http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=13 растурат децава насловот на песна најоргинален
R.I.P. English...Значи,според ова,секој може да биде битбоксер Башка и камерата си ја испоплука... http://www.youtube.com/watch?v=FyTuuLJst1E
Тато и мама. Пар под сунца ѕвездама,ко што би рекле луѓето со многу лајкови на Фб статусите. Си се бањкаат во ензерото (во Охрид сме сите фамилијарно) со едно како перниче за во вода,и од некоја причина,ние го викаме двосед. И мајка ми лежеше над него и го криеше да не ја види газдата од апартманот кај што сме затоа што си ја украде од него (thug life жена) И се свитка скроз,перничето и беше под стомак и беше навалена,па и се гледаше газот. И го прашува татко ми: - Ми се гледа двоседот? - Не,ама двосерот ( мисли на газот) ти е на ЛЦД.
Понекогаш одам кај братучед ми во бутикот да ги сменам кога одат по роба.Е денес бев таму и ја викнав другарка ми да дојде на кафе,но требаше нешто да одам до продавница викам ти биди овде јас веднаш доаѓам.Арно ама по патот една ме удри несакајќи со задникот беше наведната некако,па и ми вика на цел памет внимавај малку мила,ее ме изнервира .И се враќам јас во бутикот кога почнав да пцујам ,гледам другарката само ме погледна,што да видам две жени во бутикот си разгледуваат.Ми идеше да пропаднам во земја.
Сестричка ми. Поголем леџенд од Џон Леџенд е. Си се шеткаме со неа и со мама,од сабајле,пред да фати вруќината и поминува еден дедо со едно многу слатко кученце. И мајка ми застанува се наведнува го гали: - Леле,види какво кученце,како човече! И леџендава пред дедово: - А дедово како куче. Не знам што и текна,фин дедичко си беше,ама каков burn беше тоа,ау ау
Има една слика на фб како седат двајца мајмуни. И едниот мајмун и вика на другиот( кој според сликата изгледа е женка.): - Зашто си ме избришала од фејсбук? И мајмункава му вика: -Зошто си мајмун.
Мама ѕверката Сите дома сме шљакнати тоталка. Ја напнував со Лана Дел Реј вчера,и пуштав песни,и си ја пеевме ultraviolence. И сабајлево,одам до продавница и ми кажува што да купам,леб јогурт ова она и улошки always ultraVIOLENCE
Татко ми. Си стојам во ходник пред огледало и си се гледам така во огледало а во рака имав ножичка од тие ептен малите што се за конци за на школо ми треба поточно за пракса. И си ги гледам шишките и гледам некои влакненца ми штрчат и си викам ај таман со ножичката ќе си ги скратам. А татко ми јаде лубеница и ме гледа низ вратата и ми вика "Елена ако треба да одеш на бербер кажи ми ќе ти дадам пари .. " Јас да одам на бербер?