ѕиздојне , та дојде и помина то време и дојде јадењено да го обесвет на интернет и после да го јадет. Тешко време дојде потсвесно се мрдвит народов ! Превземено од: И шо аку имате Инстаграм ?! | Ohrigani.mk