постот на блонд-како изгледаат жените, чекајки го совршениот маж(костури) пред малку зборувавме за едно момче со брат ми(а живее во бардовци) и ми вика а во селото или во болницата
сабајле во автобус на еден пред мене му звони мобилниот телефон и овај крева и му вика ЕЈ ИЗВИНИ ОЛКУ РАНО ШО ТИ СЕ ЈАВУВАМ АМА САКАВ НЕШТО ДА ТЕ ПРАШАМ а фактички него го бараат лелел се акнав во смеа
Ме насмеа комшијата Седам си на терсата уживам во утринското кафе и го гледам комшијата (или поточно дедото) во дворот си вади цвеќиња со цревото, ужива си човеко...Ама тоа внучето негово палаво трчка околу него така му се смешка...комшито остава цревото наведнува се надоле (посеизгледа да земе нешто) а ово малото ѓаволче грабна цревето и лом го направи Целиот беше мокар, воа се смее а кутрио комши трча одвај по него и се дере Можеби не беше ногу за смеа ама јас се скина од смеа на терасата
Статутсот на еден другар на ФБ: Која е сличноста меѓу политиката и сексот?-Ако долго време ништо не се случува, проработува десницата
се и сешто многу хепи деј ми беше денес. прво на француски детето што седеше до мене ја имитираше наставничката и она дојде и едно шамарче му плесна, и после тој другиот до нас фати да се смее, ама ептен заразно онака само како што он знае, и сите по него, и наставничката отиде и до кај него и да го мавне, овој и се тргна и оваа почна да му вика ец ец ец хахахахаххахахааххахахаха ќе умрев од смеење. после влегува едно дете и касни на час и такво влегува со рацете во џеб и наставничката нешто почна да коментира видете го сега парадира тука и овој само така ладно и рече па таков ми е стилот господе господе после тоа на математика наставничката цело време запна доста доста доста и јас како што бев окезена и ми вика доста и јас и реков бог да ја прости и сите пак ко будали се кезиме, па после нешто на едно дете телефонот му ѕвонеше и класната му вика ***** не го вади на час абе глупости
Банда гусари завзеле некое приморско село и капетанот наредува: -Доведете ми една невина девојка! Му водат една убавица,но по десет минути капетанот ја исфрла и вика: -Идиоти!Зарем не ви реков да биде невина!Оваа не е!Му водат друга. Пак истата приказна. Третата – и неја ја исфрла… На крајот капетанот разјарен излегува и го повикува неговиот заменик: -Абе говедо едно,мајтап ли си правиш ти со мене? -Ама, капетане… никој не се шегува со тебе.Првата девојка јас лично ја проверив и испадна невина.Втората ја провери Џим,а третата ја проверивме двајцата заедно, за секој случај.Бива ли така – да не ни веруваш?
Луѓето кои се фатиле како слепи за стап,колку повеќе се трудиш да им објасниш толку по будала те права. За по толку нервози на крај почнам да се смеам, и солзи да ми течат....просто ги жалам.
Видеово, леле не можам да престанам да се смеам http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 6CKF3DQT_o
Бесплатно е смеењево, осмелете се, стиснете плеј на видеово! http://www.youtube.com/watch?v=GhJxcUwf ... r_embedded Се радува дека во некоја скопска кафеана каде ја викаат оваа да пее (мора да е `Деспина`), имало дефицит од нејзините постери. Ах бе жено божја, луѓето нејќат ни на минување да те погледнат, не да те слушаат и гледаат цела вечер. Ах, ах, ах ... Грев се и овие што ја прашуваат, а оваа што им одговара е прича за себе.
