Маж и жена се одлучиле да одат на одмор на езеро познато како рај за риболовците. Мажот бил мераклија за ловење риба посебно во раните зори... ...а жената сакала да седи во мир и да чита книги. Едно утро, после неколку часа риболов, мажот се вратил во куќичката и решил да дремне, а жената тогаш се решила да се прошета со чамче по езерото иако сама баш и не се снаоѓала добро. Го запалила моторот и го одвела чамецот на едно осамено место, го фрлила сидрото и продолжила во тишина да ужива во својата книга. По некое време се појавил риболовниот инспектор со својот чамец и се доближил до чамецот на жената: - Добро утро госпоѓо. Што правите? - Читам книга – одговорила таа (и во себе си помислила „зарем не е очигледно?!“) - Се наоѓате на делот од езерото кој е забранет за спортски риболов, ја информирал инспекторот. - Жал ми е господине, но јас не ловам риби. Јас само седам и читам книга. - Да, но во чамецот го имате целиот прибор кој е потребен за ловење и ако се прашувам јас, вие можете да почнете да ловите риба во секој момент. Ќе морам да ве однесам до станица и да поднесам пријава против вас, рекол инспекторот. - Ако вие го направите тоа, тогаш знајте дека и јас ќе поднесам пријава против вас, но, за силување – му одговорила жената. - Но, јас не ве ни допрев!? – рекол инспекторот. - Да, но вие го имате целиот потребен прибор и ако се прашувам јас би можеле да почнете да ме силувате во секој момент.. - До видување госпоѓо и уживајте во овој убав ден! Наравоучение: Не се расправај со жена која чита. Многу е веројатно дека таа умее и да мисли.
Муабетите на едни дечки што седеа на клупа близу до мојата. Пукнав од смеење, се отепаа тресење зелени. Еден вика: "Абе каков експерт е тој, да прднеш ќе ти каже што си јадел."
Имаше на времето еден голем, море како голем, ултра популарен хит со ненормален текст, ми текна денес па ја пуштив песната на yt и не ми се верува од каде ми тој памет уште да ги памтам стиховите, па што стихови беа, леле Стојне! `Води ме в њакоја фатална крчма ... всичко живо да ни псува, од целуфките ни бјасно да реднува, бјасно карај на чрвено (ова мислев да ја е*е додека има добиено! ), направи за мене нешто откачено, нешто диво, нетипично, всеедно какво е, нека е различно ооооооо да полудем тази ношт`. Леле јазиков им е урнебес! http://www.youtube.com/watch?v=5qgw8XWc2F8
Сестра ми, со нејзиниот „дизаепам/дизајепам“. Ја испозафркавав. Никако не може да научи диазепам. Абре јас сум им дома логопед, за татко ми пред се, после сестра ми.. Ма има сите да ги ставам во ред. И овој со Бетменот (Букефал), и оваа другава. Пред некој ден ми читаше англиски, ауууу...
http://www.youtube.com/watch?v=nPWxAnNcgc4 Ако гледате Fashion Police на Е! и ако ја знаете Call me maybe тогаш ова е видеото за вас
КОМЕНТАТОРСКИ ГАФОВИ! http://www.fakulteti.mk/news/11-07-07/k ... afovi.aspx Се згазив од смеење значи! -Да видиме акција на Вардар, еве го Панчев, Панчев по левата страна , панчев по левата страна , па што к.р бара Панчев по левата страна... -И Ралф Шумахер не му даде на Михаел да го помине. Ќе лета некоја заушка. Погледнете го лицето на Михаел Шумахер. Како некој да му ја изорал нивата. -86 светско првенство во ракомет во Швајцарија...и драги гледачи тука гледате многу знамиња, од кои најзастапено е знамето на Црвениот Крст (беше прогласен за југословенски гаф на годината)
„Сакам да нуркам, бидејќи сите под вода молчат. Нема гравитација и има добри риби“ - Тошо Малерот во интервју за Капитал