Мене денеска ме насмеа еден мој другар којшто дојде кај мене малку на гости под гас бидејќи синоќа на журка испил едно пиво,па затоа беше многу весел и поетски настроен и ми рецитираше поезија и понова и постара негова поезија бидејќи тој си пишува песни уште од средношколските денови,само книга нема објавено уште,па сака јас да му бидам лектор бидејќи знае дека јас сум и била лектор на една моја другарка и колешка од факултет поетеса!Исто другар ми и многу убаво пее,па малку и ми пееше песни од неговиот омилен бенд што ги слушавме на јутјуб!А,пак,кога стана да си оди малку се клатеше во одењето бидејќи уште не му изветреало пивото од синоќа!Навистина многу ми го разубави денот со смешните и весели глупости негови!И дај Боже,другпат некогаш кога повторно малку ќе биде под гас пак така да ми го разувави и развесели денот!
Едно гостинче имавме, годинка и неколку месеци. Се прави фраерче. Ги пикнал рацете во џеб. Арно ама, левата рака во џебот од панталоните, а десната рака во џебот од дуксерчето. Се шетка онака неурамнотежен, навален на лево, не сфаќа зошто му се смеам. Не сконта дека во погрешен џеб му е едното раче.
Зошто да бидиме дебели кога можи да бидиме недебели. хахха го имаше ова на некоја интернет страна на која рекламираа производи за слабеење.