децавааа лелелел лудилооо сеее Spoiler http://on.net.mk/risajkl-bin/detski-shkolski-biseri-20 Детски школски бисери 2.0 Што е комунизам? - Тоа е пуст остров за непливачи. - Тоа е само за возрасни. Децата од тоа ги боли стомак. - Тоа го имаше дедо ми кога беше луд и млад. - Јас немам комунизам зашто редовно пијам млеко. « врати се назад Share Што најмногу сакаш да јадеш? Најмногу сакам да не јадам. А кога морам кажувам дека не сум гладен, дека ме боли срце, уво и дека имам крајници во стомакот. Што сонуваш? Сонувам разни соништа во боја. Еднаш сонував дека сум голема и дебела. После се разбудив и добив ќотек. Мама рече: ова не е постелата на дедо во која можеш да мочкаш кога сакаш. Не е убаво да се сонува. Тоа го прават само тие што одат во многу одделенија и носат кравата, а после одат кај тато и бараат пари. Што е карактер? Тоа е спорт. Брат ми е карактерист. Тоа го видов во зоолошка. Има рогови, ама нема опашка. Што е дрога? Дедо ми се дрогира. Тој е дијаболичар и секој ден си зема дрога од шприц. Што е аеробик? Тоа е сточен аеродром. Кога трчаш со музика а не си балерина. За да добиеш аеробик мора да си многу дебел. Во тоа веруваат само грдите тетки. Што е национален интерес? Тоа е нешто што постојано се издава. Нашите соседи го имаат, а ние го имавме ама им го дадовме на нив. Што е комунизам? Тоа е пуст остров за непливачи. Тоа е само за возрасни. Децата од тоа ги боли стомак. Тоа го имаше дедо ми кога беше луд и млад. Јас немам комунизам зашто редовно пијам млеко. Што е доктор на науки? Тоа е доктор што ја лечи науката. Тоа е оној што не носи бел мантил туку одело, па е смешен. Тој не ти вика да отвориш уста и да кажеш „аааа“, само тој зборува. Тоа е некој што се маскира, па не знаеш дека е доктор. Што е култура? Тоа се сади на село, па после се продава во град. Тоа се добива дома и се носи каде и да одиш. Што е геноцид? Тоа се оние филмови што ги даваат после полноќ. Тоа е нешто што го наследуваме од мама и тато. Геноцидот е нешто за што постојано се зборува, а е во врска со некој град од сребро.
вицов од другарми Жената му вели на мажот; - Миличок наскоро ќе бидеме тројца! - Навистина? Колку сум среќен! - Да, мама се скарала со тато и ќе дојде да живее кај нас !!!
Секој ден дневна доза со Изет Фазлинович и нема промашај! Расположение на завидно ниво. Ама денес се насмеав и на неколку интересни пораки Birdy birdy in the sky dropped a poopy in my eye, I don't worry I don't cry, I'm just happy that cows can't fly! If i need "Brain Transplantation" I will prefer your brain... don't think that you are a genius.......... i need a brain which is never used before ><((> I send this fish as a sign of friendship Plz take care of it & keep it in mobile & daily put ur mobile in water so that fish wont DIE Fact about women: They can see a hair of a girl on their husband’s coat from 20 meters, but can’t see a pillar from 2 meters while parking a car . . . what do u call a person who cannot hear anything? u can call him anything, because he cannot hear anything
Фиги, сега го видов твојот пост, ко што бев изнервирана, ме разположи, се изнасмеав. Сега во видов баш и првиот дел. Spoiler http://on.net.mk/risajkl-bin/detski-shkolski-biseri Повеќе ја сакам сестрата на мама од мојата. Она ми е тетка, а мојата не ми е ништо! На мајките не треба да им се дереме, они се корисни. Баба е дебела зашто е полна со љубов. Кога ја болат забите, баба само ги остава во чаша. Девојчињата не мочкаат стоејќи зашто немаат за што да се држат. Веќе немам баба, ја посадија на гробишта. Не знам колку години имам, тоа постојано се менува. Папата живее во Вакуум. Кравите не смеат брзо да трчаат, за да не го истурат млекото. Баба ни отиде на оној свет. Сега и ние имаме некој во странство. Кај нас мажите можат да се оженат само со една жена. Тоа се вика монотонија. Аквариумот е мало стаклено море кај што живеат домашни риби. Сите кучиња сакаат вода. Некои до толку што живеат во неа. Тоа се морски кучиња. Најкорисно животно е свињата. Од неа можеме да употребиме сè, месото од напред и позади, кожата за чевли и името за пцуење. За да биде добра, медицинската сестра мора да биде потполно стерилна. Колку е човек постар, забите му се поскапи. Полуостров е остров што уште не е направен до крај. Алиментација е плата за децата кога таткото ќе се отсели.
Постот на Елена погоре и братучедка ми, ми кажува за ќерка и. Имат една слика ммоче и девојка како се бакнуваат, ама стои на земја на ѕидот потпрена. И внукичка ми земаја, легнала рз неа и почнала на ја бакнува сликата. Ама она како го кажува, ма се помочав. Ја држев помалата внукичка во раце и седнав на фотељата, ама на тоа од страната како потпирач што е, и како се преобрна фотељата и јас бап на газ си седнав а овоа маленкото само се смее.