Маж на паркинг го бакнува автомобилот по вратите и го гали со солзи во очите. Друг маж кој случајно минува го прашува: – Го продаваш? - Не. Жена ми доби возачка дозвола.
^ Вицов од оние на почетна од Фемина ти е .... https://www.youtube.com/watch?v=KpBLqR1N6rw Марија и Бобо
Нов модерен календар за мали муабети. 1 јануари - 5 јануари - Како си помина за Нова Година? 6 јануари - 14 јануари - Кај мене се падна паричката. 15 јануари - 12 февруари - Утре почнувам со диетата. 13 февруари - 15 февруари - Св. Трифун или Валентајн? 16 февруари - 28 февруари - Дај бе нека заврши месецов... 1 март - „Каролина Гочева - Први Март.mp3“. 2 март - 7 март - Што да и купиме на класната? 8 март - Ден на наставничките и работничките во администрација. 9 март - 31 март - Што ќе се маскираш за 1ви април? 1 април - Лоши маски и очајно лоши статии на нашите портали. 2 април - 15 април - Кога е Велигден.мк? 16 април - 30 април - Каде за Први мај? 1 мај - Скара. 2 мај - Порано не се работеше на овој ден! 3 мај - Каде беше за Први мај? 4 мај - 31 мај - Еве сесија... 1 јуни - 30 јуни - Каде на одмор? 1 јули - 31 август - Слики од нозе на плажи 1 септември - 30 септември - Ајвар правење. 1 октомври - „Green Day- Wake Me Up When September.mp3“ 2 октомври - 30 ноември - Туршија и дожд. 1 декември - 31 декември - Каде за Нова Година?
Возив се две муве на мотор и се довикуев: М1- Много ти брчи мотооооооооооооооор ! М2- Не те слушам ништооооо ! М1- Много ти брчи мотооооооооооооооор ! М2- Абе ништо не те слушааам ! М1- Много ти брчи мотооооооооооооооор ! М2- Абе ништо не те слушам, много ми брчи мотор !
Мене денес ме масмејаа убаво моите внучиња,децата на моите братучеди бидејќи само децата коишто се најискрени суштества се способни убаво да те изнасмеат и да те расположат бидејќи и самите многу сакаат да се смеат најискрено од се срце и секогаш се расположени за смешки,вицеви,бесмислени шеги и глупости и така ми ги разубавија и овие празници! Нека ми се живи и здрави од се срце!
Слушнав нешто демек за твитот на Канје Вест и Даниел на тоа на Фејсбук пишал као демек: Фала ти Канје, многу ми значи или така нешто.. хахахаха се прснав до смеење
Смаата јас на мајка ми и викам Мамо полначот ми се полни ... Можеби за вас и не е толку смешно ама јас пукнав од смеење