Мајка ми колку што може да ме насмее не може никој. Си седиме денес во соба и на телевизија почнува песна од Бијонсе. Ја гледа мајка ми и вика "Колку е убава оваа Бијонсе, како може со оној Ди џеј, Ди зеј да биде" И јас и викам "Каков Ди џеј мори жено, Џеј Зи се вика" и таа: "Добро де што е битно како се вика, битно е дека не се добар пар"...
Баба ми да ми е жива уште 100 години ама денеска мислам ми го продужи животов со смеење. Фатила сабајле да ми раскажува сон. Посакувам да можев да го доловам баш она како што си го кажува ќе беше поживописно Ми вика одам по еден пат и ете ти гледам една жена целата црна. Кога и се доближувам гледам тоа баба ти (ај да ја наречеме Петранка) била. И јас и викам како црна? Косата и е црна? - Абе црнаа од глава до пети. Јас: Облечена е во црно? И баба ми на ова абе црна како црнкиња!!! И ај океј се подприбрав тука од смеење, ми вика па уште се облекла во едни танга гаќи и прлсук. И викам Петранке што правиш? И оваа ми вика како што правам? Па работам како стриптизерка! Не собра еден ти не знаеш колку ни плаќа да играме. Е тука веќе не можев да издржам, посебно зошто дотичнава Петранка што баба ми ја сонувала е стара возрасна жена